Еднаш имам оставено. Зашто морав. Не можам да објаснувам зошто и како, но морав, конечно после 2 ипол години необична врска, морав да прекинам. И знаете што, многу боли, но најмногу кога го оставаш тој што го сакаш и кој те сака, а знаеш дека нема утре за вас, дека се мора да згасне, во спротивно би имало огромни последици.
Сепак, постојат многу различни оставања. Но на крај, сите се сведуваат во две категории, привремени и трајни. Привремени би требало да бидат таму каде што има вистинска љубов, но на која треба простор да издише. Но сепак и трајните не би можеле да ги наречеме оставања без љубов, зашто најчесто тие се прекинување на големо нешто кое веќе нема утрешен ден,а боли зашто не можеме да живееме со него и без него.
Ах, па какви и да се, оставањата секогаш се тешки и болни, но секогаш се со причина која ни дава сила да издржиме или не. Ах мразам оставања, мразам кога некој ме остава сама, ми предизвикува темница и гнасење, ми предизвикува чувство на малечкост и беспомошност, посебно ако доаѓа од некој драг. Но, правило е дека понекогаш ќе бидете оставени, за некогаш и вие да оставате, Се додека еден ден, се најдете без причина да оставите или да бидете оставени. И Тогаш, ќе заборавите на сите оставања.