Kоја е последната претстава што сте ја гледале во театар?

само што се вратив од претставата „Хамлет“ и можам да кажам дека беше катастрофа!!! толку долни и непријатни сцени не очекував. почетокот беше најава за се останато. се појавуваат пиштол голи мажи, а потоа жената е претставена како нешто најгадното што постои. имаше малолетнички што седеа до нас и се „кикотеа“ со ококорени очи коа маживе беа соблечени, а после тоа нормално муабетење до крај. и моето прашање е: што сакаа глумците и режисерот да направат со оваа претстава? ако мислат да привлекуваат публика на таков начин, тогаш според мене нека се откажат од „актерството“ и нека отворат по некоја пиљара или нека преминат во порно индустријата во америка.

јас не знам тој што го глумеше хамлет и тие што се соблекоа, дали се запрашуваат со какви очи после тоа нашиве ќе ги гледаат??? сеа некој ќе каже дека вака се размислува пошо кај нас владее „малограѓанштина“ ама одете во другите земји и ќе погледнете пристојни и културно обработени претстави. а јас (и сите што бевме заедно) се почуствував одвратно, непријатно, ми побудија долни чуства што веќе во иднина се запрашувам дали ќе отидам во театар. ако сакаат да се соблекуваат така нашиве „актери“ (ги ставам во наводници пошо се имаше во претставата само не глума) нека идат у америка и нека снимаат порничи!!! доста го тупат. па згора на тоа и претставава имала не знам колку награди освоено!? дрн-дрн јариња и големите-јајца со тие награди ако се чуствувам одвратно!!!
 
"Европа" - драмава стварно вредит да се глеат.
 
Последно ја гледав „Отпушоци“, адаптирана според роман на Николо Аманити со наслов „Последната нова година“.
Романот го немам читано, но претставата ми беше доста интересна, на 5 наративни рамништа се претставени луѓе од различни класи и со различни интереси и очекувања од животот, а нивните приказни некако беа меѓусебно испреплетени. Во постмодернистички стил, имаше и доста хумор. Ми се допадна. :)
 
А баш сакав да ја гледам... Сепак во Лондон имаат добиено награда за најдобра изведба на Хамлет... ама ете а за малолетничките што збориш, поради нив не ми се оди на театар понекогаш, затоа што ги носат од школо, прв пат им е во театар и се смеат ко луди зборат, еднаш заглавив со 6то оделенци на една претстава не ми текнува која беше...се смеат на секој да речеме срамотен збор... ама ете коа нема кој да иде нека идат барем они
само што се вратив од претставата „Хамлет“ и можам да кажам дека беше катастрофа!!! толку долни и непријатни сцени не очекував. почетокот беше најава за се останато. се појавуваат пиштол голи мажи, а потоа жената е претставена како нешто најгадното што постои. имаше малолетнички што седеа до нас и се „кикотеа“ со ококорени очи коа маживе беа соблечени, а после тоа нормално муабетење до крај. и моето прашање е: што сакаа глумците и режисерот да направат со оваа претстава? ако мислат да привлекуваат публика на таков начин, тогаш според мене нека се откажат од „актерството“ и нека отворат по некоја пиљара или нека преминат во порно индустријата во америка.

јас не знам тој што го глумеше хамлет и тие што се соблекоа, дали се запрашуваат со какви очи после тоа нашиве ќе ги гледаат??? сеа некој ќе каже дека вака се размислува пошо кај нас владее „малограѓанштина“ ама одете во другите земји и ќе погледнете пристојни и културно обработени претстави. а јас (и сите што бевме заедно) се почуствував одвратно, непријатно, ми побудија долни чуства што веќе во иднина се запрашувам дали ќе отидам во театар. ако сакаат да се соблекуваат така нашиве „актери“ (ги ставам во наводници пошо се имаше во претставата само не глума) нека идат у америка и нека снимаат порничи!!! доста го тупат. па згора на тоа и претставава имала не знам колку награди освоено!? дрн-дрн јариња и големите-јајца со тие награди ако се чуствувам одвратно!!!
 
"Кинегонда во Карлаленд" на Венко Андоновски.
Продолжение е на Кандит во земјата на чудата, и двете се одлични претстави. Пред неколку саати се вратив од театар, сеуште ми е во сеќавање два од многуте добри цитати. Исто така прва претстава каде немаше невоспитани средношколци. Колку тие деца ги расипуваат претставите, страшна работа.

" Когa Господ го направи светот, прво беше светлина, па дрвја, реки и.... Македонци. Потоа настанаа тие амеба и парамециум. "

"-А Адам и Ева, и тие биле Македонци?
-Прилепчани, еба го. Комшии ми се."


Предходно бев на "Демонот од Дебар Маало" на Горан Стефановски, и иако е навистина добра претстава, тоа што е преработка на филмот The demon barber и ја намалува вредноста.

Следно што сакам да одам е "Немој ти мене Фауст", се надевам ако уште се дава во Народен театар. Да не ја гледаше некој?
 
Калеш Анѓа- Дефинитивно, претстава која се труди да ги испомеша етно претставите со модерните и не е онаа Калеш Анѓа која ја знеме од Старавина, приказната е таа само вметнати модерни елементи кои не ги очекуваш за време на претставата, интересно е тоа што самите гледачи седат на сцената и во тие час и половина се соживуваат со актерите, кој може нека ја гледа нема да зажали.
 
да...таа претстава во англија што играла мислам дека земала награда и една моја пријателка ја гледала истата. бевме заедно и на оваа тука и самата рече дека нема споредба. срамота е таа претстава од англија да се спореди со нашава!!! ниту малку не биле блиску до изведбата. публиката исто така. основки, средношколки набутани во театар колку да гледаат разголени тела во живо. можат и на интернет да видат голи машки тела ама тоа во живо изгледа не им е споредливо.

затоа мислам дека оваа претстава не вреди толку. повеќе се направи комерцализација во медиуимите благодарение на звучното дело на шекспир - Хамлет, отколку што вреди претставата! да направат некоја претстава и без име, самите да бидат креатори на нешто (актери и режисери) така ќе биде подобро отклолку ваква претстава. башка жената во тоа време била голема жртва, ама не до толку некој да се изживува на неа и да не се буни таа! еден од актерите јадеше земја. да, во буквална смисла на зборот - земја! и тоа беше нехумано.:(

ова е мое гледиште на претставата. некој може и да не се сложи со мене и тоа не ми пречи. останатите нека си го кажат своето мислење... :)

А баш сакав да ја гледам... Сепак во Лондон имаат добиено награда за најдобра изведба на Хамлет... ама ете а за малолетничките што збориш, поради нив не ми се оди на театар понекогаш, затоа што ги носат од школо, прв пат им е во театар и се смеат ко луди зборат, еднаш заглавив со 6то оделенци на една претстава не ми текнува која беше...се смеат на секој да речеме срамотен збор... ама ете коа нема кој да иде нека идат барем они
 
„г-ѓа министерка“ и се убив од смеење, пред некое време..
 
Г-ѓа Министерка, пред месец-два.
Убава претстава.
 
Јованче и Марика....
Убава опера требаше да биде. Ама место Јованче (имаше јованка), децата се збунија (нели очекуваа машки глас, сепак опера е) ангели на ролерки... ќе испозаспиевме додека не излезе вештерката. Преполна голема сала во МОБ, 150 денари карта.. можат и подобро...
 
Слепи птици - Јани Бојаџи и се пресмеав... уште ми е смешно кога ќе се сетам на некои делови. :pos:
 
г-ѓа министерка - уште една лоша глума на нашите актери! го заборавија дури и текстот од претставата па ги прашуваа луѓето зад платната како да продолжат: „како беше текстот!? ај од почеток“ :pos:
 
г-ѓа министерка - уште една лоша глума на нашите актери! го заборавија дури и текстот од претставата па ги прашуваа луѓето зад платната како да продолжат: „како беше текстот!? ај од почеток“ :pos:

Amaн бе, стварно до толку?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom