Кока Кола Зеро

  • Креатор на темата Креатор на темата MyloXyloto
  • Време на започнување Време на започнување
Секогаш е добро коа се има избор,па конзумирачите ќе одберат што е добро.
Некој имаше пишано дека вештачките засладувачи се полоши него кај обичната,али ете има луѓе што страдаат од дијабетис на пример и мислам оваа кока кола со помал број на шеќери им е подобар избор.
 
and-a-diet-coke-meme.jpg


Здрава Кока Кола? :facepalm:
 
Кога излезе пред 7-8 години ја пиев во Турција(на одмор пошо сите пишите каде сте ја пиеле и зошто сте биле таму) а за вкусот воопшто не се сеќавам...и ако се сетам сосема сум сигурен дека вкусот кај нас ќе е различен од која и да е кока кола зироу од другите држави. И ак не ви е здрава неморат да ја пиете, и така сите сме нездрави па една нездрава работа плус или минус не менвит некоја работа.
 
И што е разликата од обичната Кока кола само што има помалку шеќер.
Сигурно има вкус како Пепси Макс.
 
И што е разликата од обичната Кока кола само што има помалку шеќер.
Сигурно има вкус како Пепси Макс.
Пепси максот мене ми е поблаг на вкус, има поголем концентрат на вештачки засладувачи, иначе ги конзумирам и пепси макс и кокакола лајт, ZERO ја конзумирам претежно кога сум во странство поради тоа што ја немаше овде, но добродојдена е :D
 
Знае некој точно што ќе биде ова ,гледам на фејсбук направиле и страна за таканаречениов Филип Јовановски

860509_170498686433264_98297184_o.jpg


Јас мислам е некоја нова реклама ,или некое ново пакување на лименката
 
Не дискутирајте воопшто за тоа дали едната била поздрава од другата...И едната и другата се сосема во ред, но и едната и другата се нездрави. Не може да очекувате нешто да биде „апсолутно здраво“ ако прекумерно го конзумираме, но од друга страна сигурен сум дека нема ништо да ни се случи ако повремено конзумираме зашеќерени газирани пијалоци. Лошо е да си роб на задоволствата и да станеш зависен од било што, па макар и Кока-кола. Кога веќе сме го одбрале градскиот живот и глобализацијата, тогаш со се што внесуваме си носиме и одреден ризик. Кога млекото стана штетно поради прекумерен процент на афлатоксини (кои најчесто се појавуваат поради користењето на генетски модифицирани растенија како храна за животните), како може да очекувате некој производ кој е чиста „хемија“ да биде апсолутно здрав? Ризик јак, мила душа, ама и сокчињата вкусни... :)

Ако сте поборник за здрав живот, купете си соковник и пијте го сокот одма по цедењето. Од тоа, поздраво сигурно нема да најдете. Ама да се препукувате дали било поздраво чаша со 15 лажички шеќер и тон калории, или пак ниту една калорија и вештачки засладувачи кои некаде се и забранети - стварно не ја гледам поентата. Дискутирајте боље за вкусот, цената и тн.

Јас лично никогаш не сум бил љубител на „лајт“ пијалоците. Не ради „мажествениот“ момент, туку поради тоа што имаат вкус на приватњачки сок од 15 денари / литар. Подобро ќе се напијам пола-литарка обична Кока-кола еднаш во 2 месеци, отколку секој ден да тепам „диетски пијалок“ со вкус Бонго. И претпоставувам дека вака размислуваат многу останати. Значи, не е секогаш до калориите, туку до вкусот. Баш и поради тоа мислам дека добиваме уште еден пијалок кој ќе фаќа прашина на полиците во маркетите...
 
и ја ради вкусот не ја пијам лајтот,али зерово има ист вкус ко обичната а сепак нема толку шеќери :) Така да дијабетичари навалете:D
 
Почнато е со дистрибуција по маркетите на новата кока кола,не сум во тек одамна немам влезено во поголемите маркети :)
 
Ја има само во пола литар колку што приметив, од литро и две нема. :P
 
Сепак е величенствено чуството кога ќе ти дојде нагон на ждригање од обичната кока кола,што кај зерото и лајтот некако многу лито е :pos:


Нешто што приметив кај зеро е тоа што многу ја суше устата,незнам дали имате забележано,и некако не освежува како обичната,го нема тој филинг ;)
 
не пијам никаква кока кола...само газоза прилепска :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom