Pravnice
The Don
- Член од
- 15 ноември 2007
- Мислења
- 2.462
- Поени од реакции
- 1.433
Темава ја отварам инспириран од еден текст којшто вечерва го читав. Текстот е пишуван од угледен и доста познат австриски бизнисмен Нојмаер. Темата на текстот е негово видување за сопствениот пат до успехот, како постигнал тоа што постигнал и дали се водел од некакви принципи. Една реченица ми одзвони...Успеав затоа што имав јасно поставена цел во животот и имав нескротлива желба да ја исполнам! Според него разликата помеѓу успешните и неуспешните се крие токму во претходната реченица.
Според мене, муабетов држи вода. Меѓутоа пред да почне дисусијата сакам да појаснам дека станува збор за јасна и конкретна цел. Значи ,, сакам да бидам богат" не е јасна цел. Конкретна цел е на пример диплома до крај на 2013 година, сопсптвен бизнис до 2014 година, брак до 30та година. Дополнително за да ја остварите Вашата цел, истата треба да е реална а не некоја од типот сакам да сум нафтен могул до јануари 2013.
И на крај следи прашањето: Која е Вашата цел, во што вложувате моментално, за што работите и што сакате да постигнете во наредниве години?
Дали човек без јасна идеја и цел мислите дека може да се оствари себеси?