Која е Вашата цел?

  • Креатор на темата Креатор на темата Pravnice
  • Време на започнување Време на започнување

Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
Темава ја отварам инспириран од еден текст којшто вечерва го читав. Текстот е пишуван од угледен и доста познат австриски бизнисмен Нојмаер. Темата на текстот е негово видување за сопствениот пат до успехот, како постигнал тоа што постигнал и дали се водел од некакви принципи. Една реченица ми одзвони...Успеав затоа што имав јасно поставена цел во животот и имав нескротлива желба да ја исполнам! Според него разликата помеѓу успешните и неуспешните се крие токму во претходната реченица.
Според мене, муабетов држи вода. Меѓутоа пред да почне дисусијата сакам да појаснам дека станува збор за јасна и конкретна цел. Значи ,, сакам да бидам богат" не е јасна цел. Конкретна цел е на пример диплома до крај на 2013 година, сопсптвен бизнис до 2014 година, брак до 30та година. Дополнително за да ја остварите Вашата цел, истата треба да е реална а не некоја од типот сакам да сум нафтен могул до јануари 2013.
И на крај следи прашањето: Која е Вашата цел, во што вложувате моментално, за што работите и што сакате да постигнете во наредниве години?
Дали човек без јасна идеја и цел мислите дека може да се оствари себеси?
 
Тој Нојмаер да се родеше во Македонија, тогаш ќе му го видев патот кон успехот. Или ќе лепеше плакати од вемеро за да го вработат како шеф во нискоградба, комуналец или водовод.
Успеав затоа што имав јасно поставена цел во животот и имав нескротлива желба да ја исполнам! Според него разликата помеѓу успешните и неуспешните се крие токму во претходната реченица.
Според мене тајната на неуспешните и успешните се крие во политичката определеност.
 
Тој Нојмаер да се родеше во Македонија, тогаш ќе му го видев патот кон успехот. Или ќе лепеше плакати од вемеро за да го вработат како шеф во нискоградба, комуналец или водовод.

Според мене тајната на неуспешните и успешните се крие во политичката определеност.
Штом си ја открил тајната формула на успехот,оди земи си книшка за успех и биди успешен човек...или и за тоа не си доволно успешен :)
Нема врска политиката со бизнисот,битно е колку ти сакаш да успееш и колку си спремен да се жртвуваш подкрепено со
добра идеа и добро осмислен план за реализиација.
 
Успешен сум јас;) ...само не сум задоволен од исходот за трудот кој го вложувам.
Политиката со бизнисот се многу поврзани, односно 2 тендери го менуваат квалитетот на животот за 360 степени.
За книшката не би.
И едно е теорија, а друго е пракса.
Според тебе, каде би бил поуспешен:
1. Во држава каде има +30% невработеност и нормална стапка на инфлација, просечна плата 250 евра.
2. Во држава каде има 4,5% невработеност и ниска стапка на инфлација, просечна плата 2500 евра.
 
Во првата држава би било полесно бидејќи имаш послаба и помала конкуренција.А воедно и цифрата не би требало да биде толку импозантна за да се смета како успех.
 
Темава ја отварам инспириран од еден текст којшто вечерва го читав. Текстот е пишуван од угледен и доста познат австриски бизнисмен Нојмаер. Темата на текстот е негово видување за сопствениот пат до успехот, како постигнал тоа што постигнал и дали се водел од некакви принципи. Една реченица ми одзвони...Успеав затоа што имав јасно поставена цел во животот и имав нескротлива желба да ја исполнам! Според него разликата помеѓу успешните и неуспешните се крие токму во претходната реченица.
Според мене, муабетов држи вода. Меѓутоа пред да почне дисусијата сакам да појаснам дека станува збор за јасна и конкретна цел. Значи ,, сакам да бидам богат" не е јасна цел. Конкретна цел е на пример диплома до крај на 2013 година, сопсптвен бизнис до 2014 година, брак до 30та година. Дополнително за да ја остварите Вашата цел, истата треба да е реална а не некоја од типот сакам да сум нафтен могул до јануари 2013.
И на крај следи прашањето: Која е Вашата цел, во што вложувате моментално, за што работите и што сакате да постигнете во наредниве години?
Дали човек без јасна идеја и цел мислите дека може да се оствари себеси?
Може да се успее без јасна цел, т.е. да се има цел но да не биде баш така јасно издефинирана. Само да се знае во која насока сака човек да оди. Јас кога се запишав на правен немав зацртано до тој и тој датум ќе дипломирам, до тој датум ќе положам правосуден, до тој датум отварам канцеларија.... Работите ги зеам на ред една по една, како ќе ми дојдат така ги прилагодувам плановите, ама знам онака глобално како си ја гледам иднината, ама не во детали.

Плус, за успех не е потребна само зацртана цел и работа.
Потребна е и среќа. Ти можеш да имаш супер планови и да немаш среќа да ти се остварат, или може да ти се укаже подобра прилика отколку тие планови што си ги направил и да тргнеш во друга насока во животот од таа која си ја зацртал.
 
Нојмаер. 100 персент jew. И успеал само заради целта што си ја поставил.

Во смисла „имам цел да бидам генерален менаџер на компанијата од татко ми, веднаш штом ке завршам факултет.“

Многу малку работи зависат од индивидуа. Да зацрташ цел е само 1 процент од вкупното.

Јас ја исполнав мојата цел на млади години. Не дека си ја зацртав, туку дека се наредија работите јас да добијам услови за да се трудам да го направам зацртаното.

И да, убаво е да се има цели. Да знаеш кај одиш, да не луташ. И кога ќе ја оствариш, поставуваш друга, трета, тн.
 
Појќе цели имам, во моментов, веројатно, да ја раздевијантнам онаа, секусално, си знае таа, бучрунтаана.

После, шознам, ваљда да се замијам да не смрдам на бучојна.

Е а после, кафенце.

Ситно...но удоволствијата немаат цена :)

И уште еден стан да купам, ама тоа не толку (б)итно.
 
100 % е така. За да стигнеш некаде мора да имаш јасна цел и план. Секој што води некаков бизнис за да успее прави бизнис план со временски граници како ќе се одвиваат работите и цели да го оствари тоа. Исто е и со животот ако имаш јасни и реални цели и работиш на тоа полесно ќе успееш. Кај мене помага и визуелизација да не изгубам фокус и награда кога ќе го остварам тоа што сум го зацртал на време. Порано имав цел да купам куќа на одредена улица на пример, па да се преселам во друга држава, да развијам бизнис, сега работам на 2 проекти за кој имам план до каде треба кога да бидам за да завршам на време до крај на 2013. За награда си имам резервирано нова год во Аргентина и 2014 планирам да ја утепам шетајки низ јужна америка. 2015 селидба и нов развивање нов бизнис на Филипините.

За тој што напиша погоре дека ако австријецот се родел во мкд вака или така ќе било, еве јас сум му пример од Австралија со 6 цифрена плата, највеќе пари направив во банана републики во азија слични и полоши од Македонија. Битно е да имаш РЕАЛНИ и ПРЕЦИЗНИ планови и да знаеш точно што сакаш. Секој различно се мотивира па битно е да си се знаеш и себе си и како полесно ќе се мотивираш.
 
Моjата цел е да дипломирам на УКИМ и потоа да отидам да работам/живеам во Англиjа/Америка/Германиjа. Не планирам да останам во Македониjа.

Со тој факултет од УКИМ никогаш нема да работиш во Англија,Америка..Не им требаат нив факултетски кадри, туку рмбачи..
 
Со тој факултет од УКИМ никогаш нема да работиш во Англија,Америка..Не им требаат нив факултетски кадри, туку рмбачи..

Нема врска. Има луѓе кои работат многу повисока работа од џогер и судоперач.
До кликерот е.
 
Штом си ја открил тајната формула на успехот,оди земи си книшка за успех и биди успешен човек...или и за тоа не си доволно успешен :)
Нема врска политиката со бизнисот,битно е колку ти сакаш да успееш и колку си спремен да се жртвуваш подкрепено со
добра идеа и добро осмислен план за реализиација.

Најнеточната реченица што може да постои..

Кажими еден бизнисмен што не е поврзуван со политика?? Камчев,Штерјо Наков,Свето Пивара, Фуфо ?? Кој е тој среќлија??

Политика и бизнис ти иде рака под рака..
--- надополнето: 18 октомври 2012 во 17:47 ---
Цел во животот ..хмм , пошто неможе да збориме за некаков си просперитет во земјата ,најважно ми е да останам,бидам во таа златна средина т.е да не паднам ниско и да не ме згази времето или што би рекле Америте ,To keep my head above the water.

Освен на планот фамилија(и тоа отприлика) се друго не ти ни остава простор за планирање или поставување цел,бидејќи пред тебе ќе наидеш на безброј безброј сопки такада ќе немаш ни шанса да истраеш или да се покажеш до крај.
Ние не сме запад, кај нас е многу едноставно ,ако сакаш да имаш каква таква шанса за да бидеш успешен од тимот на овој Австриецот тогаш фино лепо ќе си земеш книшка и ќе имаш надеж дека некогаш ќе им текне и на тебе.
--- надополнето: 18 октомври 2012 во 17:58 ---
Нема врска. Има луѓе кои работат многу повисока работа од џогер и судоперач.
До кликерот е.

Има има , еве да ти кажам од лично искуство(иако тогаш бев далеку помал)
Моите аплицираа за канадско државјанство и преку агенција бараа работа тамо( двајцата со факултет) за Манитоба
Знаеш каков одговор стигна од тамо??
-Дека се над бараните квалификации.. Каков моабет..

За успешност во една таква земја се почнува од 0 т.е од продавач на Хот-дог на улица но за среќа за брзо време можеш да успееш поради тоа што има курсеви итн за се и секакви работи, али треба да се нафатиш на тоа дека тука зимаш 20-30-40 000 али барем имаш умствена работа а тамо ќе ги зимаш истите пари ама ќе бидеш чувар на голф играчиште..
 
Бев на факултет во Италија сега сум новинар во sportal.rs.Мојата цел е да бидам дел од новинарскиот тим на „The Sun„ каде што за 2 недели сум на проба. Држете среќа. Тоа е мојата цел во што верувам и нема да ја изгубам вербата се до последен момент.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom