Која серија повеќе ја сакате и зошто? (Fear the Walking Dead vs. The Walking Dead: World Beyond)

  • Креатор на темата Креатор на темата Io Sono Interista
  • Време на започнување Време на започнување

Вашиот фаворит?


  • Вкупно гласачи
    8
Ќе се смени дуелов или ќе чекаме да победи X-files? :icon_lol:
 
И двете ми се во топ 3 серии на сите времиња заедно со Lost. Гласав за Fringe само ради ефектите и Волтер.
 
Океј, еве само шо завршив со Фринџ.
Екс Фајлс имам гледано неколку епизоди, па не би ја коментирал.

Она шо ми остави впечаток у Фринџ не се необјаснетите феномени, Патернот, алтернативните универзуми. Беа океј приказна, ама пред се концептот беше villain of the week. Она шо ме остави у солзи неколку пати додека ја гледав, маратонски, е врската меѓу Волтер и Питер. И морам да признам оти беше прекрасна и вонвременска. И дури и кога го избришаа Петре од тајмлајнот, мислев дека оној кој заслужува да му бидат вратени сеќавањата е Волтер, а не Оливија. Но, ете повторно, врската шо у остатокот од серијата повторно се создаде меѓу таткото и синот, трансформацијата шо ја направи доаѓањето на Пере у неговиот живот ... made me speechless.
Се на се одлична серија.

Свесен сум дека Екс Фајлс е пионерска од тој жанр, и одвај чекам да најдам време да ја изгледам.
 
Иако многу мразам патувања низ време и диммензии сепак избрав Fringe бидејќи ми е поинтересна и поради Волтер.
 
Познавајќи го времето кога е правена, дефинитивно Екс фајлс мада и Фринџ рока фасцинантни се ефектите и камерата детаљ што е многу битен за сај-фај жанрот
 
Фринц е најпромашена сај фај серија што ја имам гледано. Приказната е нула, се е нула, освен тој тапа хумор на волтер
 
Се кладам дека 1/2 од оние што гласале за Fringe, не ја ни имаат гледано X-Files :D
 
Чекам јас темата да умре.. ајде ќе ја ставам стики некое време да видиме дали има уште живот во неа.

Зомбиња, духови, ангели..

Walking Dead

5eyBTqo.jpg


VS.

Supernatural

o4UbOTQ.png
 
The Walking Dead многу побрутална, пореалистична (ако има такво нешто во жанров), самиот амбиент те тера да веруваш дека стварно се десило нештото. Ама колку напорно дете тоа копиљот човече :facepalm: Кај го нашле кај го запустиле, а и Сара (Призн Брејк) ептен мрачна и стушена, не ја бива упм. Сепак, одлична атмосфера, напнати ситуации и на моменти се осеќав како да играм Half Life, што ми се допадна. Втората ја гледав 2 сезони и ја баталив, нешто како Charmed шо одеше на А1 ми беше, не знаеја веќе што да исповнесат од митологии, религии, бабини-деветини, сето беше кркамбар напраено. Ликовите вајани по мерка на тинејџерски влажни сништа, покријани сите дијаметри, еден со кратка коса, другиот со долга, што додатно оди на минус од аспект на американизирањето.

The Walking Dead.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom