Дополнително, сметам дека и оние кои извадиле бугарски пасош, (ова може да се примени и на сите останати кои имаат двојно државјанство но и не мора), треба да изгубат дел од правата и привилегиите од Македонија. Они сами свесно се откажале од Македонија, погоре сами си признаа дека не ја сакаат Македонија зашто ништо не им дала и овозможила, па затоа мислам дека треба да изгубат некои права кои ги имаат македонските државјани, како вработување (нека можат да работат, ама како странски државјани), здравствена заштита, пензиско и социјално осигурување, бесплатно образование и сл. права кои ги имаат македонските државјани. Штом ја избрале Бугарија за нивна мајка, нека си ги уживаат тие права таму. На тој начин и „поголем дел од колачот“ ќе остане за нас.
Не се ова две мислења, едно е, еве вака да го формулирам поконцизно: Македонија треба да им ги скрати правата на сите оние поврзани со Бугарија, слично како што Бугарија го прави тоа со нашите таму, само поекстремно - да ги депортира сите кои се декларираат Бугари и да им одземе права и привилегии на тие со бугарски пасош.
Е сега, еден мал disclaimer, да не ме нападннете одма со истите муабети од погоре дека сум бил за поделби, дека нашите граѓани сум ги делел од нас, дека тие тоа го правеле за животна егзистенција и сл. Затоа, треба да се донесе закон со кој секој кој вади бугарско државјанство, му се остава простор од да речеме 10 години да се откаже од него. Пр. вади Стојко пасош за да оди во Франција рецимо. Неколку години му требаат таму да се среди, да најде работа, да научи јазик (за државјанство бараат минимум ниво B1). После 5 години потребен престој таму и 2 години чекање, истиот може да земе француско државјанство. Тогаш се откажува од бугарското и никому ништо. Значи скратувањето на привилегиите и правата да важи само за оние кои имаат бугарско државјанство подолго од 10 години. За тие кои извадиле пасош заради егзистенцијални причини да не бидат засегнати.
Бујрум!