Книга од која не ви е доста

  • Креатор на темата Креатор на темата Marina_21
  • Време на започнување Време на започнување
Творчеството на Елин Пелин.

Ја имам прочитано само Јан Бибијан (пред 6-7 години) и многу ми се допаѓа неговата фантазија во раскажувањето, нешто налик на Жил Верн.

Инаку нај, нај книга ми е Улавите години. Дефинитивно треба да ја прочита секој човек, ќе си ги разбуди емоциите од основно и средно училиште.
 
Ја имам прочитано само Јан Бибијан (пред 6-7 години) и многу ми се допаѓа неговата фантазија во раскажувањето, нешто налик на Жил Верн.
Jан Биниjан е класика. :smir: На мен обаче повече ми се допаѓат разказите му за селскиот живот во почетокот на 20-ти век.
 
Малиот принц
и Сликата на Доријан Греј, ама на англиски.
Конечно сега си ја имам за мене (:
 
''Галебот Џонатан Ливингстон'' од Ричард Бах,''Животинска Фарма'' од Џорџ Орвел...
 
би ја читала Бојан од Горјан Петрески ли беше во седмо ја читав знам и ептен ме бендиса ..одамна неам читано би зела сеа некое крими романче од Агата или онај Шерлок Холмс.. го заборајв авторот..
 
"Дервишот и смртта" на Меша Селимовиќ. Ја имам читано неколкупати и сигурно ќе ја читам уште многупати. Со секое ново читање, откривам нешто по нешто ново за луѓето и за себе. А исто така и "Не ми е страв" на Николо Аманити... Без зборови.
На двете се убивам од плачење и никогаш не ми е доста од овие книги.
 
Луѓе на лагата - Скот Пек

супер книгиче. Ги опишува сказните на неколку луѓе кои доаѓаат кај него. (психијатар е инаку) Луѓето се едноставно отпорни на секаков вид помош затоа тој на нив гледа како на чисто зло (неизвалкано од љубомора или завист). Во книгата ги опишува карактеристиките на злото со психолошки термини, кое според него треба да стане психијатриска дијагноза.

Кревет покрај прозорорецот- од истиот автор.

Преплет на карактери во старски дом, лице со специјални потреби, неколку сестри, полицацец и убиство.
 
I would have to say..... Хари Потер 5 дел .. и Англискиот атентатор ... и храмот на инките .. и уше илјада пати да ги читам нема да ми досадат ... сите три се различен тип на книги ..сепак заедничко им е тоа шо и 3 успеваат да ме внесат целосно во приказната .. не сум јадела заради нив .. цел ден читање ! :vozbud::vozbud:
 
"Бојан" и "Волшебното самарче" од мала ги читав по 100 пати,на памет ги учев :)

Сега не практикувам да читам една книга повеќе пати,мислам дека филмот е да ја сфатиш поентата на самата книга,а не да учиш да ја рецитираш.
 
Хари Потер сите книги!
Ерагон ама повеќе Првородениот од Кристофер Паолини!
Папата Јован - нешто прекрасно кое ќе го читам уште многу пати!
Девојката со Портокали!
Дневникот на Принцезата!
Патот на Срцето од Ошо!
И многу многу други!:smir::smir::smir:
 
Брида од Пауло Коелјо. од таа книга никогаш нема да ми биде доста
 
Затоа што те сакам - Гијом Мусо. Неверојатна книга. Мислам дека нема човек на кој не би му се допаднала. Ја препорачувам на сите, и на оние кои сакаат трилери, и на оние читатели кои сакаат љубовни романи.
Се работи за еден брачен пар чија ќерка е исчезната. Времето минува, а од неа нема ни трага ни глас. Таткото Марк не може да го издржи тоа и станува бездомник и алкохоличар. Точно 5 години откако девојчето исчезнува, се појавува повторно, на истиот датум и на истото место од кај што ја изгубиле. Но, не зборува ништо. Паралелно, книгата ги следи животите на уште две девојки. Иви е тинејџерка, бездомник, која сака да убие еден човек. Алисон е милијардерка, наркоман, алкохоличар. Судбините на Марк, неговата ќерка Лејла, Алисон и Иви ќе се испреплетат откако ќе патуваат во истиот авион.

Немам зборови за книгава, прочитајте ја.
 
Во овој кош би ги ставил Демијан од Херман Хесе и Малиот принц од Антоан Де Сент Егзипиери. Тоа се книги кои не учат на животот.
 
Една од првите прочитани Мамо те сакам- Вилијам Саројан, ми има оставено силен впечаток на мене, го сакам како автор и кога и да ја читам не ми е доста.
Љубов за 14/2 долари-Буковски, ми се допаѓа лузерството и сировоста во неговите раскази.
Ask the dust-John Fante
Фредерик Бегбеде - Раскази под екстази
Преобразба-Кафка....

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom