Интересна тема за дискусија. Дефинитивно ќе се согласам дека не е препорачливо батериите да се цедат баш до исклучување на уредот, туку само до првото предупредување за празна батерија.
За Киндл конкретно, експериментирав со тоа колку трае батеријата после првото предупредување... и можам да кажам дека прилично трае. Е сега пошто ваквите уреди со е-инк екрани најмногу енергија трошат кога менуваат слика на екранот, времето на работа после предупредувањето не е показател. Но бројот на менување на екранот (нови страници) дефинитивно е показател. Во случајот на Киндл, се работи за барем 100тина страници.
Така да, јас лично си продолжувам да читам уште солидно време после предупредувањето... до првото здосадување или прекинување на читање од било која причина. Тогаш го ставам на полнач и не го дирам додека не се наполни. Со оригиналниов полнач се полни за некои 3 саати, можеби малку повеќе. На компјутер, отприлика дупло повеќе време треба, ама па тоа го правам само кога ставам нова литература (а секогаш ставам многу).
Пример, имам лаптоп од 2007 година, значи веќе 6 и пол години секојдневно користење (Асер), батеријата нонстоп во него и на адаптер. И после сето тоа време ми држи по 30-40 минути на батерија, додека првично дрќеше некои 2-2.5 часа. Се случувало на нови лаптопи (до 6 месеци) да им рикаат батерии и да не држат воопшто.
Јас во вакви ситуации навистина не знам зошто батеријата веднаш не се вади од лаптопот. Батеријата може веднаш да иде во фиока, ако се користи лаптопот постојано вклучен во струја.
Ама ОК, признавам дека сум олд скул за овие работи. Мене не ми е јасно и зошто денес луѓево малтене сите имаат лаптопи а немаат десктоп (или па имаат ама не го користат).
Смешно ми е како 99 од 100тина сопственици лаптопот го користат како класичен десктоп: дома и вклучен во струја (значи неподвижен).
Јас?
Дајте ми 22 или 24 инчен монитор, добра full-size тастатура (по можност со механички Cherry тастери), добро full-size глувче, и нормално добро озвучување.
И не зборам за играње (ок, не само за тоа), туку за нормална секојдневна работа.
