Kindle

  • Креатор на темата Креатор на темата Srcee
  • Време на започнување Време на започнување
сакам да ве прашам сите вие што имате киндл, дали има некој проблем со прикажување кирилица?
Од тоа искуство со кирилични наслови што го имам, немаше никакви проблеми...

Друго, пробал некој да го џејлбрејкува киндлот? По интернетов има еден куп видеа од рутиран нук и интересно изгледа. Може да се користат андроид апликации.
Нукот изгледа интересно, но не сум читал ништо за него па не можам ни да зборувам.

Подршка за андроид апликации звучи интересно, но треба да си расчистиш нешто со себе: ако ти треба таблет РС купи си таблет РС. Ебук ридерите заради специфичноста на е-инк екраните се тесно-наменски уреди, стриктно за читање текст.

Не дека додатна функционалност во специфични (но ретки) прилики не е добра работа, но сепак не е фактор што треба да влијае многу.
Овие уредчиња се наменети за читање текст и тоа треба го прават одлично. Се друго е споредно.

П.С. џејлбрејк на киндл е едноставна работа и убаво е документирана. Сакав да го направам тоа пред некое време ама се откажав во корист на алтернативниот оперативен систем Диокан
 
Дали си пробал да отвориш ПДФ фајл со Дуокан? Можеш да ни кажеш нешто повеќе за тој ОС.
 
Дали си пробал да отвориш ПДФ фајл со Дуокан? Можеш да ни кажеш нешто повеќе за тој ОС.
За отварање отвара, останува проблемот со фактот дека 800х600 на 6 инчи се само... 800х600 на 6 инчи.
6 инчи се премала површина за читање на документи со фиксен голем формат на страници на било кој екран од оваа големина. Стандарден А4 ќе мора постојано да го зумираш и скролуваш а тоа на спор е-инк екран е далеку од удобно.

Решението е конверзија со алатки како Calibre, директно во форматот што го преферира ебук ридерот што ќе го одбереш.
Конверзијата иако работи добро сепак не е совршена.
Тестот се конвертира добро но графиките не толку добро. Да илустирам, стрип (или техничко упатство со големи илустрации на пр.) кој има оригинална величина А4, кога ќе го конвертираш за соодветиот формат (софтверот ќе ги намали графиките на 800х600) сепак си соочен со фактот дека слика од 6 инчи е премала површина за скалирана А4 графика. Има софтвери кои се обидуваат да го решат проблемот со делење на сликата на два дела од по 50%, ама тоа е далеку од добро решение.

За подетални информации еве ти линкови од wiki.mobileread.com каде се на кратко опишани Calibre и Duokan а има и дирекни линкови кон нивните страни (каде количеството на дата ќе те збуни ако само сакаш сватиш што прават и што нудат).
http://wiki.mobileread.com/wiki/Calibre
http://wiki.mobileread.com/wiki/Duokan_Kindle

Генерално www.mobileread.com е местото за подетални информации за мобилни уреди за читање како што се ебук ридерите. За се што може да се сетиш да прашаш, таму ќе најдеш одговор а форумите им се одлични, добро посетени од информирани луѓе и полни со информации и упатства за најразлични работи (како џеилбрејк на пример).
 
Факт е дека книгата не може да ја замени ништо.Меѓутоа и јас си имам Kindle (си го присвоив од брат ми:D) и обично читам книги кој не можам да ги најдам во Македонијава или пак премногу се скапи и ме фаќа инат не ми дава пари за и онака лоши преводи. И можам да кажам дека киндлов е супер, ни те замара во читањето ни ништо.
Amazon_Kindle_3.JPG
 
Kолку саати отприлика му требаат на kindle да се наполни со usb?
 
A добро, кога го полнам со usb и пишува дека ако сакам да читам да му направам eject од комп. Го правам тоа, ама се уште истото известување стои на екранот. Треба уште нешто да направам или?
 
A добро, кога го полнам со usb и пишува дека ако сакам да читам да му направам eject од комп. Го правам тоа, ама се уште истото известување стои на екранот. Треба уште нешто да направам или?

Оди My Computer и десен клик на Kindle -> Eject . Така ќе работи :)

Иначе на страната мислам дека пишуваше 5-6 сати, а не 3.
 
Еј да, јас од таскбарот доле го исклучував, ама добро е сега. Фала многу.:)
Прв пат го ставам сега да се полни, па ќе видам точно колку време ќе му треба, нема да го чепкам овој пат, прочитав дека побавно се полнел доколку се читало.
 
Подршка за андроид апликации звучи интересно, но треба да си расчистиш нешто со себе: ако ти треба таблет РС купи си таблет РС. Ебук ридерите заради специфичноста на е-инк екраните се тесно-наменски уреди, стриктно за читање текст.

Не дека додатна функционалност во специфични (но ретки) прилики не е добра работа, но сепак не е фактор што треба да влијае многу.
Овие уредчиња се наменети за читање текст и тоа треба го прават одлично. Се друго е споредно.
Па јас сигурно нема да го користам за гледање видео :)
Сакам да читам RSS, статии што сум ги зачувал на ReadItLater.... можда нешто википедија ако ме интересира.

Може ли овие работи да се прават на Kindle Touch со Duokan???

Еве едно видео со рутиран нук.
http://www.youtube.com/watch?v=im5tTNTT58A
 
Сето тоа го можеш и без докан. Киндлот има browser со него, можеш такви работи преку него да читаш. За mail, wiki, rss и сл текст страни нема да имаш проблем, само WiFi треба да имаш блиску до тебе.
 
Дап, за тоа нема да имаш проблеми со оригиналниот firmware.

Јас само сакав да ги расчистам заблудите дека ебук ридер со е-инк екран може активно да се користи како таблет РС. Во инцидентна ситуација со потреба може да заврши работа за такви „додатни„ функции, но се надвор од тоа е неудобно заради спороста на екранот и ограничувањето на хардверот.
 
Ај пак јас.:) Батеријата се наполни за околу 3 часа, после ми текна прочитав во приачникот за користење на киндлот. Него сакав да прашам друго нешто. Имам некои книги на српски во пдф, ама кога ги конвертирам во моби преку калибре не ми испаѓа како што треба, само сликите излегуваат и толку. Во што е проблемот? А не можам во пдф да ги читам, многу е ситен фонтот, ако се зголеми ми се изместува целата страна.
 
Можеби има некои подесувања во калибре, не знам -ретко имам таква потреба и не сум имал поголеми проблеми со македонска подршка и понешто на српски или хрватски.

Ако не се најде некој тука да одговори секогаш можеш да прашаш на форумот на www.mobileread.com
 
Добро како барате книги? Се утепав вчера барајќи ја од Џ К Роулинг Fantastic beasts во моби и никако да ја најдам. И не само таа. Не знам што е работава :S
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom