Океј, еве само шо завршив со Фринџ.
Екс Фајлс имам гледано неколку епизоди, па не би ја коментирал.
Она шо ми остави впечаток у Фринџ не се необјаснетите феномени, Патернот, алтернативните универзуми. Беа океј приказна, ама пред се концептот беше villain of the week. Она шо ме остави у солзи неколку пати додека ја гледав, маратонски, е врската меѓу Волтер и Питер. И морам да признам оти беше прекрасна и вонвременска. И дури и кога го избришаа Петре од тајмлајнот, мислев дека оној кој заслужува да му бидат вратени сеќавањата е Волтер, а не Оливија. Но, ете повторно, врската шо у остатокот од серијата повторно се создаде меѓу таткото и синот, трансформацијата шо ја направи доаѓањето на Пере у неговиот живот ... made me speechless.
Се на се одлична серија.
Свесен сум дека Екс Фајлс е пионерска од тој жанр, и одвај чекам да најдам време да ја изгледам.