Kоја е последната претстава што сте ја гледале во театар?

МУШИЧКА во Велешкиот театар.комедија и тоа многу интересна!цела публика се смееше,:pos2: беше стварно доживување
 
И јас последна ја гледав Александар(вчера).Ми се допадна претставата најмногу поради добро разработената психологија на Александар и притисокот што му го вршеле.Употребата на ‘тешки‘ и зборови што можат да допрат до срцето ја правеа претставата поблиска до публиката и сето тоа проследено со одлична музика, сцена и костимографија(па и не баш)
 
Заедно сме биле :)
Јас не сум нешто посебно задоволна од претставата.
Костимографијата, сценографијата и музиката беа одлични. Добра актерска екипа.
Но на моменти претставата беше досадна, режисерот на крај вметна една нова конфузија за Александар Македонски, поточно за тоа кој е негов вистински татко. За тоа дека вистинскиот Александар е некој друг всушност (гледајте ќе видите кој да не кажувам :)).
Имаше интересни моменти, но и некои прилично досадни. По ликот на сите во салата можеше да се примети кога се спуштија завесите дека очекуваа многу повеќе од претставата.
Многу ми се допадна тоа што Тавитјан ја свиреше музиката. Одлично.

П.С. И да зажали тој што не дојде :icon_lol:
 
последна претстава беше дундо марое шо ја глеав,пред неколку месеци,од школо не носеа,и интересна беше,смешна...:helou:
 
Вчера, во таа малата буквално андерграунд сала во Народниот театар :))). `Осамениот запад` сезона 2009. Екипа од четворица млади актери од Битола. Претставата фасцинираше како во поглед на содржината избрана за адаптација така и во поглед на актерската глума,земено од аспект на опаднатиот просек на битолскиот театар во последно време (барем мој впечаток).
Двајца браќа кои комуницираат преку јазикот на омразата, крвнички се мразат и тепаат и си нанесуваат зло. На крајот на денот тие сепак се сакаат и разбираат на еден за нив специфичен начин, ги поврзува расипаноста на карактерот и лошиот дух. Одлична претстава, ама веројатноста да ја погледните е исто толку голема колку веројатноста јас да ја погледнам `Демонот од Дебар Маало`. :(
 
Последна Дундо Марое од школо. :pos2::pos2::pos2: "Jeeeeeeeeeejeeeeeee Tи си од бога најмило нешто што ќе остане....не иде ова.... Она је лепша од ночи":pos2::pos2::pos2:
И сакам пак да одам ама нема претстави летен период. Ако најдам време покрај обврските од септември ке одам.:vozbud::vozbud::vozbud:
 
Маркиза. Интересно, но не меѓу омилените. Екипа од само 6 актерки, сите некако бизарно поврзани со маркизот, кој патем иако воопшто го нема во претставата ко да е присутен на сцена цело време имав чувство. Можеби фактот дека се строго жени одбрани да глумат (и тоа не баш феноменално) ме одбива. :| На Калина Наумовска единствено би ја издвоила интерпретацијата како посолидна... Тоа.

Наредна, Госпоѓа министерка. Добра била, наводно... Ќе видиме.
 
Полн град со Тони и Јовица Михајловкси.Убава беше иако беа само двајца цела претстава.
 
„Госпоѓа Министерка“ но на кавадаречки начин, истата претстава, режија, со малку изменето сценарио и ликови.

Секоја чест за глумците и за одличната претстава.
 
Маркиза. Интересно, но не меѓу омилените. Екипа од само 6 актерки, сите некако бизарно поврзани со маркизот, кој патем иако воопшто го нема во претставата ко да е присутен на сцена цело време имав чувство. Можеби фактот дека се строго жени одбрани да глумат (и тоа не баш феноменално) ме одбива. :| На Калина Наумовска единствено би ја издвоила интерпретацијата како посолидна... Тоа.

Наредна, Госпоѓа министерка. Добра била, наводно... Ќе видиме.

Same here..:smir:

Ништо посебно.. :toe:
 
„Сомнително лице“ со Игор Џамбазов. Мн е смешна, ама и мн е долга:toe:
 
Oгнено лице на Струмичкиот театар Антон Панов.
Убава и поучна претстава за тогашното, па и сегашното секојдневие во Германија па и насекаде низ светот.:smir::smir::smir:
 
Викенд на мртовци пред долго,долго време.
 
„Сомнително лице“ со Игор Џамбазов. Мн е смешна, ама и мн е долга:toe:

Игор Џамбазов го глумеше сомнителното лице?????
Ах мамата негова, пијаничиште, а пред месец дена не глумеше божем скршил нога ги откажаа претставите, а всушност си отишол да одмара малку со чашката во рака во некое селце. Непрофесионализам бре.

Бев на Госпоѓа Министерка, аааааах три ипол саати смеење до солзи, не приметив како летнаа брзо времето. Одлична претстава, одлично сценарио типично македонско, добра актерска екипа, само што Весна некако не ми беше расположена па најнезадоволна сум од неа, ама затоа Сашо т.е. Чеде Жуљ :zver:. И секако Микиќ :vozbud:
Пак би идела за да се изнасмејам :)
 
Последна беше „Р“, викендов во Драмски. Сакам утре да одам на Демонот од Дебар маало, ама ме тераат на друго место да одам:toe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom