Сега да не одиме со инает. Факт е дека (веројатно поголемиот дел од нив) се уште се декларираат Македонци. И не верувам дека во такви услови некој од нив би се пишал Бугар, значи исклучено е тоа, или инциденцата ќе биде на маргините.
Пред се за другите ми беше муабетот - баш за оние што ТВРДАТ дека се Бугари и дека Македонците не постојат/постоеле или како и да е. Ете како тие членовите на Европски пат или Алијанса на македонските Бугари, како тој што го тепаа од Охрид, како Љубчо, Штипјанецот од форумов, или како некои мои познаници од порано кои ги уживаат сите права и привилегии од ова парче земја, го јадат нашиот леб, а шират туѓа пропаганда од срцето на Скопје. Тие се по дифолт пратени од друга земја, според мене, значи шпиони, и нема што да ги тинтраме тука. Прогласи ги за persona non grata, испрати ги до граница и ајт у пичку матер!
Мислам дека овде зборуваш за 2 типа на луѓе. Тие што пробуваат да шират пропаганда треба да бидат средени од страна на државата. Па за џабе ли ги плаќаме тие служби?
Ама реалноста е дека 99.99% од тие со бугарските пасоши не ги боли курот за бугарија. Ако бевме паметни, тие 200к луѓе ќе ги искористевме како гласачи во бугарија. Нека гласаат партиите кои се идеолошки најблиски до Македонците. Нема ли таму некоја партија која како СДС ќе даде нешто за 200к гласови? Мора да има. Само ние не знаеме да се организираме.
На крајот на денот, штетата е веќе направена. Како што рече
@ComfortablyNumb, отуѓувањето на тие луѓе само ќе ја забрза албанизацијата на Македонија.
Истиот проблем го имаме и со пасошите. Ако им речеш дека мора да се откажат од еден од кој мислиш дека ќе се откажат?
Имам другар што работи во полиција. Не знааеш колку албанци се откажуваат од нашиот пасош во момент кога ќе добијат Австриски (Австрија не дозволуваше двојно државјанство порано, не знам како е сега).
Ако албанците кои се 3 пати поголеми националисти од нас се откажуваат од пасош поради лична корист, што мислиш што ќе направат овие со двоен бугарски пасош?
Со такви постапки свесно ќе ги турнеме тие луѓе во рацете на Бугарија. Тоа е тоа што не треба да дозволиме да се случи. Треба да работиме на реинтеграција на тие луѓе во нашето општество. Особено кога станува збор за децата на тие луѓе.
Не треба да ја направиме истата грешка што ја направивме со торбешите. Тие луѓе свесно ги изолиравме од нашето општество, па сеа се пишуваат како турци, албанци и што ли уште не.
Ние сме мала држава и треба да играме паметно. Се што имаме треба да го искористиме до максимум.
Јас лично го разбирам гневот и незадоволството ама треба да играме со картите што ни се дадени.