Конфликтот во Сирија

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Софистицираната опрема и оружје кои ги поседуваат ирачките и сириски терористи им се дадени од Обама, за да наводно се борат против Асад. Ако по две години новиот американски претседател одлучи да влезе со војска, американските војници ќе гинат од американско оружје.

Глумењето помагање на ирачката војска со праќање на „консултанти“ и несакањето да се побара дозвола од Конгресот за да се интервенира воено, е со несогледливи последици не само врз САД, туку и врз целиот свет. Да имаа Американците републиканец за претседател, до сега ќе ја преораа Месопотамија. Три пати.

Што добиваат Американците со ограничени напади со дронови, освен поналудничави терористи кои одмаздуваат десеткратно, креирајќи опасност за бомбашки напади ширум светските метрополи?
САД,Велика Британија,Израел и Турција се најголеми виновници ова што се случува денес во Блискиот Исток, овие држави да не ги подржуваа терористите, сега сите ќе бевме многу по безбедни во светот..
 
ЛАПТОПОТ НА ИСИС
Запленет од умерени сириски бунтовници, преку локални посредници во Турција, магазинот Форин Полиси стига до лаптопот на Тунижанецот Мухамед С., поранешен фан на Селин Дион, сега посветен на џихад и масовно труење луѓе.



laptopot-na-isis-100565.jpg

На лаптопот има 146 гигабајти податоци, и на страна музиката од Селин Дион и рецептите за мус од банана, службениот дел е одбран микс од говори на џихадистички лидери, нео-нацистички фермани и упатства (меѓу кои и официјални од американската армија) за различни видови војување.

Најголемиот дел од фајловите се симнати од интернет и меѓу нив има работи како 20-минутен клип од членот на американската нацистичка партија, Курт Саксон, за тоа како можеш да направиш отровот од рицин.

Во папката "експлозиви" има под-папка "терористи" во која има уште една под-папка именува "џихадисти." Во неа има околу 206 документи, меѓу кои и публикации од западни автори како How to Make Semtex, Chemistry and Technology of Explosives, CIA Improvised Sabotage Devices и The Car Bomb Recognition Guide.

laptopot-na-isis-100566.jpg


По содржина документите не се ограничени на џихадистички видеа и публикации, па меѓу нив има The Terrorist's Handbook, The Anarchist Cookbook и нео-нацистичката книга The White Resistance Manual. Од американската армија, Мухамед има собрани 51 документ достапен на интернет, меѓу кои Sniper Training: U.S. Field Manual и U.S. Army -- Psychological Operations Process Tactics, Techniques, and Procedures.

Од џихадистички благонаклонетата литература најдени се The Mujahideen Explosives Handbook и The Mujahideen Poisons Handbook.

Лаптопот содржел и повеќе документи со опширно истражување на претходните џихадистички терористички напади. Фајлот "Ал-Каеда Ерлајнс" содржи видеа од нападите во Лондон на 7-ми јули 2005-та, и 11-ти септември во Њујорк и Вашингтон. Во друг документ од 206 страни со наслов "Белезите на Ал-Каеда" содржани се џихадистичките анализи на нападите на Бали, Мадрид, Лондон, и неуспешната акција со бомба во чевла во меѓународниот лет за Мајами.

Од џихадистичките говори, омилен лик на Мухамед му е Јеменецот Анвар ал-Авлаки, а има и од Осама, сегашниот лидер на ал-Каеда, ал-Завахири, и поранешниот лидер на ал-Каеда во Ирак, ал-Заркави.

Меѓу упатствата има и совети за тоа како да останеш незабележан додека се подготвуваш за света војна, како да се облекуваш и како да фалсификуваш пасоши. Во сите овие совети како главна опасност се провлекуваат мобилните телефони кои во еден документ се опишани како "носење подвижен шпион со тебе."

Од лаптопот се гледа дека Мухамед радикално го менува својот живот некаде околу 2011-та. Исто така има докази дека туниските власти и родителите на Мухамед биле свесни за неговата промена. На компјутерот најдена е и рачно напишана белешка од 22-ри април 2013-та од таткото на Мухамед и со печат од Министерството за внатрешни работи на Тунис. На нејзе пишува: "Сложен сум во име на мојот син Мухамед С. да ја платам цената за која било штетата што би ја предизвикал, каде и да се наоѓа."
 
15-годишна Македонка преминала во ислам и пребегала во Сирија: Не грижете се, добро сум!

Четврток, 18 Сеп 2014 | Прочитано 238 пати.

burka-islam-preminav-nasa-01.jpg


Петнаесетгодишно девојче родено во Скопје, кое со родителите пред неколку години се преселило во Лиеж, Белгија, преминало во ислам и додека било на одмор во родниот град скришно заминало во Сирија, дознава "Дневник".

Во Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека девојчето е пријавено како исчезнато, но не даваат повеќе детали за случајот, ниту за нејзиниот идентитет.

- На 15 јули во Скопје е пријавено исчезнување на девојчето. По неа првин беше распишана локална, а потоа и национална објава за потрага по исчезнато лице. Во постојан контакт сме со белгиската полиција и трагаме по девојчето – изјави Иво Kотевски, помошник на министерот за внатрешни работи за односи со јавноста.

Девојчето, родено во Скопје, со родителите и сестрата живеело во Лиеж. Таа и сестра и' речиси секое лето доаѓале во Македонија и распустот го минувале кај баба им. Годинава во Скопје дошле на 30 јуни. Двете девојки патувале сами затоа што македонските закони дозволуваат малолетници постари од 14 години да патуваат без придружба на родител. На 15 јули бабата пријавила дека девојчето исчезнало.

Полицијата почнала локална, а потоа и потрага во земјата. Биле проверени и граничните премини, но нејзиното име не се појавувало во евиденцијата на минувања на државната граница. Но, затоа се појавило името на нејзината 19-годишна сестра. Подоцна било утврдено дека тој ден девојчето заминало на скопскиот аеродром и со пасошот на својата сестра влегла во авион кој од Скопје летал за Истанбул. Невообичаено за неа, тој ден девојката се нашминкала и ја собрала косата за да личи на сликата на пасошот.

По извесно време од ненадејното исчезнување девојчето им пратило преку телефон СМС порака на родителите. Во неа навела дека го напуштила христијанството и преминала во ислам, дека е во Сирија и дека е добра. На родителите им потенцирала да не се грижат за неа.

Засега нема потврдени информации зошто малолетното девојче заминало во Сирија, дали и пристапило на некоја од завојуваните страни и каде точно се наоѓа во земјата во која беснее граѓанска војна и секој ден се бројат десетици загинати.

Истрагата што се води во Македонија утврдила дека таа за време на кратките престои во земјава немала контакти со радикални исламисти, ниту какви било слични радикални структури. Се претпоставува дека девојчето било индоктринирано во Белгија, од млади муслимани со кои се дружела, но засега нема потврдени информации каде, како и што конкретно се случувало со неа додека била на улиците на Лиеж. МВР не ги коментира овие наводи.

Ова е прв случај на македонска државјанка да замине во Сирија. Досега нема официјален податок колку македонски државјани заминале да се борат во Сирија, но официјално е потврдено дека деветмина загинале во Сирија и еден во Ирак. Сите биле вахабисти и се бореле во исламистичките групи Џабха ал-Нусра и Исламска држава. Седуммина од загинатите биле жители на скопската општина Чаир. Тројца македонски државјани во Сирија заминале од Германија и Австрија, каде што живееле. Инаку неофицијално се зборува за уште неколку загинати, но освен на фејсбук форумите нема потврда за тоа.


Извор: Mkd-news
 
Ете со што се занимаваат муслиманите ширум нормалниот свет. Врбуваат млади каурки за да чистст пиштоли по Сирија и Ирак.

Муслиманите конвертити се најлоши. Во желбата да ѝм покажат на родените муслимани коклу се доследни на религијата, забегуваат до даска. Родените муслимани го знаат ова и го искористуваат. И се смеат кога гледаат колку прости и лекомислени се конвертитите.
 
Очигледно е дека интернет пропагандата е новото моќно оружје во медиумската борба.

Ако мислите дека лесно се залажуваат 'ретардирани', гледајте како многумина ја голтаат руската пропаганда во врска со Украина.

На исти принцип работат двете, го поставуваат империјалистичкото олигархиско зло од запад како единствена причина за сите страдања во светот. Во миксот се ставаат полувистини, па и вести од онион тип на сајтови.

Форуми, блогови, портали, колку сакаш, наеднаш сите почнуваат да се борат против злото, внесуваќи смисла во својот патетичен живот.
 
Очигледно е дека интернет пропагандата е новото моќно оружје во медиумската борба.

Ако мислите дека лесно се залажуваат 'ретардирани', гледајте како многумина ја голтаат руската пропаганда во врска со Украина.

На исти принцип работат двете, го поставуваат империјалистичкото олигархиско зло од запад како единствена причина за сите страдања во светот. Во миксот се ставаат полувистини, па и вести од онион тип на сајтови.

Форуми, блогови, портали, колку сакаш, наеднаш сите почнуваат да се борат против злото, внесуваќи смисла во својот патетичен живот.
Со таа разлика што злото наречено ИД го вооружуваше САД.
 
Со таа разлика што злото наречено ИД го вооружуваше САД.
:)

Јас не реков никаде дека ИСИЛ не работи за УСА, и за Турција и за Израел :)

Јас само се надоврзав на муабетот дека, ништо не е чудно во тоа што има ретардирани еден тон, кои на интернет водат цели војни, а нечесто одат и во права војна, за овие или оние, мислеќи дека го спасуваат човештвото :)
 
Почнаа нападите, треба да очекуваме во наредниов период поголем број Албанци да ни се вратат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom