Јас ете, наспроти многу членови на форумов, филмовите на Џексон не ги доживувам како ремек-дело. Од друга страна тој се има доста потрудено околу нивната реализација, но сепак одредени ликови (не само хипикот Том) и настани не се опфатени. Приказната е зашеќерена до болка, хобитите се некако феминизирани, а назгулите банални.
Голум е супер, Арагорн не баш. Браво за споредните Боромир и Фарамир, за Теоден и за Денетор. Гандалф - штета што Конери одби да го глуми, а Јан Меккелен ќе беше одличен Саруман. Па и таа тепачката меѓу Саруман и Гандалф не беше за машала. Сценариото можело да биде подобро, а и режијата. На пример (или што би било кога би било), Тим Бартон да се нафатеше (со или без Џони

) или Дејвид Линч (ако воопшто би режирал нешто вакво по Дина), кои сигурно би создале една помрачна, поинаква верзија. Оти за разлика од Хобит, Господарот на прстените е нешто поморничав, а атмосферата во филмовите на Џексон ми е претерано хобитска, наместа емотивна и разлигавена...
Замерките веројатно нема да бидат прифатени, но тоа ми е мислењето.
За книгата. Толкин се згрозувал од алегоријата, барем тој така пишува и ја ишка од капата. Ама боде очи во приказната и се согласувам дека може да се бара алегорија во неа.