Macka12345
Модератор
- Член од
- 14 октомври 2021
- Мислења
- 1.600
- Поени од реакции
- 2.765
Два денари муабет е тоа со родителството.Многу ми е глупо коа ми го дискредитираат мислењето затоа што не сум мајка. Затоа и не сум член на фемина форумот, каде што секој втор аргумент им е “ти не си мајка”. Тука не прифаќам лични дискредитации и дефетизам, не на темава.
Баш заради тоа што знам што се е неопходно за да имаш и растеш деца, одговорно тврдам дека децата не смее да се користат како алатка, ниту за казна, ниту за преиспитување, ниту за било каква пропаганда или политичка цел.
Никого не напаѓам лично и не му ја негирам маката, но тврдам дека егзистенцијата не може да го оправда продавањето на сопствениот идентитет. Глупо алиби. Сиромаштијата е реална и болна, но таа не ја брише историската реалност, а таа реалност е дека бугарскиот пасош не е неутрален документ, туку доаѓа со прифаќање на наратив што директно го негира мојот народ и мојата држава.
Ќе ги прашам дали оправдуваат проституција ако е гладно детето.
Бугарскиот пасош не паѓа од небо. Парите за него ако толку им е гајле за децата, ќе им ги стаат на книшка.
