Де, де, ама никој не го буткал Ајнштајн по весници и радија како гениј. Академски бил чист просек, така да со сопствената воља и знаење на поголема возраст успеал, веќе со животно искуство. А Тесла бил надчовек и умствено си функционирал на друго ниво - не е за коментирање од нас обичните луѓе. Дај боже за човештвото дека малиот е таков гениј, ама мене ми делува дека родителите страшно го пикаат. Пред години памтам за од едно дете (чинам од Битола) шкрабаниците од корел дро што ни ги претставуваа на тв како големи дела, за него некако се замре и никој веќе не го спомнува. Не знам дали стана тој следниот Пикасо.
Ова загрижува. Во сопствената земја генијот подобро да го владее странскиот јазик?
Треба да се остави малиот да дише, во клучен период на развивање не мора да биде владин и родителски вундеркинд за парадирање, со знаења од модерната психологија не мора веќе да имаме напатени гении жртви на родители со амбиции. Сет потенцијал што малиот го нуди може да го покаже и после неколку години кога барем ќе има одредено животно искуство.