Kindle

  • Креатор на темата Креатор на темата Srcee
  • Време на започнување Време на започнување
Од каде го зема и колку? Јас него го меркав прво, во главно поради microSD слотот, ама кај нас не го донасаат, и Sony и рекоа затоа што нема македонска поддршка нема ни да го донасаат.

Го нарачав од Амазон, го пратив на една другарка од Америка и таа после ми го прати мене. Цената мислам дека му беше 129 долари. Се двоумев дали да го пратам преку фирма-посредник, но вака ми беше поедноставно. Но, другарка ми ја згреши малку адресата, па пакетот се врати во Америка, па мораше по втор пат да го праќа. Така да, сè на сè, не ми се фати баш ефтино. Бидејќи Амазон не го праќа кај нас, мора да се користи посредник при праќање, што е додатен трошок.
 
Јас од тука планирав да го земам http://www.bookdepository.com/. Тогаш беше околу 120 евра акциска цена некоја мислам дека беше, со бесплатен шипинг, ама според математиката, со царина и данок уште поскапо ќе испаднеше, затоа се одлучив за киндлот на крај. Се на се 100 евра ме фати. Можеш да прочиташ на почетокот на темава што сум пишувал, околу 3-4 страна.
 
И јас прво размислував повеќе, бидејќи Киндл-от навистина поефтино се фаќа, но многу ми пречи тоа со регистрацијата, па решив да почекам да соберам повеќе пари, па да го купам Сони-то. Ми се погоди малку повеќе да потрошам и од планираното, но не жалам многу, повеќе се радувам на читачот. :) Ја читав темава цела инаку, уште од почетокот. :)
Инаку, Сони сега го повлекуваат Т1 и почнуваат со продажба на Т2.
 
Од каде ти е тоа дека мора да се регистрираш и зашто би ти пречело? Кога го купив немав wifi и го терав недела-две нерегистриран.
 
Па добро, а што после тие две недели? Ако веќе се купува геџет со wi-fi, нели е нормално да се очекува тоа некогаш и да се употреби – на пример нуди корисно пребарување на Википедија и на Гугл. Секој е различен и бара да го купи она што смета дека му одговара.
 
Ама мислам дека може да се сурфа и без да го регистрираш Kidnle-от. И фала богу дека го употребувам wifi-то (исклучиво за трансфер на книги и документи), само во моментот немав.
 
Според она јас што го знам, Kindle-от бара регистрација за да може целосно да се употребува.
 
Јас го регистрирах мојо киндл после 1 година. Претходно си го користих со Калибре и беше перфектен. Регистрирах го да покажам на една мома тука на форумо како да си праќа книги по емаил. Сега иам реклами на него шо ме дразнат. МОже и нерегистриран да е, и не дава никакви проблеми.
 
Според она јас што го знам, Kindle-от бара регистрација за да може целосно да се употребува.

Зависи што подразбираш под „целосно употребување„.
За да читаш на уредот не мора да го регистрираш. За да купуваш кнги и други работи од Амазон мора да го регистрираш.
Сони читачот нема опција за купување книги директно од Амазон, логично е дека нема потреба од регистрација.... на Амазон.

За парите нема поисплатлив читач од Киндл. Амазон оди со ниски цени зошто Амазон правите пари не ги прави од продажба на читачите туку од продажба на книгите.
 
Сакав да кажам дека ако не е регистриран Киндл-от, не може да се користи интернет конекцијата и не може да се користи пребарување. Ако се вклучи wi-fi, веднаш си бара регистрација. Не ми е толку до купувањето книги онлајн, колку до корисното пребарување. Кога читам книга, често барам нешто повеќе за она што не го знам. Плус, ако не се конектира Киндл-от, не можат да се спуштат другите речници, а во Сони-то веќе има 12 речници, за шест јазика, двонасочни со англиски. Од тие 6 јазици, само еден не можам да читам, па и тие ми се потребни.

А кажав дека и јас многу се двоумев, баш поради цената на Киндл-от, но на крај се решив да го купам другиот читач.

Знае ли некој дали се продава ли Kindle во Србија?

Јас колку што знам, не. Во поголемите продавници за технологија нема сигурно, а и по форумите не кажуваат дека има некаде.
 
Не ми е толку до купувањето книги онлајн, колку до корисното пребарување. Кога читам книга, често барам нешто повеќе за она што не го знам. Плус, ако не се конектира Киндл-от, не можат да се спуштат другите речници, а во Сони-то веќе има 12 речници, за шест јазика, двонасочни со англиски. Од тие 6 јазици, само еден не можам да читам, па и тие ми се потребни.
Не знам за Сони-то, на Киндл-от можеш да ставиш кој сакаш речник, од било кој јазик (ги имаше стотици)... Јас лично користам само Англискo-Англиски речник и дефаулт Оксфордовиот испадна дека ми е доволен. (имам куп други ставено, Webster-и и какви не, ама оксфордовиот ми е некако најконцизен).

Муабетот ми е дека не треба интернет конекција за тоа, со програма ставам како речник сакам, исто и книгите. Не дека интернет конекција некогаш не затребува за некои други сосема нерелевантни работи ама генерално не ти е потребна за да го користиш читачот.
Друга работа, што ја немаат Сони и другите фирми/брендови кои имаат помал пласман на читачите, е опцијата за алтернативни оперативни софтвери. Кога ќе инсталираш такво нешто дефинитивно расчистуваш со Амазон.

Се е кул, секој си одбира она што му одговара, по сопствени потреби и убедувања. Само сакав да нагласам дека Киндл е моментално најисплатлив и доволно флексибилен читач.
 
Сакав да кажам дека ако не е регистриран Киндл-от, не може да се користи интернет конекцијата и не може да се користи пребарување. Ако се вклучи wi-fi, веднаш си бара регистрација. Не ми е толку до купувањето книги онлајн, колку до корисното пребарување. Кога читам книга, често барам нешто повеќе за она што не го знам. Плус, ако не се конектира Киндл-от, не можат да се спуштат другите речници, а во Сони-то веќе има 12 речници, за шест јазика, двонасочни со англиски. Од тие 6 јазици, само еден не можам да читам, па и тие ми се потребни.

А кажав дека и јас многу се двоумев, баш поради цената на Киндл-от, но на крај се решив да го купам другиот читач.

Јас колку што знам, не. Во поголемите продавници за технологија нема сигурно, а и по форумите не кажуваат дека има некаде.
Јас го имам веќе една година ако не и повеќе, туку си уклучувам wi-fi и не ми барало регистрација.
 
Имам впечаток дека делувам како еретик. Темава е за Киндл, но нема општа тема за електронски читачи, па затоа тука си го напишав мислењето.

Кажав дека мене најмногу ми пречи регистрирањето на Киндл-от, иако големи разлики во функциите меѓу двата читачи нема. Не сакам Амазон да имаат извештај за тоа што читам. Според сите работи кои ги прочитав на Интернет, Киндл-от при вклучувње wi-fi бара регистрација, а никаде не прочитав дека може wi-fi да се користи со нерегистриран Киндл и ова овде првпат го прочитав. Пребарувањето непознати работи при читање за мене воопшто не е нерелевантно.
 
Пребарувањето непознати работи при читање за мене воопшто не е нерелевантно.
Само да расчистиме, речникот во Киндл функционира без никаква интернет врска и можеш да инсталираш кој сакаш од стотици комерцијални и некомерционални речници на различни јазици. Интернет треба само ако фаќаш белешки и сакаш истите да се снимат на серверот за да ги синхронизираш со друг киндл/РС.
На некое друго пребарување мислиш, или зборуваме за наоѓање на значењето на зборови кои не ги знаеш?

Сакаш да кажеш дека додека читаш вај-фајот ти е уклучен цело време? :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom