Колку ви значи зборот “фала“ односно “благодарам“

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Да мислам дека е јасно прашањето:

Колку ви значи зборот “фала“ односно “благодарам“?

Дали овие два збора сега имаат тежина или се изговараат во секој момент, па поради тоа нивното вистинско значење и тежина е изгубена.

Дали доволно е да се каже фала?

Дали се “задоволувате“ со фала или после овој збор следи она “памти па врати“ (во себе или гласно)?

Колку луѓето кои многу често кажуваат фала или благодарам ја сафаќаат тежината на овој голем збор, го изговараат со мозок а не само со устата?

Користољубиви луѓе насекаде, неколку пати имам кажано дека ги има многу. Поентата ми е за овие луѓе. Ќе добијам услуга ќе кажат само фала и толку, одат на следната услуга која треба да ја побараат.

И онаа општо позната констатација: „Со фала не се живее, памти па врати„. Дали луѓето знаат да памтат за услугите и за добрите работи?
Ми значи многу...али сепак се кажува и од чиста култура која многу од нас ја немаат.Лугето кои често кажуваат фала според мене ја сфакаат тежината на зборот, а дали ке изговорат со мозок или чисто колку да се речи фала тоа можам одма да го заклучам и видам.А услуги на користољубиви личности не правам,ако знам дека е таква нема шанси!А дали луѓето знаат да памтат за услугите и добрите работи...НЕ,барем некои од нив.
 
Фала....интересно кратко зборче, со кое премногу се “расфрлам“...на секое “добро дело“ кон мене, јас враќам со фала (благодарам тешко...ептен кога сакам да се изглупирам :) (ццц...глупирање стана македонскиот говор)) и секогаш кога ќе кажам фала, очекувам “нема проблем“ или нешто во тој смисол...но најчесто не го добивам посакуваниот одговор (читај:respond)....најчесто ќе кажам фала, и добивам само еден груб, ладен поглед, кој дури е и заканувачки...после тоа следува мале “само казнување“ со мавање по глава (мојата) и викање “ти ибам глупиот“....
Едноставно мразам кога некој не го поштува тоа што го кажувам, ко на врапчето да сум му зборел....па и срам ме фаќа ако не ми одговорат ништо...:kesa:
 
Добар манир.и ми значи многу кога е кажано искрено,дури и онака механички кажано добро звучи.
 
Па сигурно од ФАЛА фрижидерот дома не ми се полни, али сепак кога вреди сакам да го слушнам.
 
Па значи, доста значи, глупо е ако ти направи услуга а ти ништо ќутиш како да не било ништо или обратно.
 
Секогаш велам фала. Па дури некогаш и за непотребни работи. :toe: Но, сепак убаво звучи кога некој ќе се заблагодари од срце. Го ценам тоа многу... :wink:
 
Некогаш ми значи, некогаш не...
Вообичаено тоа зависи од човекот и ситуацијата.
 
пуно ми значи да ви кажам ! ! ! ...дури и едно формално фала...и да не биде од срце.. сепак, така сум учен и така сакам да ме третираат:smir:

зависи ..некогаш не ми е пријатен зборот од некои луѓе во некои ситуации:wink:
 
фала.. кога би направил на некој услуга, и ако не би ми рекол едно фала би ме увредило многу. фала мал збор ама има доста големо значење. барем јас така мислам. поштовање :smir:
 
Благодарам= чиста куртоазија
Овој поим нема никаква вредност, не се залажувам на зборови- потребни се дела или противуслуга,а во најголем број на случаеви изговорен е апатично или пак несвесно. Не ми значи ни тогаш кога јас го употребувам.
 
Не ми значи ништо. Ја почитувам "изреката": Од фала не се живее.
 
Се раководам по контактот со очи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom