Па едно 8-9 години ама прво почнав нинтендо да играм и имав дома од нервоза сокршено едно 3-4 нинтенда. Потоа во компјутер студија почнав Cs,Delta Foce,Midtown Madnees..и други игрички.:helou:
Јас имам нинтендо уште 2-3 години кога имав. Значи негде 94/95. После купив Сони кец(не го купив јас, татко ми ми го купи), за во 2000 година да имам комплутер, со 40GB хард диск(толку мислам беше)
Ухууу уште од пред 15 години кога прв пат ми купија Нинтендо па 3-4 години подоцна компјутер и после 2 години некаде одкако излезе Play Station 2 и тоа земав (сам си го платив и го купив пошто се напалив ептен пошто имаше игра со ролери ) иако сега во последно време те. последниве неколку години не играм нешто многу...
Од 3-4 години играм на нинтендо, па у пето оделение ми купија Сони Плејстејшн 1 (а уште од предтоа висевме со другари на ТЕКЕН на кецот ) и до ден денешен играм, мада со моето РС слаби игри можам да играм ради графичката (ај процесорот гура некако, бар на лоу ќе ги фаќа и новиве)... коа ќе зеам нова графичка ќе се мерачам на сегашниве игри Значи се на се, 10-12 години стаж (ако се важи и нинтендото )
Хммммм колкав е гејмерскиот стаж... се на се 13 години. Почнав прво на нинтендо со Super Mario а еве у моментов на Pentium 4 сум на Prince of Persia најновата. Доста еволуција и во конзолите и во игрите.
Значи вака, со купувањето на мојот прв компјутер на 7 години бев просто заразен со играње до 10тата година. Стагнирав до 14тата некаде, иако одвреме навреме знаев да удрам некоја партија Fifa или Worms на Play Station. После се опседнав со кантеров до пред година дена. Сега сум слободна душа, откажав гејминг.
10 години сигурно. од прво оделение ми купија П1 ОС windows 98 со 128 рам и 64 графичка со 14 инчен монитор, јако. . Првата игра шо се заразив озбилно беше Gnomes, па тогаш обрнав на Redalert и ја играв многу многу време. од 10 години го запукаф кантерот мислам па до ден денес го играм, со некоја пауза од 1,2 години.Во меѓу време играв година време WoW, што официјален што пиратски, Fifa, Silkroad(<3), Nfs series etc.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.