Конфликтот во Сирија

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Разузнавањето и пропагандата на Москва се огромни наспроти малиот султан, за воена моќ не станува ни збор
 
Руски воен авион со 91 патник се урна во Црното Море
Авионот полетал од Сочи кон сириската воена база „Хмејмим“ кај Латакија, каде се стационирани руските сили вклучени во операциите во Сирија.

МИА ● 09:06 25 декември 2016 ●

Авион од типот Ту-154 на руското Министерство за одбрана со 91 патници и членови на екипажот се урна денеска во водите во источниот дел на Црното Море, јави ТАСС.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека спасувачките служби утрово на шест километри од брегот крај рускиот град Сочи откриле тркало од урнатиот авион и поголема дамка од масло, кон каде се упатени повеќе бродови и чамци.

Во време на уривањето, во авион имало 83 патници и осум членови на екипажот. Меѓу паниците биле повеќе воени лица, новинари, како и челнови на ансамблот за народни песни и ора „Александров“.

Авионот полетал од Сочи кон сириската воена база „Хмејмим“ кај Латакија, каде се стационирани руските сили вклучени во операциите во Сирија.

Причините за уривањето на авионот засега не се познати. Според извори од аеродромот во Сочи, во време на исчезнувањето на авионот од радарите во реонот преовладувале „добри метеоролошки услови“.

Неименуван извор од Министерството за одбрана за руските медиуми изјавил дека најверојатна причина за уривањето на авионот е технички проблем или пилотска грешка.
http://plusinfo.mk/vest/99738/ruski-voen-avion-so-91-patnik-se-urna-vo-crnoto-more
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: AL.
Штета!Како што разбрав, шеесет и четири членови на извонредниот ансамбл „Александров" загинале во стравотната несреќа.Останатите се дел војници, дел новинари, и осуммина членови на екипажот.Навистина голема трагедија.
 
Инаку навистина чудно. Амбасадорот се убива во Турција. После 1 ден, еден руски дипломат се застрела во Москва. Па потоа после неколку дена се урна руски воен авионот со 91 жртви. Од друга страна САД и ЕУ одлучија да продолжат санкциите и понатаму против Русија. Некои големи сили оперираат на големо.
 
На ваков пост би рекол дека малце има смисла, ама кога ќе видам кој го постира и одма обратното го мислам
 
Многу повеќе од неколку села земаа Курдите, ете веќе се на прагот на Табха и ништо чудно до крајот на годинава да ја завземат. И колку што ги пратам случувањава само еднаш тргнаа кон Рака од Северниот дел и истата операција беше прекината оти баш тогаш се случи нападот на Турција/ФСА кон Курдските позиции во Тал Рифат како и близу Акхтарин

За Мосул да сеуште е далеку од комплетно ослободување ама има напредок и нема потреба да се брза, во ситуација кога ИСИС има на секој кош спремни бомбаши самоубијци

Ете Турците во Ал Баб веќе навлегоа, само прашање на време е кога ИСИС ќе почне да се повлекува

Ќе видиме како ќе се покажат Курдите во завземањето на Табха, засега лесно им беше да освојат пустински предел со неколку села и воздушна поддршка.

Мосул е веќе пораз за Ирачаните. Огромен број на војска изгубена од почетокот на офанзивата илјадници цивили елиминирани внатре во градот, комплетно погрешна тактика да се удри прво на градот па потоа околните региони.

А Турците... хаха, ете влегоа па излегоа. Им доставија оружје, тенкови и се повлекоа.

Очигледно борбата против ИСИС не е воопшто лесна како што очекуваа сите страни.
 
Изгледа ќе им се случи на Турците истото што им се случи на Саудијците во Јемен. После година и пол и скоро никаков напредок имаат изгубено стотици војници и стотици тенкови, оклопни возила, бунтовниците им навлегоа на Саудиска територија, авијацијата им е неефективна, а конфликтот е далеку од решен, и да биде решен тоа тешко дека ќе биди во корист на С. Арабија.

А замисли Турциве уште се немаат пробано со Курдите...
Еве како минат Турците во Ал Баб
http://www.pravda.rs/2016/12/23/evo...apadu-na-al-bab-spisak-oruzja-i-tehnike-foto/
Добро ги удриле по џебот ...
http://heavy.com/news/2016/12/new-i...h-execution-wilayat-halab-aleppo-syria-video/
И ова е нешто за + 18
 
Ќе видиме како ќе се покажат Курдите во завземањето на Табха, засега лесно им беше да освојат пустински предел со неколку села и воздушна поддршка.

Мосул е веќе пораз за Ирачаните. Огромен број на војска изгубена од почетокот на офанзивата илјадници цивили елиминирани внатре во градот, комплетно погрешна тактика да се удри прво на градот па потоа околните региони.

А Турците... хаха, ете влегоа па излегоа. Им доставија оружје, тенкови и се повлекоа.

Очигледно борбата против ИСИС не е воопшто лесна како што очекуваа сите страни.
Освен ирачаните на никој не му се брза за расчистување со ИД.
Ако падне Мосул, американците ќе треба во голема мера да се повлечат од Ирак и целото подрачје, ќе немаат оправдување за присуство.
Турците додека војуваат повеќе гледаат на десно што се случува. Ако успееа во Ал Баб ќе требаше да одат на Рака. Тоа ќе значи да се поништи силата со која досега соработуваа и искористуваа. Ако го задржат просторот, сириската армија, сирискиот народ од тој простор, по некое време, година, две ќе започни војна за ослободување од турската армија потпомогнато со меѓународното право.
Курдите го имаат она за кое војуваат, што ќе им е Рака. СДФ се чудам како и воопшто нешто успеале да освојат. Тоа е прикрпена армија, составена со цел само да овозможи американско воздухопловно присуство демек за нивна воздушна поддршка во борбата против ИД. Гледаш и Русија и Сирија ништо посебно не се натаму насочени, освен заради моралното значење на Палмира.
ИД можи да удри овде онде, поттикната од некого заради нечиј интерес, ама сеуште никој против ИД не ги игра јаките потези. Ако ИД е силна ќе освоеше и нешто повеќе од пустината. Освен Мосул сѐ друго што држат е пустина.
 
Цццц...живи ги запалија еј не ни го догледав видеото не можев....страшно....

Иначе каква опрема имаат Исис еј,од чизми,штитови,далечински управувачи,
па се до синџири,кафези.. све најново.
 
Освен ирачаните на никој не му се брза за расчистување со ИД.
Ако падне Мосул, американците ќе треба во голема мера да се повлечат од Ирак и целото подрачје, ќе немаат оправдување за присуство.
Турците додека војуваат повеќе гледаат на десно што се случува. Ако успееа во Ал Баб ќе требаше да одат на Рака. Тоа ќе значи да се поништи силата со која досега соработуваа и искористуваа. Ако го задржат просторот, сириската армија, сирискиот народ од тој простор, по некое време, година, две ќе започни војна за ослободување од турската армија потпомогнато со меѓународното право.
Курдите го имаат она за кое војуваат, што ќе им е Рака. СДФ се чудам како и воопшто нешто успеале да освојат. Тоа е прикрпена армија, составена со цел само да овозможи американско воздухопловно присуство демек за нивна воздушна поддршка во борбата против ИД. Гледаш и Русија и Сирија ништо посебно не се натаму насочени, освен заради моралното значење на Палмира.
ИД можи да удри овде онде, поттикната од некого заради нечиј интерес, ама сеуште никој против ИД не ги игра јаките потези. Ако ИД е силна ќе освоеше и нешто повеќе од пустината. Освен Мосул сѐ друго што држат е пустина.
Го изоставаш фактот што ИД се борат против четири непријатели на четири фронта и се држат прилично добро. Загубите на непријателите на ИД се големи. Можеби губат територија, но воопшто не ја даваат лесно.

Инаку, зошто Турците би жртвувале толку многу за територија што знаат дека ќе им ја предадат на Асад?
Американците се веќе на големо повлечени од Ирак, освен што држат неколку бази и не држат тешки вооружувања. Ирачаните заедно со Курдите имаат стотина илјади луѓе во битката за Мосул, како е тоа стратегија на небрзање?
Курдите мораат да напаѓаат, затоа што во спротивно ќе бидат напаѓани. Мораат да ја искористат Американската поддршка додека ја имаат и да ги притиснат ИД што е можно повеќе. За нивната армија мислам дека не треба да станува збор, одлично се вооружани, одлично се истренирани, а веќе имаат и големо искуство.

И за најбитниот дел, Палмира и се источно е причината заради која Русите се таму. Доколку некој друг што не е Асад го контролира тој дел и доколку тој дел добие некаква не зависност тоа ќе значи зелено светло за евентуален Катарски гасовод, што е и причината заради која Русија е во војна.
 
Добар авионов од 80тите ...
Ова е уште еден доказ дека русите се многу заостанати со технологијата во споредба со САД. Катастрофа се уште се користат авиони од 80тите.:facepalm:
 
Па фала богу, секогаш кога ќе се појави ваква личност (дете) и чим забележам дека американските (и другите мејнстрим) медиуми не ја вадат од уста, знам дека некој стои позади целата таа приказна.

Јас не оспорувам дека девојчето е од Алепо, дека куќата можеби и е разурната, дека е иселена од тоа место итн... ама начинот на кои мејнстрим медиумиве квичат за нејзе, а притоа и лажат за нејзиниот приватен живот, е тоа никогаш нема да можам да го смислам. Говеда од луѓе. А ако е точно ова за родителиве на девојчево и нејзините блиски дека биле на некој начин дел од ИС, ондак немам зборови....

фала богу што денес постои интернетов, па сами може да се информираме... не живееме во 90'тите па единствен извор на информации да ни биде CNN и BBC
 
Г
Американците се веќе на големо повлечени од Ирак, освен што држат неколку бази и не држат тешки вооружувања. Ирачаните заедно со Курдите имаат стотина илјади луѓе во битката за Мосул, како е тоа стратегија на небрзање?
Курдите мораат да напаѓаат, затоа што во спротивно ќе бидат напаѓани. Мораат да ја искористат Американската поддршка додека ја имаат и да ги притиснат ИД што е можно повеќе. За нивната армија мислам дека не треба да станува збор, одлично се вооружани, одлично се истренирани, а веќе имаат и големо искуство.
.
Американците веќе се вклучуваат во битката за Мосул.Досега се држеа настрана, но со случувањата на теренот и новиот план кој се коваше овие денови од страна на ирачките власти, тие најверојатно ќе војуваат во Мосул.Инаку, имаат тешко вооружување во Ирак, секако не какво што имаа пред да се повлечат.
Курдите го исполнија својот план во операцијата за освојување на Мосул, со тоа што ги завземаа сите области кои им беа цел, на исток и северо-исток, а претежно населени со курди-езиди и христијани.Тоа се деловите кои треба да бидат инкорпорирани кон курдскиот автономен регион.
Ако беа вклучени активно во градот, резултатот ќе беше сосема поинаков.Ирачката армија е релативно потрошена од неколкуте тешки битки што ги водеше, исто така бројот на загинати припадници на специјалната единица ''Златна Дивизија" веќе е доста голем, а таа единица е најдобро обучена за ваков тип на борба.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom