Македонскиот Претседател Црвенковски, денеска во Брисел омаше средба и со Високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на Европската унија. Хавиер Солана на срдбата истакнал дека факторот време во спорот со Атина има исклучително значење за апсирациите на Репулика Македонија кон Унијата и НАТО
Како што информираат од Кабиентот на Претседателот, Бранко Црвенковски на средбата со високиот претсетавник на ЕУ за надворешна полтика и за безбедност, Хавиер Солана, истакнал дека целта на Република Македонија е добивање датум за започнување на пристапни преговори со ЕУ.
Во однос на македонскосото зачленување во НАТО, пак, Црвенковски го искажал својто став дека државата ги исполнила сите критериуми и дека останува отворено прашањето за името. Притоа, Претседателот потсетил на самитот во Букурешт, и на тоа дека кога ова прашање ќе биде надминато, земјата ќе добие покана за членство во Алијансата.
Црвенковски на Солана му соопштил дека по прашањето за спорот околу името со Република Грција, Република Македонија е подготвена за фер и компромисно решение и дека со добра политичка волја од двете страни можно е да се дојде до решение на овој спор.
Солана истакна дека временскиот фактор е исклучително важен за Република Македонија во однос на нашите аспирации за ЕУ и НАТО. Затоа препорачал тоа да се искористи и прашањето за спорот со името брзо да биде надминато. Тој повика на конструктивност на двете страни по ова прашање. Високиот претставник додал дека процесот на реформи треба да продолжи и дека Унијата, како и досега е подготвена да и’ помага на Македонија во таа насока.
По темите што ги опфатиле случувањата во регионот, Солана потенцирал дека од страна на ЕУ високо е ценет придонесот на Република Македонија за стабилноста во регионот.