Кладилница (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Топче
  • Време на започнување Време на започнување
Немам среќа со кладилницава повеќе .. средата ги чекав Кил ракометот последна изгубија , денес ги чекам Велс 1&2-3 и Португалија 1&3+ и кретенон ремзи не знае пенал да шутне да ти ебам клошарот .
 
Кој мизерии се ова Португалциве неверојатно.
 
Дојдоа репрезентациите и мора да се фатиме на работа. Помал избор има од минатиот пат, бидејќи повеќе работи се решија, а некои како Русија и Босна кои мора да победат имаат смешни коеф.
Сепак не е за потценување работата, има 6 натпревари за играње.

Украина-Полска (1.8) Украина е домаќин и поквалитетен противник од Полска. Многу работи ќе се знаат во оваа група после вечерашните натпревари и двете имаат само по еден пораз до оваа 8мо коло. Предноста на домашен терен сепак јас ја ставам клучна на овој натпревар. Да напоменам дека овој е со највисок ризик.

Грција-Словачка (1.55) Грците играат страшно тежок фудбал, односно со гол-разлика 9-4. Словачка има 9-7. Грците се израмнети со Босанците на врвот на табелата со по 19 бодови. Босна оваа коло игра со Лихтеншајн, а последното со Литванија нагости, додека Грција во последното игра со Лихтенштајн дома. Што значи дека со победа денеска, ќе се надева на кикс нагости на Босна кај Литванија, за да биде прво место. Ова ќе биде можно само ако победи вечерва Грција, што мислам дека ќе биде некоја минимална.

Шведска-Австрија (1.75) Овде треба да се провери дали ќе игра Ибра. Ако тој игра, тогаш и натпреварот е за пишување. Шведска има 3 бода повеќе од Австрија, а во последното коло игра против Германија. Не смее да ризикува да не победи, затоа што после ќе мора да игра на резултат против Германија, а Австрија игра против Фарски во последно коло. Австрија има и подобра гол-разлика, а и ако не победи Шведска ќе биде полоша во меѓусебниот дуел. Доволно е да се каже дека Шведска со победа е официјално во баражот, што е повеќе од добар мотив.

Ислад-Кипар (1.45) и Естонија-Турција (1.45) се според мене најсигурните за вечер. Се разбира победа на Исланд и Турција. И на двете им е страшно потребно да победат, а играат против послаби противници.

Последната за играње е Англија, која со победа си обезбедува барем бараж, а со победа во последното и директен пласман. Коеф. е 1.4 , а вреди да се спомене и дека Вучинич е недостапен за Црна Гора вечер.

Коеф. се од спортлајф.


(y)(y)(y)

На еден лист Исланд, Турција, Украина и Шведска

На друг лист Исланд, Турција, Грција, Англија и Швајцарија.

Да не ми е од око ми тргна малку со спортската :D. Ви реков јас дека репрезентациите се за играње, само треба да знаеш добро што да избереш, односно да ги играш оние кои мора да победат, односно кои ќе загубат евентуално повеќе од тебе ако не победат. Гледам повеќе паднале на Португалија, а според мене не беше за играње затоа што во секој случај Португалија беше второ место. Русија игра со ептен слаби противници во последните две кола, за Португалија да има било какви шанси да биде прво.

Со алал нека им се парите на оние кои ме следеле, се надевам дека ги има такви. Комбинирано оваа и минатото коло на репрезентациите мислам дека погодив 17 парови од исто толку типувани.
 
Кој му дал топка на Чичарито како мал и му рекол дека може да биде фудбалер, сега гарант во гроб се превртува...
 
МЗТ - Будуќност 2
Тесна утакмица ќе е али како што видов вчера МЗТ останаа без Дамјан Стојановски , ќе им биде тешко без еден од најдобрите во нивниот состав .
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom