Колку Вашето форумско име Ве отсликува како личност?

  • Креатор на темата Креатор на темата Freedom2say
  • Време на започнување Време на започнување
Сакам убава ракиичка у друштво со мезе пред ручек, сакам и потрадиционално да е послужена ( во чоканче ) но тоа воопшто не ме отсликува мене и начинот на кој живеам, ка ќе речам дек аникот мој тука не сооддејствува со реалниот јас, но не е нешто табу за мене и мое препознавање
 
Тотална спротивност :)
Кога се логирав прв пат, ми требаше нешто што нема да асоцира на мене " ни во сон ", ама од еден - два постови биднаа некои 285..
И така :pipi:
 
Неее! Ниту имам коњ, ниту боздоган, а ниту пак можам да скокам од рид на рид. Заедничкото со Кралот Марко и мојата личност е само украденото му име кое го користам како ник...а и што ќе му е нему, незнам... мене повеќе ќе ми се најде, ако за ништо друго, барем овде на форумот јас сум Кралот Марко :party1:
 
Колку Вашето форумско име Ве отсликува како личност?
- Многу.
 
Ников го добив од моите соученици во основно. Кога се регистрирав овде, прво што ми текна беше овој ник. Си го користам и за други намени сега, добро се покажа (((:
Ников не ме отсликува ни 10% од тоа што сум навистина.

Тинуле ме прави претерано мала и лигава, внимателна и полна со фрустрации. Нежна и слатко дебела (како аватарот).

The real me не е мала (физички де), а уште помалку лигава. Осорна понекогаш (изразов моите многу сакаат да го употребуваат). Директна и премногу искрена. Не тинтра никој околу неа премногу. А не е ни дебела како бебето на аватарот (:
 
Шо знам, не баш. "POWER-MKD" датира од пред 4-5 год. кога имам реметено лошо настроени грци и бугари, кои идеа контра нас. Гледано од страна, ова име ми "звучи" за некое говедо од 2 метра и 120 kg, сељачки настроено со трајболи и бричена зелка.
Кој ме познава од форумов, знае дека не сум таков :)
 
Angel затоа што сум чувствителна, наивна, лесно повредлива, повеќе се грижам за другите отколку за самата себе. Карактеристики кои често многу ми сметаат.
 
Bori_se е вокативна форма од моето име - Борис. На факултет има еден проф. кој така ме викаше (и уште ме вика), а јас на тоа стално одговарав: Се борам! Што е и вистина затоа што се борев со се што ми имаше донесено животот во тоа време.

Малку по малку се изборив со сите работи во животот така да сега остана само играта со зборови, во секој случај сега се борам за подобри нешта во животот :)))
 
Cutting Edge - кога се регистрирав на форумот немав некоја посебна идеја како да се потпишам и тоа беше првото што ми падна на памет а кое патем ми изгледаше интересно. Од друга страна пак ако размислам за тоа колку јас се поистоветувам и колку се пронаоѓам во моето форумско име тогаш тоа би било само ладнокрвноста во определени ситуации, помошта која можам да ја пружам некому кога тоа му е потребно, да повредам некого без и малку да размислам (мала шега :)), резервираноста кон луѓето и постојаното држење на определено ниво. - Јас барем така го разбирам.

cutting-edge-premieres-tonight-02.jpg
pencil.png
 
Моево BumlEbEE е очигледно од филмот мн ми се свиѓа филмот, роботот и колата... тоа можеби не кажува нешто многу за мене али тоа под него кажува... сибирец е дека јас сум од Маврово и таму ладно е сибирци... GET IT?:turn:
 
Од мал ме интересираат воречки вештини и никад не е доста секад се учи нешто повеќе.. А името Streight значи сила.. Што и да се прави никад нема одкажување
 
Од мал ме интересираат воречки вештини и никад не е доста секад се учи нешто повеќе.. А името Streight значи сила.. Што и да се прави никад нема одкажување

Strength?
 
нежна мачја природа со лавовско срце по потреба :) но сепак само мачка. обична улична мачкетина :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom