Kindle

Член од
19 јули 2012
Мислења
132
Поени од реакции
85
Јас имам Nook Color веќе неколку месеци, и сум многу задоволен. Не ги замара очите, и лесно се наоѓаат книги за него во .epub или mobi формат. Имам направено и acc на B&N па си симнав еден тон бесплатни апликации. Подржува mp4/mp3 , се изнагледав филмови и се изнаслушав музика. Има меморија од 1 гб, ама со оглед на тоа дека microsd се многу евтини , не е проблем да се зголеми меморијата. Може многу лесно со едно програмче преку мемориската картичка да се претвори во тотална андроид таблета, но јас не се замарав со тоа бидејќи ми треба за читање.Слично како некој што напиша погоре беше земен за многу мала цена , и конечно седнав и си симнав цели колекции на книги да ги исчитам на раат (Discworld - 39 книги на пр.). После ова искуство, дефинитивно не би одел назад на книги од хартија.
п.с.моментот кога влегуваш во библиотека во сад и ти даваат електронска копија на книгата - priceless.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Ако веќе зиам лцд екран би зел таблет за истите пари.
Нема поента од лцд - ебук читач.
 
Член од
19 јули 2012
Мислења
132
Поени од реакции
85
Ако веќе зиам лцд екран би зел таблет за истите пари.
Нема поента од лцд - ебук читач.
Зимаш CM7 (добро малце покомплицирано е од ова ама има милион туториали на интернет) , го ставаш на добра и брза microsd (8 gb / class 4/6 / Sandisk) и имаш dual boot. Ако нешто се зезне, само извади ја картицата и ќе се лоадира основниот софтвер. Дури ни гаранцијата не ти страда од ова.
Брзината е поголема од Galaxy Tab бидејќи Nook Color -от е наполнет со јак хардвер (отприлика како Droid X) и со CM7 си добиваш Android Tablet.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Зимаш CM7 (добро малце покомплицирано е од ова ама има милион туториали на интернет) , го ставаш на добра и брза microsd (8 gb / class 4/6 / Sundisk) и имаш dual boot. Ако нешто се зезне, само извади ја картицата и ќе се лоадира основниот софтвер. Дури ни гаранцијата не ти страда од ова.
Брзината е поголема од Galaxy Tab бидејќи Nook Color -от е наполнет со јак хардвер (отприлика како Droid X) и со CM7 си добиваш Android Tablet.
Само шо DroidX има стар андроид во него = не можеш да ги користиш најновите апликации, ниту пак има еднакво голем app store ко google play store. И што има 800 MHz TI processor with 512 MB RAM. А за 5000рки имаш андроид таблет со 4.0 ice cream sandwich и 1гхз-512рам.

149 usd = 7100mkd

5000 << 7100 mkd
а да не збориме шо гаранцијата ти важи во македонија (заразлика од нукот кој мора да си шетнеш до америка да го опраиш)

Иначе, класа 4/6 според тебе се брзи картици? :D
 
Член од
19 јули 2012
Мислења
132
Поени од реакции
85
Само шо DroidX има стар андроид во него = не можеш да ги користиш најновите апликации, ниту пак има еднакво голем app store ко google play store. И што има 800 MHz TI processor with 512 MB RAM. А за 5000рки имаш андроид таблет со 4.0 ice cream sandwich и 1гхз-512рам.

149 usd = 7100mkd

5000 << 7100 mkd
а да не збориме шо гаранцијата ти важи во македонија (заразлика од нукот кој мора да си шетнеш до америка да го опраиш)

Иначе, класа 4/6 според тебе се брзи картици? :D
Пријателе, првин се жалеше дека не е таблета.
Сега е прескапа.
Сега што е наредно, ќе кажеш дека не доаѓа плавуша со нукот, па ако ти кажам дека доаѓа, ќе кажеш не е Швеѓанка? :)
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Пријателе, првин се жалеше дека не е таблета.
Сега е прескапа.
Сега што е наредно, ќе кажеш дека не доаѓа плавуша со нукот, па ако ти кажам дека доаѓа, ќе кажеш не е Швеѓанка? :)
Киндл е топ (воедно и нормалниот нук) пошто е е-инк.
Ако некој веќе се одлучува за лцд, афтоматски подобро е да земе таблет бидејки:
- tablet == nook color + триса други можности
- поефтин е

Не знам шо не ти е јасно.
 
Член од
19 јули 2012
Мислења
132
Поени од реакции
85
Киндл е топ (воедно и нормалниот нук) пошто е е-инк.
Ако некој веќе се одлучува за лцд, афтоматски подобро е да земе таблет бидејки:
- tablet == nook color + триса други можности
- поефтин е

Не знам шо не ти е јасно.
Па јас не работам за нук па да го рекламирам. Прво кажа дека не е таблета, ти кажав како да го направиш да биде таблета. Мене ми врши работа и така и така.
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
YoYo1 со други зборови Isak Keyten сака да ти каже дека нема поента да се зима уред кој не е ни ebook reader а не е ни таблет. За читање не го бива оти нема e-ink екран, за таблет користење не го бива затоа што има слаба конфигурација и стар ОС.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.290
Поени од реакции
34.879
... мислам дека немаат право да ти го заклучат kindle-от, можеби би можеле само да тинги избришат книгите. Ова исто како да ти го заклучат компјутерот оти користиш пиратски програми.
Сигурен си дека немаат право, си го прочитал фајн-принтот во end user licence?
Немој да се изненадиш дека си се согласил и дека се откажуваш од првороденото дете во нивна корист! :)

Во затвор се иде и ненормални парични казни се даваат од ракав за дузина песни во мп3, мислиш дека ќе му се мислат remote да заклучат уредче од 100$ на некој што не им направил ни долар профит од купување „легални„ книги? (па уште и нивниот сервис го употребува за уплоад на пиратирани книги... хехе)

The Software will provide Amazon with data about your Kindle and its interaction with the Service (such as available memory, up-time, log files, and signal strength). The Software will also provide Amazon with information related to the Digital Content on your Kindle and Other Devices and your use of it (such as last page read and content archiving). Annotations, bookmarks, notes, highlights, or similar markings you make using your Kindle or Reading Application and other information you provide may be stored on servers that are located outside the country in which you live. Any information we receive is subject to the Amazon.com privacy notice located at www.amazon.com/privacy.
Ова е само дел за „приватноста„ има и делови за „кршење„ на rights of service или така нешто. Ме мрзи да барам каде го читав тоа...


Момци, доволно заебано е што Киндл си праќа „извештај„ за содржината на секое закачување на интернет. Не си ја барајте бељата, Calibre под маус курсорот и вршете си ја работата многу побезбедно и пократко (и поедноставно еднаш кога ќе се поднаучи програмот).

Дури и алтернативен OS не е наодмет. Дуокан е моментално најдобар.
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Ако има некој свој хост на нет, нека го инсталира овој file manager http://www.solitude.dk/filethingie/.
Јас вчера го тестирав, можеш да се логираш на него и преку kindle-от да симнуваш книги директно од својот сервер. Планирам целата calibre library да ја качам на серверот.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.010
Поени од реакции
5.666
Момци, доволно заебано е што Киндл си праќа „извештај„ за содржината на секое закачување на интернет. Не си ја барајте бељата, Calibre под маус курсорот и вршете си ја работата многу побезбедно и пократко (и поедноставно еднаш кога ќе се поднаучи програмот).
Дури и алтернативен OS не е наодмет. Дуокан е моментално најдобар.
Тоа ми беше поентата, со секој приклучок на нет ти испраќаш извештај до Amazon, така да не ти менува многу дали си ги праќаш книгите или не ги праќаш преку mail. Пребарував на нет, и не гледам на некој да му го блокирале Kindle-от. И зарем инсталирањето на друг оперативен систем е легално?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.290
Поени од реакции
34.879
Имаше на мобајлрид форумите поплаки за заклучени ридери, избришани цели библиотеки и такви работи. Како и да е нема зошто да не се биде претпазлив, посебно кога со Калибер се е побрзо и имаш целосна контрола на процесот на конверзија. Башка колку време ти треба да пребациш поголема количина книги во ридерот кога одиш една по една книга преку маил?? Да не ни почнуваме за сајз лимитот (стрипови, книги со илустрации/слики)...

Дуокан инаку функционира и како втор ОС, Амазон нема ни да знае дека го имаш.
Ниту пак ќе мораш да одиш онлајн со амазоновиот ОС, освен ако не сакаш да купуваш книги од нив... што не видов дека напиша дека го правиш.

ОК, можеби сум малку параноичен ама по мене, подобро параноичен одколку заебан. :)
--- надополнето: 15 октомври 2012 во 16:55 ---
Уште една работа, не е исто извешатај за содржина и целосен пристап до таа содржина (уплоад на нивниот сервер). На пример не голем проблем тоа што Амазон знае дека ги имаш тие и тие книги во ридерот. Може ти се од библиотека позајмени, може ти се купени од друг легален онлајн извор... Не можат да ги анализираат книгите така а со уплоад преку маил можат.

Ме следиш?
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.010
Поени од реакции
5.666
Се е ок, се сложувам со тебе, само што мислам дека нема други продавници од кои можеш да купиш "оригинални" kindle книги. Исто така, кога купуваш книга, истата е drm кодирана за да ја отвора само на твојот Kindle, додека пиратскиве немаат drm. Сепак, ќе ги преземам безбедносните чекори :) И ме интересира од кај го симна Duokan-от, многу тешко се наоѓа :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom