Книга од која не ви е доста

  • Креатор на темата Креатор на темата Marina_21
  • Време на започнување Време на започнување
,,Сид"- Пјер Корнеј
,,Хамлет"- Шекспир
,,Бедни луѓе"- Достоевски
 
Улави Години - Брано Ќопиќ - Знам дека книгава е лектира за 6то, ама на времето ја прочитав над 10 пати и секој пат уште повеќе се смеев на доживувањата на децата и секогаш плачев на крајот, не знам зашто некако многу тажно ми завршува, некако многу ме ежи и ја сакам таа книга.

П.С Те Сакам - Сесилија Ахерн
- Книгава е прилично дебела, ама ја обожавам многу е убава, интересна книга и не ми е проблем одново и одново да ја читам пак.

Клетници - Виктор Иго - Аааа книгава е....:cuc:

Има уште неколку така книги кои многу ги сакам и колку пати и да ги препрочитувам не ми стануваат досадни.
 
ХАРИ ПОТЕР! Книга со која растев, и сеуште ја читам во еден здив!!
Исто така и "Еквинокс" од Мајкл Вајт, бев скептична пред да почнам да ја читам но сега повторно би ја прочитала за еден ден
 
Улави Години - Брано Ќопиќ - Знам дека книгава е лектира за 6то,ама на времето ја прочитав над 10 пати,и секој пат уште повеќе се смеев на доживувањата на децата и секогаш плачев на крајот,не знам зашто некако многу тажно ми завршува,некако многу ме ежи и ја сакам таа книга.

П.С Те Сакам - Сесилија Ахерн
- Книгава е прилично дебела,ама ја обожавам многу е убава,интересна книга и не ми е проблем одново и одново да ја читам пак.

Клетници - Виктор Иго - Аааа книгава е....:cuc:

Има уште неколку така книги кои многу ги сакам и колку пати и да ги препрочитувам не ми стануваат досадни.

Книгава......книгава.....книгава.... више ја научив што на која страница има... Се скапав од читање како помал (за лектира кога беше ја рецитирав:pos:) Ако не сум ја прочитал едно 7 пати досега...
Истотака и Робинсон Крусо... Типов ептен му е дивев како можеше така да се снајде....
 
Улави Години - Брано Ќопиќ - Знам дека книгава е лектира за 6то,ама на времето ја прочитав над 10 пати,и секој пат уште повеќе се смеев на доживувањата на децата и секогаш плачев на крајот,не знам зашто некако многу тажно ми завршува,некако многу ме ежи и ја сакам таа книга.

Леле баш ме потсети да побарам по домашнава библиотека и да си ја прочитам пак. Само што го прочитав насловот и ми текна на близнаците, мислам Бранко и Ранко дека се викаа, кога го нервираа стражарот.
Значи книги од кои не ми е доста, сите лектири од 5-8 одделение :):):). А ќе ги додадам и:

Музика и тишина - Роуз Тремејн
Пурпурен хибискус - Чимаманда Н. Адичи
Парфем - Патрик Зискинд
Оркански височини - Емили Бронте
Изгубени илузии - Оноре де Балзак
Чичко Горио - Оноре де Балзак
Ние, децата од железницата ЗОО - Кристијана Ф.
100 потези со четка пред спиење - Мелиса П.
 
Исто така и "Еквинокс" од Мајкл Вајт, бев скептична пред да почнам да ја читам но сега повторно би ја прочитала за еден ден

Исто и мене многу ми се допадна. Ептен добар спој на минатото( со врвни научници алхемичари како Исак Њутн) и со сегашноста...:smir:

Клетници - Виктор Иго - Аааа книгава е....:cuc:


Фантастична... Многу интересна приказна... Иако има 500 страни многу лесно се чита
 
Клетници - Виктор Иго - Аааа книгава е....:cuc:





Оваа книга сум ја имал читано преку 10 пати
 
Azbuka Za Neposlusnite, Vensko Andonovski..prosto go ljubam covekov!
Razgovor so Spinoza, Goce Smilevski:cuc:
Kletnici, Viktor Igo(prva verzija mi bese Kozeta i Gavrosh..od togas ja zasakav)
i mnogu, mnogu drugi da ne preteruvam aj dosta se tri!
 
Тројцата мускетари од Александар Дима
Четири книги беа нели, и ги читав кога бев 6то одд. Едно време и јас знаев како одеа дијалозите, сега сум ја подзаборавил, но повеќето работи ги знам.
 
Па дај биди поопширна, бар пиши кој ја напишал бе Оли :)

Станува збор за едиција на книги од народната мудрост у тогашна СФРЈ. Најчесто во склоп иде со ,,Народњи Кувар‘‘.
 
Вистинскиот Фидел Кастро“ од Листер Колтман...писателов бив амбасадор во Куба на времто...и стварно напишал одлична книга како збир и резиме на многу претходни кои го обишуваат животот и предизвиците со кои најголемиот лидер се соочувал..
Ендоставно ако сакате за момент да ја почуствувате харизмата која Фидел Кастро го направи најголем и за мене најценет политичар..човекот кој живее за својот народ ...тоа е оваа книга...преуба е!! Си ја купив на времто за матурата како поклон за себе си..
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]"Сандеј телеграф" ја прогласува за најинтимна и најобјективна биографија на Кастро !!
Земете си ја и уживајте.. :)

[/FONT]
 
Книга од која мислам дека никогаш нема да ми биде доста е Крик во ноќта од Мери Хигинс Кларк. Прекрасна книга која ја имам прочитано 7 пати до сега. Разработува интересна приказна и прикажува колку навидум идиличните работи можат да бидат ’изопачени’.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom