Ада, не е муабетов некој да биде полово коректен, туку реално да се согледаат некои факти.
Тоа машки и женски образец на однесување ама апла не ми е јасен.
Реков дека нема тука да дебатирам за полови прашања ама кога веќе ме влечеш за јазик, :smir: ај ќе правиме муабет.
Спомна да се гледа историја и еволуција и уште не ми текнува што.
Моментално сами на себе сме си актуелни дека прво ние сме се појавиле па амебите (рака на срце, сакам да мислам дека е така :wink: ).
Милениуми претходно, на овие простори владеел култот на Големата Мајка. Класичен матријархат. Траел долго време (некои тврдат дека траел 1000 години, ама ова ке им го оставам на археолозите). Од тој период ахеолозите не ископале ниту едно оружје наменето за убивање луѓе, ниту пак некакви докази, артефакти, било што што би укажало на тоа дека во тој период имало војни, глад, сиромаштија ...
Отворен сум за теории и извлекување заклучоци.
Имаш период (1000 години???) женка го води чопорот, мир, просперитет и све остало.
Е после, му светнуе на мажјакот дека ако ги намлати другиве мажјаци ке има поише женки за него. И почиња да коле. По принцип познат како brute force стига до позиција на моќ и од прпа да не му ја земат позицијата плука по тие што биле претходно на власт - класичен Guns'n'Roses (читај ВМРО и СДСМ) синдром. И така во недоглед.
И не поштуем бре брате тоа учење дека треба да веднеш глава пошто ти се гениталиите внатре и не надвор. Ама и не поштуем да се симињаат нормите за жени за упис на Воена Академија од проста причина што имам осетено на свој грб дека се способни ама баш за се.
Ќе ми простат админите што забегав малку офтопик, ама вакви теми у жуљ ме маваат.
Нема да ми простат неколку алфа-мажјаци што сум ги приметил на форумов и ќе пробаат да провоцираат. Нејсе

само ќе го ппотврдат brute force методот.