Книги кои би ги препорачале

  • Креатор на темата Креатор на темата JeCILaDy
  • Време на започнување Време на започнување
The Stand- Stephen king

Најдобра хорор новела без реална конкуренција.
 
Беа избришани купче коментари од типот “Досадно ми е“ од авторот Членко Рандомски. Ако препорачувате, кажете ни зошто.
 
"Негирање од Кит Аблоу", добра психолошка приказна за нива убиства поточно ова се Френк Квеленџер серија од книги, доколку може да ги најдете останатите 5 книги, би било одлично.
и "Афера од Аманда Квик" приказна за жена која го мрази спротивниот пол, и затоа отвара еден вид агенција во која нуди услуги на жените да дознава за нивните сопрузи и сл. се зависни од коцкање, пијаници и дали се само заинтересирани за богатството на нивните жени. Мегутоа една од нејзините клиенти ке биде убиена па таа го истражува самото убиство со помош на нејзиниот асистент.
 
"Затоа што те љубам" од Гијем Мусо.
Романот е лесно четиво од типот романи на Ден Браун, но воедно опфаќа многу подлабока тематика, ако во книгите на ДБ те влече да читаш побрзо за да откриеш што ќе се случи понатака, овде страниците те влечат да ги читаш, но не за да увидиш како ќе заврши, туку за да сфатиш до каде се можат да одат твоите мисли. Книгава им ја препорачав на неколкумина пријатели, кои не се многу по книгите, па ми ја враќаа за ден-два, на почетокот мислев дека не сакаат да ја читаат, но сфатив дека истата ги оставала без сон, бидејки е роман кој не можеш да го оставиш откако ќе почнеш да го читаш.
 
Пеперутка - Сашо Тасевски
солидна приказна пренесена на многу на совршен начин
 
Сатански стихови-Рушди (ја читав на српски...)
 
"Затоа што те љубам" од Гијем Мусо.
Романот е лесно четиво од типот романи на Ден Браун, но воедно опфаќа многу подлабока тематика, ако во книгите на ДБ те влече да читаш побрзо за да откриеш што ќе се случи понатака, овде страниците те влечат да ги читаш, но не за да увидиш како ќе заврши, туку за да сфатиш до каде се можат да одат твоите мисли. Книгава им ја препорачав на неколкумина пријатели, кои не се многу по книгите, па ми ја враќаа за ден-два, на почетокот мислев дека не сакаат да ја читаат, но сфатив дека истата ги оставала без сон, бидејки е роман кој не можеш да го оставиш откако ќе почнеш да го читаш.

Се согласувам. И јас пред некое време ја прочитав и добар впечаток ми остави. Лесна, но воедно и поучна книга.
 
Моите пријатели, моите љубови - Марк Леви. На првата половина некако ми изгледаше просечно но како се приближував до крајот се` повеќе ме влечеше. Одлична приказна за тоа како двајца татковци испробуваат на чуден начин да си го променат животот. Ја трагаат среќата незнаејќи дека цело време е тука меѓу нив. За тие што ја читале „Едно место на светот“ книгава е задолжителна.
 
браво за темава, ама жално е што повеќето заборавија како се држе книга во рака.....

Добра книга!
Majstorot i Margarita - Mihail Bulgakov
Nepodnoslivata lesnotija na postoenjeto - Milan Kundera
Besmrtnosr - Milan Kundera
Kniga za smeata i zaboravot - Milan Kundera
(omilen avtor.....nema potreba da nabrojuvam, se od nego)
Aktvnata strana na beskrajot - Carlos Castaneda
Sluchai - Daniel Harms
.........................................
samo prodolzete da chitate......... :salut:.

 
БИлка на бесмртноста- Јован Стрезовски
и Времеплов-незнам од кого беше. Иначе тие книги ми оставија многу добар впецаток од моето детство
 
Последната кашмирска роза од Барбара Клеверли
Одлична книга, штотуку ја прочитав
Дејството се случува во 1922 год во Паникат недалеку од Калкута. Жените на офицерите на Бенгалскиот полк насилно умираат, секоја година во март по една.
Населението мисле дека се работи за несреќни случаеви се додека Џо Сандиленс, детектив и воен ветеран не ја открие вистината
 
Тунел-Ернесто Сабато
Фукоовото нишало-Умберто Еко
 
Алхемичарот - Пауло Куелјо
Убиство во Ориент Експрес - Агата Кристи
Заборавете дека сте имале ќерка - Сандра Грегори(авторката пишува за случка што и се случила на неа и лошите страни на затворот ...вреди да се прочита):kesa:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom