Компјутер пред секое дете! - Што испадна на крајот?

  • Креатор на темата Креатор на темата KikoMontana
  • Време на започнување Време на започнување
Стварно глупости... компјутерите ги донесоа ги наместија се убаво а не работиме на нив ЗОШТО!?!?:uvo:
 
Стварно глупости... компјутерите ги донесоа ги наместија се убаво а не работиме на нив ЗОШТО!?!?:uvo:

Или кажи го школото, па Мики ќе го праша :)
 
Или кажи го школото, па Мики ќе го праша :)
Ејјјј зашо ја да го прашам она прашува зошто не ги користеле компјутерите па јас и кажав каде да се обрати за да го добие одговорот.
 
A да отвориме една тема "Прашања до Владата", па Мики секој Понеделник да ни дава одговори ? :tv:
Зашо ја да ви давам одговири на прашања до владата има си кој таму да ви дава !!!
 
Состојбата на компјутерите по училиштата само по едно полугодие е следната...

Во 42 средни училишта во земјава недостасуваат компјутери, монитори, тастатури или пак се оштетени


kompjuteri_sredni_ucilista.jpg
Секое училиште да изготви правилник за надоместување на штетата доколку има оштетување на компјутерите од грандиозниот владин проект компјутер за секое дете, вакво соопштение стигнало во сите училишта по инспекцијата што ја направил државниот просветен инспектор. Дури во 42 училишта што е речиси половина од вкупниот број средни училишта во земјава било утврдено дека недостасуваат компјутери, монитори, тастатури или пак се оштетени.

Речиси во секој град во средните училишта недостасуваат делови од компјутерите од грандиозниот владин проект. Се краделе монитори, тастатури, глувчиња, во Скопје дури во 11 училишта, сепак состојбата е алармантна во Струга каде само во Ибраим Темо недостасуваат 52 компјутери и 171 монитор.

Училиштата треба да ги осигурат компјутерите, но за тоа потребни се поголеми финансии велат директорите. Во дел од училиштата на учениците им било кажано дека и сами ќе ја плаќаат штетата за украдените или оштетени компјутери. Спас се бара во кабинетската настава каде секој наставник е задолжен за компјутерите во својот кабинет и точно се знае кој ученик на кој компјутер е логиран. Засега компјутерите и не се користат целосно во наставата, па така освен за презентација учениците најчесто ги користат за пребарување на интернет.

Грандиозниот проект компјутер за секое дете започна да се реализира во 2006-тата година, а досега во средните училишта инсталирани се 55.000 компјутери.

http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=45331&mid=1500&tabId=1&tabindex=0
 
Значи јас за џабе ли ви ги монтирав за да ги крадете бе :tapp: еј не се заебавајте една училна за да се намести топ се потребни 6 саати :nesum:...ајде колете професорките по информатика и сите на нет :vozbud:
 
Значи јас за џабе ли ви ги монтирав за да ги крадете бе :tapp: еј не се заебавајте една училна за да се намести топ се потребни 6 саати :nesum:...ајде колете професорките по информатика и сите на нет :vozbud:

Во една училница се загледав во едно куќиште, вака на прв поглед е кул зачувано, иначе внатре е празно ко цигани да навалиле на него :vozbud:
 
A be ima edna stara pogovorka koja ubavo kazuva, ama izgleda ste ja previdele:
SAMO K....U TUGI RUKI RASTE...:)
 
Леле што испадна на крај..
Наместо учениците да имаат некоја корист од компјутерите сега ќе треба и да си ги плаќаат... :tapp:
 
Сметачки машни луѓе...овојпат, буквално се сметачки.Пази маус, пази тастатура, пази ова, пази она.Ама тетрис барем изигравме.
Нема што, утната работа.Компјутерите и понатаму си сметаат, професорите сеуште се чудат зашто никој не им кажал да работиме со нив, а па не ни знаат како се работи со нив.Ама важно е ако чкртнел некој веднаш како гладни хиени да му се нафрлат и да го натераат да плати.Јеј, и казна може ќе ти дадат.
 
Каков кикс им беше овој проект, дај некои ако ги употребуваат нека кажат за што ги употребуваат компјутерите па да им кажам јас на нашиве професори што да правиме со нив:uvo: зошто нема никаква корист од нив, уствари ИМА, со нив сега подобро се препишува на тестовите, на цел час се играат игри, се допишуваат на skype иако седат еден до друг:pop: се шкртаат монитори , мауспатови тастатури... и на крај да ги плаќаме сите штетите иако некој го чува како свој ама ај таа е. И сега оценките на сите ни паднаа надолу бидејќи сега не ги слушаме професорите што предаваат туку имаме „попаметна“ -да играме на компјутерите :kesa:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom