Кога сте нервозни кој Ви е крив?

  • Креатор на темата Креатор на темата Eko1
  • Време на започнување Време на започнување
Ееее, кој.

Крива е тетката што ми се бутка преку ред на шалтер ко да не ме гледа...госпоѓо, денеска не ви треба да ме чачкате.
Крив е секој што збори повеќе од 5 минути, а јас сеуште не знам што ми збори???
Криви се во Жито Лукс, оти баш денес го немаат омиленото лиснато, а јас му се стрвев од разбудување.
Крив е таксистот што пуштил некоја грозна шабанска песна, пуши во кола, и се влече ли влече. Е, нему му нема спас, он е крив ко грешен ѓавол.
 
мене на лекар ми препорачаа да не се нервирам па затоа не обвинувам никој (сега за сега).
Но доколку се изнервирам се знае кој колку е крив: тој што ме испровоцирал 30% , 4% фактор Х, Цацко 10%, 5% временските услови и останатите 51% јас сам сум си крив зошто сум си дозволил да се изнервирам :toe:
 
Koj се најде до мене. На прво место живи суштества, на второ предмети.
Од поголеми кон помали.
 
сите ми се криви. најчесто брат ми и дедо ми што се тепа за да крене на домашен кога ѕвони и после заборава кого го барале. мајка ми што увек не знае кај ми е таа и таа блуза и на крај искача дека е кај неа у плакар по грешка (или не). возачот на 24 шо никад не е на време. една идиотка од фаултет шо мисли дек стално све знае.... сите ми се криви! ја гревче сум си :tapp:
 
Па тој што ме испровоцирал.понекогаш и сам сум крив кога ке згрешам нешто. или кога ке изгуби јувентус (али ретко се дешава тоа)
 
Тј шо ми е најблиску, или тој кој во такви моменти се обидува да ме смири со некоја зезанција...Е тој секогаш страда...Жалам шо има перманентни личности кои ме трпат коа сум нервозен...
 
Сама сум си крива, и тоа ми е совршено јасно, значи не барам некој друг кого ќе го обвинам зошто сум се зезнала или зошто ме зезнале. Сепак,тешко на оној што ќе ми се најде пред очи во такви моменти, и затоа кога сум нервозна ги предупредувам сите што ми се во близина дека ме дружат на сопствен ризик.
 
најчесто јас сама сум си крива за тоа што сум нервозна али сепак секогаш има по некој кој ке ти го загрози денот уште од утрото и ај да не се нервираш.
 
Не барам кривец туку си пуштам реге или лесно рокче и ги затворам очите,се концентрирам на музиката и не мислам на ништо освен на музиката и ми поминува нервозата за пола саат и досега се немам развикано на некој ако сум јас за друго нервозен
 
коа сум нервозна не убедувам некој друг дека е крив,можда само постои човек кон кој ја насочувам таа нервоза за да можам да си се испразнам од негативната енергија.Коа сум нервозна без причина ја испуцувам нервозата кон некој за безвезе работи за кои е смешно да се караме,но сепак после полесно се осеќам.
 
Мачката. Нема поубав антистрес апарат од мачка. Ќе ја шутниш да летни преку цела соба или за опаш па заврти ја 2-3 пати и низ џам.... И верувајте неуништливи се!
 
Нема кој да ми биде крив! Мада знам да шутнам нешо шо е до мене ама не НЕКОЈ! Си пуштам некој мрсен треш или смирувачки пауер :)
 
Кога сум нервозна сите ми се криви:toe:
 
Кога сум нервозна, крив ми е тој што ја предизвикал нервозата кај мене, најчесто некој лошо расположен намќор, или пак тврдоглаво незрело створење(брат ми). :helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom