Kindle

  • Креатор на темата Креатор на темата Srcee
  • Време на започнување Време на започнување
Па до сега како префрлаше книги од компјутер на киндл?
Не го отвара ко usb па копи пасте?
Или од киндл книги си купила оригинални?

А што е тоа битно? Зошто едноставно не го прочиташ прашањето и да пишеш одговор ако знаеш. Ако не - си губиш време и себе и мене.

Не сум на мојот компјутер, а овде не го познава усб-то. Не дека сум должна да ти одговорам.
 
Srcee
Calibre има Kindle extension за правејне колекции, и за ставајне книги од компјутер на kindle.. Не ти требе никаков амазон програм за такви работи.
 
Ако сакаш да ти помогнам можеби треба да ги знам околностите не?
Ни ја не сум должен да ти помогнам па пробувам да бидам услужлив.
Тебе те мрзи да ми одговориш на моите прашања а сакаш помош.

И ако не го познава узб-то нема ни киндл програмот да ти го најде киндл-от.
 
Ако сакаш да ти помогнам можеби треба да ги знам околностите не?
Ни ја не сум должен да ти помогнам па пробувам да бидам услужлив.
Тебе те мрзи да ми одговориш на моите прашања а сакаш помош.

Чисто ме занима со тоа што ти кажав како сум префрлала до сега книги на киндл, како ќе ми помогнеш?

Srcee
Calibre има Kindle extension за правејне колекции, и за ставајне книги од компјутер на kindle.. Не ти требе никаков амазон програм за такви работи.
И како членов успеа да ми помогне без да ги знае околностите?
 
А чекај, шо ти реков јас? Calibre да симнеш у првиот одговор? Или не ме прочита?
Ај иди ѕирни го мојот прв цитат кон тебе за прашањето твое.
 
Srcee
Calibre има Kindle extension за правејне колекции, и за ставајне книги од компјутер на kindle.. Не ти требе никаков амазон програм за такви работи.

Ама и ова иде преку усб. Како да пратам книги на киндле мејлот?
 
Пали calibre, и отвори preferences па кликни на sharing books by email. Во новиот прозорец доле кај што пишува mail server кликни на gmail ако имаш gmail адреса, и внеси ги адресата во првите две полиња и пасвордот во третото поле, стисни ок, преку таа адреса ќе се праќаат книгите, само мораат да бидат .mobi .azw за да ги познае kindle адресата. Сега иди на kindle.com па кликни на Manage Your Kindle па од страната на Personal Document Settings. Тука ќе ти ја покаже твојата киндле адреса, кај мене е ficdogg@kindle.com.

Доле кај Approved Personal Document E-mail List додади ја твојата gmail адреса што ја внесе кај calibre серверот. За да не добиваш спам на киндлот мора сите емаил адреси да бидат додадени тука прво ако сакаш да добиваш документи преку емаил.

Сега пак во calibre уште кај истиот прозорец кликни на add email и додади ја твојата kindle емаил адреса и кликни на apply горе.

Сега од calibre left click на некоја книга connect/share>email to user@kindle.com и почекај малце додека ја upload-ne книгата. За да ја добиеш книгата на киндлот уклучи се на wifi и автоматски ќе се симне книгата. Само не очекувај да биде истантно за една минута две обично се покажува кај тебе на киндлот.

Пиши ако заглавиш некаде, јас го имам тестирано кај мене и праќа без проблем.
 
Srcee ficdogg Luki Junior и @сите_други
Не знам дали сте сериозни ама изгледа дека сте... :)

Подалеку од Амазон со нелегалните книги.
Да не се чудите ако ви го заклучат ридерот на следното ставање онлајн со киндлот.

Упатство:
(од памет, импровизирајте ако грешам во редослед или синтакса)

- Инсталирај најнова верзија на Calibre, уклучи го киндл на РС преку USB, активирај го Calibre.
- Икона Add books, горен лев агол, одбери ги (насочи локација на хард диск) и импортирај ги книгите во библиотеката на Calibre.
- Ипортираните книги (да ги има листано во главниот прозор на Calibre) десен клик и, една по една и заедно, десен клик и Send to device ==> Send to main memory
- Тоа е ако книгите се во MOBI или АZW формат, ако се во друг формат (PDF, EPUB, etc etc) тогаш: Ипортираните книги (да ги има листано во главниот прозор на Calibre) десен клик и, една по една и заедно, десен клик и Send to device ==> Send specific format to main memory. После само се избира форматот (MOBI по мене) и се чека програмот да ја заврши работата (има доле десно индикатор)

Има и други начини, имено да ги конвертирате книгите предходно (за да ја проверите успешноста) ама ова горе ви е доволно (за нивото на знаење).

За повеќе знаење RTFM.
http://manual.calibre-ebook.com ви е пријател!
 
Јас го користам кабелчето, и Калибре.
Сакаах да ја пробам опцијата как се праќа преку емаил, да видам дали функционира... иначе не би се занимавал со емаил или слични работи оти е ногу бавно.
 
Ај што е бавно, нејсе, правиот проблем е заклучен киндл заради пиратирање.
 
Srcee ficdogg Luki Junior и @сите_други
Не знам дали сте сериозни ама изгледа дека сте... :)

Подалеку од Амазон со нелегалните книги.
Да не се чудите ако ви го заклучат ридерот на следното ставање онлајн со киндлот.

Упатство:
(од памет, импровизирајте ако грешам во редослед или синтакса)

- Инсталирај најнова верзија на Calibre, уклучи го киндл на РС преку USB, активирај го Calibre.
- Икона Add books, горен лев агол, одбери ги (насочи локација на хард диск) и импортирај ги книгите во библиотеката на Calibre.
- Ипортираните книги (да ги има листано во главниот прозор на Calibre) десен клик и, една по една и заедно, десен клик и Send to device ==> Send to main memory
- Тоа е ако книгите се во MOBI или АZW формат, ако се во друг формат (PDF, EPUB, etc etc) тогаш: Ипортираните книги (да ги има листано во главниот прозор на Calibre) десен клик и, една по една и заедно, десен клик и Send to device ==> Send specific format to main memory. После само се избира форматот (MOBI по мене) и се чека програмот да ја заврши работата (има доле десно индикатор)

Има и други начини, имено да ги конвертирате книгите предходно (за да ја проверите успешноста) ама ова горе ви е доволно (за нивото на знаење).

За повеќе знаење RTFM.
http://manual.calibre-ebook.com ви е пријател!

А ако префрлам книги вака (преку меил - Калибре, или преку усб директно од компјутер на киндл), тогаш нема шанси да ми го заклучат киндлот?

Мене на киндлот ми стои акаунтот од Амазон + книгите мои Амазон точно знаат кои се, нели?

И од кај се избаци сега ова со заклучувањево мајкуму стара? Ме уплаши :(
 
Преку меил ако праќаш може, затоа што они ги скенираат сите документи што стасуваат кај нив за да видат дали треба да се конвертира документот. Преку usb со(или без) calibre не ти можат ништо.
 
Абе јас си праќам "пиратски" книги директно од мојот mail на kindle mail-от, ми ги препознава како документи во моби формат. Така веќе неколку месеци, мислам дека немаат право да ти го заклучат kindle-от, можеби би можеле само да тинги избришат книгите. Ова исто како да ти го заклучат компјутерот оти користиш пиратски програми.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom