Книги кои би ги препорачале

  • Креатор на темата Креатор на темата JeCILaDy
  • Време на започнување Време на започнување
Ми падна во раце деновиве "Девојката со бисерна обетка" од Трејси Шевалие.
Мислев дека ке биде досадна, ама на мое задоволство ја прочитав во еден здив. Станува збор за една девојка на 16 годишна возраст која работи како слугинка во домот на еден сликар, кој го инспирира да црта.
Имате топла препорака од моја страна.

Прочитај и други од Трејси Шевалие, многу и се убави.

Он топик. Портрет од Ијан Пирс. Првата негова книга која ја прочитав беше Случај патоказ и премногу ми се допадна. Портрет исто така е премногу добра. Дефинитивно ја препорачувам.
Главниот лик е еден сликар кој се повлекол на еден остров и живее осамено веќе 4 години. Потоа, кај него доаѓа негов пријател кој бара да му направи портрет. Раскажувањето е во прво лице, целата книга ја раскажува сликарот, значи нема дијалози. Книгата е всушност муабетот на сликарот кон пријателот, дури овој го слика. Почетокот е малце монотон, но понатаму ќе ве изреволтира текот на настаните.
Мала е книгава, 160 страни, дефинитивно вреди.
 
Од Руските автори срдечно ги препорачувам "Демони" и "Браќа Карамазови" од Достоевски, "Татковци и деца" од Тургенев и "Војна и Мир" од Толстој. Од Француските "Клетници" од Иго. Сеуште се мачам да пронајдам добра книга од модерниве автори, па ако има некој што знае, нека препорача.
 
Осаменоста на простите броеви - Паоло Џордано.. Ваа е интересна и има добиено награда.(y)
 
Книгата општо гледана е прекрасна, ама крајот едноставно го прави читачот премногу револтиран, барем така се чувствував јас на крајот.. Книгава е секако препорачлива, но не за секого.
 
Да да сите викаат дека крајот не е како што се прикажува али тоа е...се надевав на подобар крај али ништо :D
 
Крик во ноќта - Мери Хигинс Кларк. Прекрасна книга која те држи во неизвесност и напнатост до самиот крај. Игра на судбината во која не знаеш како ќе завршиш. Животна пресвртница на една млада жена, Џени, која се грижи за своите две деца, обидувајќи се да склопи крај со крај. Набргу запознава младич, Ерик, во кој се заљубува и наскоро се венчаваат. Животот во новата средина е прекрасен за целото семејство, но почнуваат да се случуваат чудни работи. Ерик е опседнат со својата мртва мајка, а Џени премногу потсетува на неа. Бајката наеднаш станува хорор приказна во која Џени се бори за својот и животот на своите деца.
 
Тунел- Петре М. Андреевски

Сигурно некој од претходно ја има препорачано оваа книга , меѓутоа еве и јас сакав да ви ја предложам доколку не сте ја прочитале да ја прочитате ...
Лесна за читање , книгата остава голем впечаток по прочитаното... Невена е главниот лик во романот , која го опишува својот живот ...
Романот започнува со болеста на нејзиниот дечко .... не би сакал да ви го откријам се од книгата бидејќи нема да ви биде интересно подоцна кога ке ја читате
Вреди да се прочита , нема да жалите за ниедна минута што сте ја одвоиле за нејзино читање ... а и една од подобрите книги на Петре М. Андреевски
Се сложувам дека вреди да се прочита, одлична книга која се чита во еден здив.
 
Од Руските автори срдечно ги препорачувам "Демони" и "Браќа Карамазови" од Достоевски, "Татковци и деца" од Тургенев и "Војна и Мир" од Толстој. Од Француските "Клетници" од Иго. Сеуште се мачам да пронајдам добра книга од модерниве автори, па ако има некој што знае, нека препорача.
.
Fuck America од Edgar Hilsenrath, ако сакаш цинизам до коска, ќе те бендиса.Нешто слично како Хенри Милер.
 
Книгата општо гледана е прекрасна, ама крајот едноставно го прави читачот премногу револтиран, барем така се чувствував јас на крајот.. Книгава е секако препорачлива, но не за секого.

Да да сите викаат дека крајот не е како што се прикажува али тоа е...се надевав на подобар крај али ништо :D

Мене цела книга не ми беше ништо посебно. Океј е, средина, ни добра ни лоша. Ама крајот - ужас.

Крик во ноќта - Мери Хигинс Кларк. Прекрасна книга која те држи во неизвесност и напнатост до самиот крај. Игра на судбината во која не знаеш како ќе завршиш. Животна пресвртница на една млада жена, Џени, која се грижи за своите две деца, обидувајќи се да склопи крај со крај. Набргу запознава младич, Ерик, во кој се заљубува и наскоро се венчаваат. Животот во новата средина е прекрасен за целото семејство, но почнуваат да се случуваат чудни работи. Ерик е опседнат со својата мртва мајка, а Џени премногу потсетува на неа. Бајката наеднаш станува хорор приказна во која Џени се бори за својот и животот на своите деца.
Ух, свршавање е книгава.
 
Игра во 'ржта - Џ.Д.Салинџер, книга што сметам дека секој мора да ја прочита.

Нека побрзаат додека уште се средно... :)))

На прва ми се допадна книгата, ја читав 2-3 година средно, пред една година и се навратив и нешто не бев одушевен. По читањето на Џон Фанте, веќе Селинџер не ми изгледа интересен и добар автор.
 
Ако сакате детективски романи тука е Агата Кристи, подобар писател од нејзе нема за крим.Секоја книга и е убава и нема промашај(y)
 
Баба ми ми поклони една книга.
Се вика Опус Писторум од Хенри Милер.
Ја има ли некој прочитано, добра ли е, знам дека е еротска нешто..:P
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom