Конфликтот во Сирија

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Исламскиот Калифат нема да удри на Католиците и на Ватикан, туку на Православните
Објавено во: Вести Автор: Фаланга Датум: 07 Септември, 2014

Ердоган во својот постизборен говор како градови во регионот кои исто така треба да ја слават неговата победа посебно ги наведе Босна и Сараево, Македонија и Скопје, Косово и Приштина, па така ги нацрта границите на посакуваниот Калифат.

kalifat1.jpg







Србија се наоѓа на удар на уште една сила која ја сонува Калифатот, но со сосема друга перцепција да го обнови Отоманското царство, пишува Оливер Вуловиќ од српски Факти.
Ердоган во својот постизборен говор како градови во регионот кои исто така треба да ја слават неговата победа посебно ги наведе Босна и Сараево, Македонија и Скопје, Косово и Приштина, Санџак и Нови Пазар, па така ги нацрта границите на посакуваниот Калифат.
Основањето на Исламските држави, иако изгледа хаотично, некотролирано, дури и комично, не е нималку наивно во поглед на индината на опстанокот на Ирак, но и мирот и стабилноста во арапскиот свет.


Политичката состојба во Ирак и на Блискиот исток секој момент станува се покомплицирана, а иднината на Ирак како целосна држава е знак прашање. На тоа придонесе и наглиот успех на Исламските држави Ирак и Левантот. Пред неколку денови ИСИЛ официјално го промени името во Исламска држава, прогласувајќи го т.н. исламски калифат на територија на освоените делови на Ирак и Сирија кои ги контролира. Својот лидер Абу Бакар ал Багдади Исламската држава ја прогласи калифат на политички и верски лидер, на сите муслимани. Ваквиот развој на состојбата, иако на прв поглед изгледа хаотично, некотролирано, дури комично, не е нималку наивно во поглед на индината на опстанокот на Ирак како целосна држава, но и за мирот и стабилноста во арапскиот свет.

Точно е дека границите меѓу државите ги нацртаа колонијалните господари Англичаните и Французите, во почетокот на минатиот век, но во текот на изминатите 100 години во Ирак, Сирија, Јордан и други земји од регионот, сепак се создадени национални идентитети кои денес постојат. Исламската држава претставува закана не само за границите, туку и на тие идентитети, но и на историското, цивилизациското и културното наследство на народите на тие земји, кои Исламската држава не ги признава и кои сака да ги искорени, со оглед на неговото екстремно и редукционистичко толкување на исламот и поимањето на државите и општествата.

Во текот на изминатите 100 години во Ирак, Сирија, Јордан и другите земји од регионот сепак се создадени национални идентитети кои денес постојат.

За настанокот на Исламската држава може да се зборува и како за замислено сценарио на некои глобални центри на моќ, со финансиска поддршка од петродоларите, кои сакаат создавање на тотален хаос на Блискиот исток и предизвикување на уште поголема братоубиствена војна меѓу муслиманите, а доказ за тоа е и незаинтересираноста на западните сили, пред се на американската администрација.

Да се сетиме дека САД брзо реагираше во 1991 година, кога Садам Хусеин, извршувајќи инвазија на Кувајт, ги повреди меѓународните граници, а дека кон проблемот на повредата на границите на двете суверени земји на Блискиот исток, таа иста сила се однесува ноншалантно денес.

Иран и проиранскиот режим во Багдад ја обвинуваат Саудиска Арабија и нејзините заливски сојузници, членки на Заливскиот совет, за соработка, дека финансирајќи ги екстремистичките сунитски формации во Сирија и Ирак, придонеле за создавање на успех на Исламската држава. Ваквите тврдења можат да бидат точни, со оглед на тоа дека оваа земја се плаши од зголеменото влијание на Иран на Блискиот исток, кој го гледа како директна закана за сопствениот опстанок, а посебно се плаши од влијанието на Иран на нејзината шиитска популација, која е концентрирана главно на истокот на земјата, во региони каде се наоѓаат најголемите наоѓалишта на нафта.

Во тој контекст војните во Сирија и Ирак можат да се гледаат како индиректен судир на Иран и Саудиска Арабија за геополитичка доминација на Арапскиот залив, но и на Блискиот исток во поширока смисла. Овој судир во последните неколку години стана уште повидлив, посебно по појавата на САД во поместувањето на нивните сили на Исток, кон Пацификот, бидејќи Блискиот исток повеќе не е на врвот на листата на геополитички приоритети на САД. На тензиите исто така придонесува слабеењето на американската глобална економска и воена моќ, а чија причина е растот на Кина, Индија, Иран, Русија и Бразил.

По повлекувањето на американските трупи од Ирак, Иран го пополни вакуумот кој Американците го оставија и буквално загосподарија со Ирак, со што влезе длабоко во арапската територија. Голема одговорност за настанокот на Исламската држава има и ирачкиот режим на премиерот Нури ал-Малики, кој на власт дојде благодарение на поддршката на Американците и што е уште поголем парадокс, благодарение на поддршката на Иран. Факт е дека интересите на Иран и САД во Ирак во еден момент толку многу се приближија, па дојде до нивно поклопување.

Иако неодамна дојде до приближување на САД и Иран, влијанието на Техеран во Ирак стана неприфатливо за САД и тоа поради заканата на Иран на американските сојузници, Саудија и Израел.

Покрај тоа режимот на Малики одби да го потпише договорот за задржување на значителен број на американски трупи на територијата на Ирак, така американската администрација сепак се одлучи благо да реагира на походот на Исламската држава, иако вети да пружи поддршка на Малики.

Незадоволството на сунитите од ексклузивистичката секташка политика на режимот на Малики, достигна такво ниво што обичните граѓани на некои ирачки провинции, вклучувајќи ги и поранешните поддржувачи на режимот на Садам Хусеин, па и традиционалните племенски водачи, припадници на ИСИЛ, ги дочекаа како ослободители.

Погрешната политика на САД кон Ирак, намерното фаворизирање на шиитското мнозинство и поттикнувањето на религиско-секташка политика во управувањето на државата, и тоа како придонесоа за настанок на Исламската држава. Не е исклучено дека се работи и за стратегија на американската администрација за поделба на Ирак на три етнички и верски држави, темелени на матрицата на поранешната административна поделба на Ирак за време на Османската управа – Мосул, Багдад и Басра. Ако дојде до поделба, тоа ќе се случи со прогласување на независност на Курдистан. Претседателот на Курдистан Масуд Барзани тоа веќе го наговести.

Властите во Ирбил тоа нема да го направат без претходни консултации со Иран, Турција и САД, бидејќи за тоа ќе мора да добие нивна, макар и премолчена согласност, а режимот на Малики во Багдад тоа нема да може да го спречи, бидејќи се плаши за опстанок, со оглед на тоа дека голем број шиити, посебно нивниот верски водач Ајатолахот Систани е против неговиот трет мандат.

Исламската држава својата власт на територијата на Ирак не може да ја замисли без Багдад како престолнина, така да не е исклучена битка за Багдад ако не дојде до меѓународна интервенција. Ирачките шиити ќе направат се да го задржат јужниот дел на Ирак, каде се наоѓаат Најаф и Карбала, најсветите места на шиитските муслимани и секако пристаништето Басра, каде се наоѓаат најголемите наоѓалишта на нафта. Со тек на време, тоа ќе стане порта на Иран, а сунитската територија на Ирак вазал на Саудиска Арабија. Курдистан, бидејќи има одлични односи со турската Влада изминатите години, ќе стане зависна од Турција.

Со воспоставувањето на т.н. исламски калифат на Иран се стеснува просторот на делување во Ирак и Сирија и ја отежнува директната територијална врска со неговиот сурогат во Либан, Хезболах.

Дека тоа сценарио одговара на некои регионални земји сведочи и отворената поддршка на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за прогласувањето на независноста на Курдистан. Израел од поделбата на Ирак исто така ќе профитира, бидејќи во Курдистан од кој веќе купува нафта, ќе обезбеди одличен извор за снабдување со нафта. Од друга страна, Курдистан во идеолошка смисла е поприфатлив за Израел од другите земји од регионот, бидејќи секуларно е ориентиран. За Израел, Курдистан би претставувал одлична географска тампон зона против Иран. Секако, секое слабеење на проиранскиот режим во Багдад за Израел е корисно.

Со воспоставувањето на т.н. исламски калифат во Иран се стеснува просторот за делување во Ирак и Сирија и ја отежнува директната територијална врска со неговиот сурогат во Либан, Хезболах, кој претставува солиден опонент на израелската хегемонистичка позиција во регионот, бидејќи Иран преку Ирак и Сирија доставува оружје. Поради тоа на Израел му одговара новонастанатата состојба, вклучувајќи и распад на Ирак. Дури, покрај тензиите и исклучително влошените односи меѓу Израел и Турција, традиционалниот пријател на Курдите, Израел, во која живеат 200.000 Евреи од Курдистан, може во секој момент, кога и да посака да ја дестабилизира Турција со тоа што Курдите кои живеат внатре во границите на Турција, а кои не се малку, ќе ги поттикне на сецесија, посебно ако продолжат лошите односи на Израел и Турција.

Нема сомневање дека американската политика сноси голема, ако не единствена одговорност за настанокот на милитантните формации како што е Исламската држава. За тоа придонесоа и американските санкции против Ирак во минатото, нејзината агресија и воспоставувањето на шиитскиот режим во Багдад, тортурата на Ирачаните во затворот Абу Граиб, долгогодишното постоење на тортура во екстериторијалниот концентрационен логор наречен Гвантанамо на Куба, како и недоволната поддршка на плуралната демократска, умерена и рационална сириска опозиција да го маргинализира нелегитимниот деспотски режим во Дамаск.

На настанокот на Исламската држава кумуваше и Иран, најмоќна регионална сила, кој исто така лицемерно ја прифати американската инвазија и окупација на Ирак, бидејќи најмногу доби со таа окупација, со што го прошири своето влијание во Ирак. Благодарение на наведените фактори и околности создадена е франкештајнова творба на Исламска држава, со што е нанесен тежок удар на автентичниот ислам, и како на регион и како на цивилизација, а секој облик на заеднички исламски вредности на тој начин се стигматизира и се гледа со презир.

Подемот на Исламската држава ќе послужи како дополнителен повод за долгорочно неоимперијалистичко ангажирање на некои западни земји на подрачјето на исламскиот свет, а се под изговор за борба против теророт.

Најголема корист од Исламската држава може да има регионалната Влада на Курдистан, на чии лидери Исламската држава дојде како мелем на рана, а кои благодарение на воените формации го заземаа Киркук, во чија околина се наоѓа третина од ирачката нафта и кои Курди немаат намера да ја вратат во посед на режимот на Малики, но ни на Исламската држава. Што е најтрагично, подемот на Исламската држава, посебно територијалната маскарада од држава која ја основа на делови на суверени територии на Ирак и Сирија, ќе послужи како дополнителен повод за долгорочно неоимперијалистичко ангажирање на некои западни земји на подрачјето на исламскиот свет, а се под изговор дека се работи за борба против теророт.
 
- Нашиот брат од Скопје, Џелал загина како шехид. Алах го прими како шехид и ќе не обедини во рајот, пишува на страницата на џихадистите.
 
- Нашиот брат од Скопје, Џелал загина како шехид. Алах го прими како шехид и ќе не обедини во рајот, пишува на страницата на џихадистите.
Албанец од Скопје загина во Сирија

Во борбите во Сирија загина Сами Абдулахи , имам од Скопје. Он е вториот доброволец од Македонија кој го дава животот за слободна Сирија.
Претходно војувал и во Босна , Косово и Македонија. Бил имам и во Бремен-Германија
Ми звучи ко Дарданиа,да не е назначен за портпарол на ИСИС?
 
Исповед на 17-годишно девојче: Секој ден ме силува различен џихадист
Среда, 10 Септември 2014 15:39

Судбината на 17-годишната Мајат, член на Јазидите је пренесува италијанскиот весник „Република“.
siluvanje500.jpg


Мајат, која зборува англиски добила дозвола од нејзиниот киднапер да ја раскаже својата приказна но само затоа што на тој начин ќе ги повреди нејзините родители и припадниците на нејзиниот народ. Таа најпрвин ги замолила новинарите да не го објавуваат нејзиното вистинско име, при тоа признавајќи дека се срами од она кое џихадистите и го направиле.

- Дел од мене сакаше да умрам, да исчезнам под земја. Но дел од мене и понатаму се надева дека ќе бидам спасена и дека ќе можам уште еднаш да ги прегрнам моите родители, признала Мајат.

Таа и уште 40 девојки и жени членови на Јазидите биле киднапирани од ИСИС и се во заложништво во непознат град, а се проценува дека сите се на возраст од 12 до 30 години. Ги чуваат вооружени чувари.

- Што ми прават? Срам ми е да кажам на глас. Не знам како да ја објаснам тортурата низ која проаѓам, изјавил Мајат.

Според нејзиното сведоштво, во куќата постојат “три соби на стравот” во кои мажите ги силуваат и матретираат жените. Понекогаш силувањата траат и по цел ден.

- Не третираат како робови. Секој ден не даваат на нов маж. Некои од нив доаѓаат директно од Сирија, раскажува Мајат. Според извештајот на Amnesty International, ИСИС во освојувачкиот поход во северен Ирак и Сирија заробил илјадници жени и деца.

- Ни се закануваат дека ќе не нокаутираат доколку пружаме отпор. Но, многу пати сум посакала да ме претепаат до смрт. Но, тие се кукавици! Ни тоа не го можат! Многу од жените посакуваат да се самоубијат, а оние најмладите не изговарат ни збор. Понекогаш ми се чини дека ова никогаш нема да заврши. А ако заврши никогаш нема да можам да го исфрлам од глава хоророт кој ги преживеав, додала таа.

-Ми го убија телото, а сега ми ја убиваат и душата!
 
чоече тие се свети силувања, она треба да биде просветлена оти светите борци се изживуваат на нејзиното неверно тело.....
 
Албанец од Скопје загина во Сирија

Во борбите во Сирија загина Сами Абдулахи , имам од Скопје. Он е вториот доброволец од Македонија кој го дава животот за слободна Сирија.
Претходно војувал и во Босна , Косово и Македонија. Бил имам и во Бремен-Германија

933914_502722923144315_43423090_n.jpg
Rot In Piss, you piece of shit.
 
Датум: 11.09.2014, 18:51
РЕАКЦИИ ЗА ВЕРСКИОТ РАДИКАЛИЗАМ

ЖИТЕЛИ НА СКОПСКО СЕЛО СПРЕЧИЛЕ МОМЧИЊА ДА ЗАМИНАТ НА ЏИХАД ВО СИРИЈА

Жители на село крај Скопје спречиле неколку млади луѓе да заминат на џихад во Сирија, дознава „Дневник“. Во еден случај момче било буквално извадено од автобус со кој требало да појде во војна. Момчето претходно исчезнало од дома, а по извесно време било најдено во џамија во Тетово. Потоа со автобус се обидело да замине за Турција, од каде што требало да се префрли во Сирија. Но, локалните жители се обиделе да го разубедат и буквално го извадиле од автобусот. Настаните ги потврдуваат и во Kомисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

Според официјалните податоци, сите деветмина македонски државјани, кои досега загинале во конфликтот во Сирија, биле следбеници на салафистичката идеологија. Според ИВЗ, всушност, станува збор за вахабисти.

- Салафизам значи практикување на исламот какво што применувале првите три генерации муслимани вклучувајќи ја и генерацијата на пророкот Мухамед. Вахабизам е политичко движење камуфлирано како методологија за интерпретација на исламската вера. Поради камуфлажа, 80 отсто од вахабистите себеси се нарекуваат салафисти, а во суштина се вахабисти - објаснува Африм Тахири од Исламската верска заедница

Тој тврди дека вахабизмот во Македонија почнале да го шират иселеници-повратници, а подоцна и млади што се школувале во арапските земји.

- ИВЗ не располага со такви статистики каде што има повеќе или помалку таканаречени салафисти, а исто така е убедена дека не секој што војува во Сирија и во разни други војни е член на ова движење. Својот став против вахабизмот ИВЗ јавно го има кажано од првите моменти на појавување на ова верско-политичко движење кај нас сметајќи го како опасен вирус за нашето општество. Но, за жал, нашиот став не е прифатен сериозно од надлежните органи – смета Тахири.
http://dnevnik.mk/?ItemID=64A074D6180F064BB35DA92F2B641B9D
 
Датум: 11.09.2014, 18:51
РЕАКЦИИ ЗА ВЕРСКИОТ РАДИКАЛИЗАМ

ЖИТЕЛИ НА СКОПСКО СЕЛО СПРЕЧИЛЕ МОМЧИЊА ДА ЗАМИНАТ НА ЏИХАД ВО СИРИЈА

Жители на село крај Скопје спречиле неколку млади луѓе да заминат на џихад во Сирија, дознава „Дневник“. Во еден случај момче било буквално извадено од автобус со кој требало да појде во војна. Момчето претходно исчезнало од дома, а по извесно време било најдено во џамија во Тетово. Потоа со автобус се обидело да замине за Турција, од каде што требало да се префрли во Сирија. Но, локалните жители се обиделе да го разубедат и буквално го извадиле од автобусот. Настаните ги потврдуваат и во Kомисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

Според официјалните податоци, сите деветмина македонски државјани, кои досега загинале во конфликтот во Сирија, биле следбеници на салафистичката идеологија. Според ИВЗ, всушност, станува збор за вахабисти.

- Салафизам значи практикување на исламот какво што применувале првите три генерации муслимани вклучувајќи ја и генерацијата на пророкот Мухамед. Вахабизам е политичко движење камуфлирано како методологија за интерпретација на исламската вера. Поради камуфлажа, 80 отсто од вахабистите себеси се нарекуваат салафисти, а во суштина се вахабисти - објаснува Африм Тахири од Исламската верска заедница

Тој тврди дека вахабизмот во Македонија почнале да го шират иселеници-повратници, а подоцна и млади што се школувале во арапските земји.

- ИВЗ не располага со такви статистики каде што има повеќе или помалку таканаречени салафисти, а исто така е убедена дека не секој што војува во Сирија и во разни други војни е член на ова движење. Својот став против вахабизмот ИВЗ јавно го има кажано од првите моменти на појавување на ова верско-политичко движење кај нас сметајќи го како опасен вирус за нашето општество. Но, за жал, нашиот став не е прифатен сериозно од надлежните органи – смета Тахири.
http://dnevnik.mk/?ItemID=64A074D6180F064BB35DA92F2B641B9D
Директно затвор нека оди !

Ете има сведоштва од неговата фамилија дека се спремал во Сирија да оди.
 
Па само така се храбри тие, да убиват невооружени и безпомошни во грб.

алах да ги ебе!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom