Од каде го зема и колку? Јас него го меркав прво, во главно поради microSD слотот, ама кај нас не го донасаат, и Sony и рекоа затоа што нема македонска поддршка нема ни да го донасаат.
Го нарачав од Амазон, го пратив на една другарка од Америка и таа после ми го прати мене. Цената мислам дека му беше 129 долари. Се двоумев дали да го пратам преку фирма-посредник, но вака ми беше поедноставно. Но, другарка ми ја згреши малку адресата, па пакетот се врати во Америка, па мораше по втор пат да го праќа. Така да, сè на сè, не ми се фати баш ефтино. Бидејќи Амазон не го праќа кај нас, мора да се користи посредник при праќање, што е додатен трошок.