Kоја е последната претстава што сте ја гледале во театар?

Сомнително Лице..Феноменална претстава!
 
Најважно е да се викаш Ернест!
 
Вечерва ја гледав претставата „Вистинскиот Минхаузен“ во изведба на струмички актери од Антон Панов.

Претставата е пародија на нашето општество со постојана борба на докажување. Се работи за индивидуалецот, патолошкиот лажго, баронот што хиперболизира - баронот Минхаузен. Тој и покрај тоа знае што сака во животот, знае што сака вистински наспроти луѓето кои освен лицемерие што води до лична корист немаат други карактеристики, тие воопшто и немаат доблести.
Минхаузен е верува во себеси, тој е голем идеолог и праведник. А пред сè, тој е индивидуалец во едно расипано општество, индивидуалец кој тие се стремат да го отфрлат.

Ми се допадна многу. Имаше и доза на хумор кој не смее да се занемари.
Убава претстава.
 
Хасанагиница во Битола.... пред многу години... глумицата се слече гола :drk: :drk: :drk:
 
Вечерва ја гледав претставата „Вистинскиот Минхаузен“ во изведба на струмички актери од Антон Панов.

Претставата е пародија на нашето општество со постојана борба на докажување. Се работи за индивидуалецот, патолошкиот лажго, баронот што хиперболизира - баронот Минхаузен. Тој и покрај тоа знае што сака во животот, знае што сака вистински наспроти луѓето кои освен лицемерие што води до лична корист немаат други карактеристики, тие воопшто и немаат доблести.
Минхаузен е верува во себеси, тој е голем идеолог и праведник. А пред сè, тој е индивидуалец во едно расипано општество, индивидуалец кој тие се стремат да го отфрлат.

Ми се допадна многу. Имаше и доза на хумор кој не смее да се занемари.
Убава претстава.

Бев јас првиот пат кога вртеше, убаво скоцкана. Позитивни ствари и од мене.
 
Пред некој ден ја гледав првата премиера на професионалниот охридски театар, претставата Метаморфози.
Интересна и комична тематика каде што боговите буквално од досада си играат со смртниците и тука се вмешани митовите како архетипови, а главните прашања се дали тие си поигруваат со судбините на луѓето затоа што и боговите сакаат да станат луѓе онолку колку што човекот сака да стане бог.
Пред се, многу добра претстава.(y)
 
Вишновата Градина - Слика за руското општество некаде на крајот од 19 век .. ми се допадна драмата во, главната улога беше Сашо .. му го заборавив презимето
 
"Така било пишано" во мнт! Топ претстава! :) Уште појаки глумци!
 
" Олово на перница"- Венко Андоновски, во Драмски театар.

Има ли потреба да се објаснува нешто повеќе, од самото тоа што Венко е режисер?:)
Предобра претстава, со препознатливиот дозиран хумор на Венко, содржина проткаена со поентата и смислата на животот, прашањето за животот и смртта, откажувањето, љубовта, грижата на совест која може да тежи како олово и да предизвика радикални промени во човековата психа.
Препорачувам длабоко:)
 
Играме за аплауз - претстава од тетовски актери, аматери, во режија на Игор Бачовски.

Добра комедија, љубовни сплетки, неморалот на високите општествени кругови и потсмевање на нивниот начин на живот.
Се изнасмеав. :cool:
 
Пред две години на МОТ, купив блок карта за 700 денари, и бев на буквално сите претстави, 7 дена нит другари ме видоа нит моите дома, од работа јади и излези. Напорен маратон... Лани кога дознав дека блок карта е 1500 се разочарав. Годинава кога видов претстави 300, 400, 500 денари, си викам Абе овие тачни ли се у памет? 400 денари Армин Ван Бурен у ек на слава кога беше со In and Out of Love во Колосеум го гледав. Млад отворен театар (самото име кажува што треба да претставува) жими оваквиот мој демократски. Го направија за Елизабета Канчевска Милевска, Коце и остала демек ВИП компанија да се исликаат и да ги има на утрешниот број на Вечер. Нешто ко Фрчко со Џез Фестивалот сега кај и да е ќе го има, нема промашај за тоа.
 
Сексуалните нервози на нашите родители.
Ме мрзи да пишувам, мислев ќе ја прочитам Вокерка со рецензија и само да ја доцитирам. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom