Kindle

  • Креатор на темата Креатор на темата Srcee
  • Време на започнување Време на започнување
Јас преку нашава пошта не нарачувам ништо освен некои електронички бесплатни семплови и слични ситници за кои знам дека нема да ги заинтересира или не ми е многу гајле дали ќе дојдат или нема. Интересен и убав геџет како 4та генерација Киндл ридер, толку предизвикувачки за лепливите прсти не би нарачал ни под разно преку мак. пошта.
Што е најлошо ќе го стопат пошто ќе им личи на таблет и кога ќе видат дека не е „како Ајпад„ ќе го продадат на некој за 500 денари. :)
Неам намера да се расправам и да идам по твој терк.

Не ми е јасно како само ти имаш примери за нестигнати пратки пратени преку пошта?
Мој познаници безмалку цела куќа ја преселија од Ј.Африка тука преку пошта и се си стигна регуларно.
Меѓу повредните работи ќе спомнам 4-5 лаптопи, десктоп, 3-4 монитори, целосна опрема за фото студио, секаков алат за работа итн итн.
 
Баш преку наша пошта им дојдоа работиве... по истава таа наша пошта што ти веруваш дека има и тракинг на пратките? :sneaky:
Веќе ти го кажав моето мислење, Ти или не си од Македонија или никогаш во живот не си нарачал ништо вредно преку нашата пошта... или водиш некој чуден инает. Во секој случај, твое право да веруваш во што сакаш, па нели се деклариравме како демократска земја... Само би те замолил мене лично да не ми досаѓаш.

Јас на сите добронамерно им советувам да не работат со пратки преку М. Пошти. Моите искуства ги пренесов... секој може да чита и нека си одлучи за себе. Кој сака нека повели во Пошта, ќе го дочекаат со насмевка... ;)

Многу без врска е на оваа тема да се дрви оволку за Македонски Пошти.

ОК е, Ти ја сакаш Пошта и Пошта те сака тебе... што се однесува до мене можете да си живеете среќно до крајот на животот.
 
Утре ќе нарачувам Kindle директно од Амазон. Некои последни зборови забелешки некој да не има ?

@Vanlok
Гледам дека ти имаш Kindle подолго време, ако можеш да постираш линкови за resources, книги, hack-ови и слично, да заштедам на гуглање.

Calibre веќе го симнав и ќе го подесам да можам право преку него преку wi-fi да префрлам книги на Kindle(кога ќе ми стаса). Вака ми личи како многу добра апликација за конвертирање и сортирање на книги.
 
Друже, порача ли, колку те чинеше. ова, она :)
Ја сеуште се мислам да порачувам али од eBay.
 
Друже, порача ли, колку те чинеше. ова, она :)
Ја сеуште се мислам да порачувам али од eBay.

Од амазон ми земаа околу 6150 - 6200. Пратено е преку DHL international priority shipment, веќе е испорачано, се очекува да стаса помеѓу 7 и 9 Февруари, што значи другата недела.
Има и тракниг број, што ми се свиѓа, ќе знам точно кога ќе стаса во Скопје, па ако не ми стаса мене дома ќе можам да се јавам кај нив да видам што е работата. Затоа што е преку DHL очекувам они да ми се јават за плаќање царина и данок.

За купување преку ebay го видов твојот линк што го постираше. Уште од самата цена ми е сумњиво, $60 долара за нов Kindle со реклами, којзнае. Друго е што ќе се замараш со Paypal и заебанции, гледано како ќе треба да дадеш плус 50 долара за поштарина, ќе ти испадне 110 долара. Тоа он што пишал дека може да го назначи како подарок и со поефтина цена, не ти значи многу, на царина имаат право да го отворат за да можат поточно да ја проценат вредноста.
Поарно додади уште 20 долара и нарачај го директно од Амазон, барем ќе имаш гаранција, и ќе знаеш дека е нов a не refurbished. 130 долара е вкупно од амазон Kindle + Intl. priority shipment.

Ќе пишам повеќе кога ќе ми стаса.
 
Не го гледав само тој , барав и од други корисници, обично цената со поштарина е околу 115 долари, а еве гледам ако порачаш од Amazon е 128 долари, па веројатно ќе зеам од таму. Е сега за царината, и јас мислам дека електронските уреди се со 0% царина, ама се плаќа 5% ДДВ. Е сега (пак мое мислење) има врска дали е 3G или само Wifi. Оти ако е 3G се плаќа како ДДВ за телефон, т.е. 18%. :) Се надеваме дека цариниците ќе постапат вака, ако не ќе фаќаме врски да не го плаќаме ни тоа :pos:
 
Овој нема 3G, и колку што видов на пакетот треба да е назначено како electronics.
Јас си спремив уште 2000 и нешто за секој случај. Ама реално би требало да е само 5% што е околу 3-400 денара.
 
Денeска си го земав од пошта, не ми побараа ни денар за данок и царина, нитy па за брза пошта од Скопје докај мене. Го нарачав на 2 фев, на 6 беше во Скопје, на 7 од скопје преку брза пошта е пратено за Св Николе, и денска на 8 фев си го земав ^ ^.
dhl.jpg
 
Прегледај го приврзокот 39733
И мојот пристигна денес на царина, го испратија на 6... е сеа ќе видиме дали мене ќе ми земат нешто плус :)
 
И мојот пристигна денес на царина, го испратија на 6... е сеа ќе видиме дали мене ќе ми земат нешто плус :)
Ако си од скопје може уште утре да го имаш у раце.:D
 
Мене денес ми се јавија од DHL да ми кажат да си најдам шпедитерска фирма затоа што праткаката ми била задржана на царинење... Aj тоа за царината не сум изненаден, ама па и шпедитерска фирма??? :pos:
 
Мене денес ми се јавија од DHL да ми кажат да си најдам шпедитерска фирма затоа што праткаката ми била задржана на царинење... Aj тоа за царината не сум изненаден, ама па и шпедитерска фирма??? :pos:

Woow кој рандом трол е нашава царина. Види јави се у царина негде да видиш што точно се случува. Педерскиот дел е што DHL би требало да биде посредник за се, и царина и данок. Претходно имам нарачувано преку UPS и FedEx, и двајцата ми се јавија со колку треба да уплатам царина или сл.
Види што побрзо да средиш работи оти знаат да почнат да лепат безвезе давачки плус, кога го нарачувава саатот ми рекоа да улпатам тие давачки што ми ги опнаа. и као имам 3 дена грејс период и полсе секој ден по 1000 и нешто ќе било лежарина, што стои кај нив, 10x10x10cm кутивче.
Јави се и кај DHL и прашај ги зошто они не се посредници за тоа кога убаво на страната пишува дека посредуваат за такви работи.

Он топик.
Уште ме нервира што нема microSD слот, за читање книги 1.3GB е повеќе од доста, ама за Манга и не е баш. Симнав една програма mangle, ги оптимизира страните според резолуција контраст итн да бидат најчитливи на Kindle. Од неа излегува еден Volume околу 17-20 MB, така да ќе собере околу 65-75 Volumes, што е многу добро. Му ставив и custom screensaver ^ ^, за сега ептен е погоден. Прочитав 10 volumes Наруто без да ми се заморат очите.
 
@naumdb
Што направи со царината, баш ме интересира по кој основ ти го задржале.
 
Па сега изгледа ти си имал среќа, знам дека сите пратки што се над 45 евра се царинат. Колку што знам пратката ми е кај шпедитерот, па веројатно ќе си ја подигнам утре.
 
Па сега изгледа ти си имал среќа, знам дека сите пратки што се над 45 евра се царинат. Колку што знам пратката ми е кај шпедитерот, па веројатно ќе си ја подигнам утре.
Колку ти побараа за царина и сл?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom