Пред две години на МОТ, купив блок карта за 700 денари, и бев на буквално сите претстави, 7 дена нит другари ме видоа нит моите дома, од работа јади и излези. Напорен маратон... Лани кога дознав дека блок карта е 1500 се разочарав. Годинава кога видов претстави 300, 400, 500 денари, си викам Абе овие тачни ли се у памет? 400 денари Армин Ван Бурен у ек на слава кога беше со In and Out of Love во Колосеум го гледав. Млад отворен театар (самото име кажува што треба да претставува) жими оваквиот мој демократски. Го направија за Елизабета Канчевска Милевска, Коце и остала демек ВИП компанија да се исликаат и да ги има на утрешниот број на Вечер. Нешто ко Фрчко со Џез Фестивалот сега кај и да е ќе го има, нема промашај за тоа.