И аман бе со таа партија, да им се мочам на сите партии до една! Ваше мислење е дека ако некој останал во државава да живее или е програмер или член на некоја партија. Недај Боже па да браниш некоја идеологија, одма те сместуваат или во СДСМ или во ДПМНЕ, или да чува Господ, во Левица. Еве 41 година имам па никогаш не сум бил член ни на едните, ни на другите, ни на третите. Сум гласал само за убедување, за мои ставови во моментот, и за едни, и за други, и за трети. Не сум вработен од партија нити зависам од било која партија. Не сум ни влегол во живот во некој партиски штаб. Работам во приватен сектор и тоа не по струка и не во сопствена фирма и заработувам одлично, а не сум програмер. Значи ако си упорен можеш да успееш и во државава и без мама и тато, и без ДПМНЕ и СДСМ, и без мито, и без бугарски или било каков друг пасош, и без врски и без факултет и без било што друго.