Книги кои би ги препорачале

  • Креатор на темата Креатор на темата JeCILaDy
  • Време на започнување Време на започнување
Човекот од маглата - Донато Каризи

Малку поинаков стил на пишување од вообичаениот за Каризи. Дело кое во секој случај вреди да се прочита иако на моменти се задлабочува во приказната и доаѓа до граница на досада, која за среќа не ја преминува. Одличен расплет и неочекуван крај, кој вреди да се дочека.

Специјалниот агент Фогел истражува случај на исчезнато девојче. Во текот на истрагата доаѓа до шокантни откритија за случаи стари 30 години. Човекот од маглата сеуште постои, сеуште напаѓа и по пауза од 30 години, но кој е тој?

Оценка: 7.5/10
па и не ми е некако за 7.5... почна ептен добро и сеа еден голем дел некако ми е тапа... ама да видам до крај што ќе се деси... сега за сега 6ка
 
Трилогијата Милениум
Девојката во Пајакова мрежа
Папата Јована
Крадачка на книги
Никаде без ќерка ми
Девојката од возот
Девојката на командантот
Исчезната без трага
Ти не знаеш да сакаш

Кој ги прочитал, знае :D
 
Трилогијата Милениум
Девојката во Пајакова мрежа
Папата Јована
Крадачка на книги
Никаде без ќерка ми
Девојката од возот
Девојката на командантот
Исчезната без трага
Ти не знаеш да сакаш

Кој ги прочитал, знае :D
А тој што не ги прочитал? :icon_mrgr:
Сепак препорака е, за оние што не ги прочитале. :angel:
 
I
па и не ми е некако за 7.5... почна ептен добро и сеа еден голем дел некако ми е тапа... ама да видам до крај што ќе се деси... сега за сега 6ка
Со истото размислување би одел и јас, ама заради крајот и главно на стара слава на авторот[DOUBLEPOST=1503241754][/DOUBLEPOST]Колекционер на очи - Себастијан Фицек

Интересен трилер, но со толку многу заплети што понекогаш се губи смислата, на моменти и заморува, но при крајот се доаѓа на место и книгата носи интересна порака.

Александар Зорбах, пензиониран детектив, а сега новинар истражува случаи на исчезнати деца кои имаат рок да бидат спасени, по што биваат убивани. Но во одреден момент доаѓа до пресврт и Зорбах е главниот осомничен, по што е принуден сам да се бори со вистината.

Оценка: 7/10
 
Последно уредено:
  • Ми се допаѓа
Reactions: DD`
Едно од оние што цел живот ќе ја прочитате барем 30-на пати.


hqdefault.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: DD`
Есеите од Монтењ, и Зборови од Сартр. Нешто последно шо ми се допаднало, ова.
 
„Жената во кафезот“ - Јуси Адлер - Олсен. Новопреведена кај нас, преводот на англиски јазик ќе го најдете под наслов „The keeper of lost causes: the first Department Q novel“, прва од серијата на 6 книги. Многу добар детективски роман, топло ви ја препорачувам поради возбудливата содржина.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom