Киднапирања или мистериозни исчезнувања?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ајсшутер
  • Време на започнување Време на започнување
Ужасно-болна вистина, се згрозив кога ја слушнав информацијава. Страшни работи се случуваат, загреота за децата и нивните семејства, се надевам дека постои можност да се вратат живи и здрави дома и дека не се работи за најлошото- тоа што го спомна blaster1 претходно.
Господ да ги чува и брани
 
ПОЛИЦИЈАТА ГИ СЛЕДИ ТРАГИТЕ ЗА ПРОНАОЃАЊЕ НА ИСЧЕЗНАТАТА АНЃЕЛА ОД СЕЛО ДУЊЕ

По пет дена од исчезнувањето на шестгодишното девојче Анѓела село Дуње - Мариово, од полицијата информираат дека има траги и истите се следат, но не прецизираат за што точно станува збор. - Има траги, се следат до пронаѓање. Нема осомничени, изјави денеска Ѓоко Стрезовски, портпарол на СВР Битола. Полицијата се уште работи на теренот и во интерес на истрагата ништо друго не се соопштува.

Анѓела исчезна од селото Дуње во четвртокот по посетата на нејзини соседи.

Министерството за внатрешни работи информира дека девојчето дента кога исчезна било облечено во бела блузичка со карта на Република Македонија во црвена боја, на која што, според нејзините родители, имало натпис „шампиони“. Девојчето носело сини тренерки и розеви папучи. Високо е околу 115 сантиметри, со костенлива коса и кафени очи.

МВР соопштува дека во потрагата повторно е вклучена и Противпожараната заштита, која врши ново пребарување на сите бунари и јами во регионот. На потрагата и денеска се приклучи хелихоптерската единица која во неколку наврати во изминативе денови го надлетуваше теренот. Инспекторите од крим-полицијата продолжија со разговори со сите лица не само од селото Дуње, туку и од околните села во мариовскиот крај за обезбедување на каква било информација околу исчезнувањето на девојчето.

Заради мерки на претпазливост, потрагата од локално беше подигната на национално ниво и беа алармирани сите полициски станици и гранични премини. Доколку и денеска нема резултати, во согласност со родителите, ќе биде објавена и меѓународна потрага преку Интерпол.

Сител


Алал да и е на полицијата после 6 дена сфаќат дека потрагата не треба да се одвива во 100 метри радиус туку малку да биде проширена...Инаку ако девојчето е киднапирано досега може да биде во Австралија однесено, пред нели на нашата полиција да и текне да ги стегне граничните појаси (ако ги стегнала де)...
А и барањето на девојчето со две кучиња , три маалски полицајци, целото село ( бидејки очигледно само нив навистина ги допира ова) , по некој новинар (кога нема да има што да известува од собрание, а нели треба нешто да се каже), и секако хиликоптерот на Полицијата кој инаку повеќе служи во медиумски сврхи.....
Зошто сум револтиран....
Затоа што пред година дена отприлика се случи киднапирање во Германија, целата јавност беше крената на нозе , а во медиумите само за тоа се известуваше, за потрагата на полицијата и да не зборувам...

Ете затоа се револтирам затоа што за престојот на Иванов во Охрид беше мобилизирана цела полиција, а сега кога требат никаде ги нема...

Или ги има после 6 дена...
Кога веќе на никој не му требат...
 
Всушност, уште и не е крената меѓународна потрага. Значи доколку и денеска нема резултати, ако се согласат родителите, ќе биде објавена...
Факт е дека полицијата ни тоне. За тоа не сакам ни да дискутирам со некого. Доволно е што за 15.000 евра неколку банки се испљачкаа СРЕД БЕЛ ДЕН. Сторителите не беа пронајдени. Детево е киднапирано (ако е киднапирано, не се знае сеуште) сред бел ден. Во 13 часот и 30 минути се случило тоа.
И јас сум изреволтиран, премногу.
 
Всушност, уште и не е крената меѓународна потрага. Значи доколку и денеска нема резултати, ако се согласат родителите, ќе биде објавена...
Факт е дека полицијата ни тоне. За тоа не сакам ни да дискутирам со некого. Доволно е што за 15.000 евра неколку банки се испљачкаа СРЕД БЕЛ ДЕН. Сторителите не беа пронајдени. Детево е киднапирано (ако е киднапирано, не се знае сеуште) сред бел ден. Во 13 часот и 30 минути се случило тоа.
И јас сум изреволтиран, премногу.



Заради мерки на претпазливост, потрагата од локално беше подигната на национално ниво и беа алармирани сите полициски станици и гранични премини.

И сето тоа после 6 дена....
Биди паметен и не се револтирај...
Што ќе си помислиш ако ја прочиташ реченицата без да знаеш за што се работи???
Така лежерно „ и после шест дена прошетка околу атарот на селото, полицијата полека но сигурно потрагата ја проширува на национално ниво, па дури и се известени полициските станици и граничните премини„...

Ти се молам еј....

А тоа за банките не отварај стари рани...
Јас реков очигледно за подигање пари од банка потребна ти е картичка или пиштол, втората варијанта е многу посигурна а исплатаа се врши во кеш и без никаков ризик...
 
Прееска на едни вести (дали сител или канал5 не знам точно) кажаа дека има неколку исчезнати девојчиња и во соседна Србија овие денови. Не знам колку е точна информацијава или повторно нашиве новинари тресат зелени, али се надевам искрено дека е второто.
Ако се исчезнати девојчиња и во соседните држави тогаш станува збор за организирана група... трговија со луѓе или пак органи.
Одвратно е сето ова.
Страв да му е на човек да искочи од дома, а и лето е сите млади сакаат да шетаат не можат родителите да ги заклучат дома.
Се надевам дека ќе се пронајдат живи и здрави сите три.
 
Прееска на едни вести (дали сител или канал5 не знам точно) кажаа дека има неколку исчезнати девојчиња и во соседна Србија овие денови. Не знам колку е точна информацијава или повторно нашиве новинари тресат зелени, али се надевам искрено дека е второто.
Ако се исчезнати девојчиња и во соседните држави тогаш станува збор за организирана група... трговија со луѓе или пак органи.
Одвратно е сето ова.
Страв да му е на човек да искочи од дома, а и лето е сите млади сакаат да шетаат не можат родителите да ги заклучат дома.
Се надевам дека ќе се пронајдат живи и здрави сите три.


Еве ги нашле другите, затоа и не им се секирав толку многу...

ПРОНАЈДЕНИ ИСЧЕЗНАТОТО ДЕВОЈЧЕ ОД СКОПЈЕ, ДЕВОЈКАТА ОД ПЕШТАЛЕВО И СТАРЕЦОТ ОД КРАПА

Пронајдено е 15-годишното девојче од Скопје кое на 24 јули беше пријавено како исчезнато од страна на нејзиниот татко А.Ф. и се наоѓа со нејзините родители. Според првичните полициски сознанија Л.А.(1993) била кај нејзиното момче.



МВР во денешното соопштение потсетува дека таткото на 23 јули во 21 часот пријавил дека од плоштадот „Македонија“ во Скопје од непознати причини во непознат правец се оддалечила неговата ќерка Л.А.(1993).

Полицијата информира дека 20 годишната Санија Селимоска од селото Пешталево, која пред шест дена го напуштила домот, од вчера е со семејството. Според МВР таа му се јавила на семејството од Прилеп и побарала да ја земат и да ја вратат дома. Ова, наводно не било прв пат таа да го напушти домот, најверојатно поради нарушени односи со нејзиниот татко.

Пронајден е и 73 годишниот Благоја Божиноски од Крапа кај бензиска пумпа кај селото Дебреште. Старецот е со нарушено здравје

Сител


Проблем е со малото...
 
66% од моите претпоставки (пост број 14 на темава) за случкава веќе се остварија. Да почекаме и да видиме со Ангела што биднало...
 
Прегледај го приврзокот 12203

Девојчето изгледа вака,денес е распишана меѓународна потерница,кој има информација нека ја сподели на форумот,се работи за 6 годишно дете кое нема видено ништо во животот,Господ нека и на помош.

Ова не е прв случај во Македонија.Пред повеќе од 15 години се случија неколку киднапирања кои за жал завршија трагично,а некои деца не ни ги најдоа.Ако се сеќавате на филмот Трст виа Скопје беше инспириран баш од таа тематика.
Сакам да ги фатат крвниците,но несакам да лежат во затвор.Сакам јавно каменување до смрт,јас ќе бидам прва што ќе мава.Сакам детето да е живо и здраво,сакам да го најдат.Сакам сите вакви примери јавно да ги жигосаме,ова е најтешкото дело кое не смее да минува со судење,бидејќи ова е беспомошно дете кое неможе да им се спротистави.Сакам јавно да ја исплукам полицијата ако не ги затворила уште првиот ден граничните премини,денес е 6 ти ден.
И за крај внимавајте на своите најмили,никогаш не поминало со еден случај ако веќе има организација за ваков злостор.
Смрт за крвниците!!!
 
На вести кажаа и каква облека носело девојчево - бела маичка со натпис Macedonia, сини тренерки и розеви патики. Ако имате некоја информација, јавете се на 192 или пријавете во најблиската полициска станица.
 
Претресени се сите куќи, штали и околниот терен, но за жал нема резултати. А1 се обиде да направи реконструкција како можела да се изгуби Ангела на пат за дома.
Таа била на гости во една куќа, седела во дворот додека комшиите нижеле тутун. Посакала да си оди и излегла низ портата кога комшиите ја виделе последен пат.
„Овде седеше со столчето детенцето, сакаше да си оди, стана и си замина, не може за 15 минути детето да исчезне од селото“, изјави Менче Иваноска, сосетка која последен пат ја видела Ангела.
Откако ќе излезеш од портата патот веднаш се дели на три дела. Доколку Ангела тргнала по средниот пат, тој излегува на главната улица во селото кај чешмата, пат кој потоа води директно во нејзината куќа.
Доколку таа тргнала по левиот пат низ треви и грмушки, тоа патче од 30 метри покрај куќите повторно се приклучува на главната улица.
А, доколку тргнала во десно, патот оди покрај училиштето и води кон црквата, каде и се губат трагите.
Кучињата ја следат трагата на Ангела до црквата, потоа трагата мистериозно исчезнува, дали ангела дошла тука, зошто не се движела на кај дома, и зошто трагата исчезнува токму на ова место полицијата до сега нема откриено.
Кој пат го одбрала Ангела, каде заминала, дали трагите кај црквата се стари од пред исчезнувањето, дали од тука Ангела е качена во некое возило, полицијата засега нема одговор. Испитани се сите жители на Дуње и околните места.
„Немаше различни одговори од оние кои што се совпаѓаат едни со други, немаме индиција дека некој од жителите крие нешто“, вели Љупчо Тодоровски, директор за јавна безбедност.
Денеска по Ангела е распишана и меѓународна потерница. Над 2.500 нејзини фотографии ќе бидат поделени низ Македонија со податоците дека носела бела блуза со карта на Македонија во црвена боја, сини тренерки и розеви чевли.
 
па се мислам дека поради ОРГАНИ..!!а пошто во македонија таков зафат не се прави можно е девојчето да е во странство..да не дај боже..и кај нас во прилеп..денеска..точно пред мојата куќа се слуши уште еден ваков но неуспешен обид..пријавивме во полиција..:nesum:
 
Има кај Дејвид Ајк објаснување...во светот исчезнуваат стотици иљади деца секоја година...грозно и жално...тргување со органи,ритуали и педофилија...политичката и бизнис елита...
 
па се мислам дека поради ОРГАНИ..!!а пошто во македонија таков зафат не се прави можно е девојчето да е во странство..да не дај боже..и кај нас во прилеп..денеска..точно пред мојата куќа се слуши уште еден ваков но неуспешен обид..пријавивме во полиција..:nesum:

Што се случи?
 
па еден со комбе..застана..и тука иаме продавница..и ги викаше овие маливе..2 девојчиња беа..дојдете ке ви купам сладолед,точак..ке се возиме ова она..и тие избегаја да ги нема..и продавачката пријави во полиција..и сеа ги бараат..:nesum:дали имаат оние душа и срце бе.. ц ц
 
па еден со комбе..застана..и тука иаме продавница..и ги викаше овие маливе..2 девојчиња беа..дојдете ке ви купам сладолед,точак..ке се возиме ова она..и тие избегаја да ги нема..и продавачката пријави во полиција..и сеа ги бараат..:nesum:дали имаат оние душа и срце бе.. ц ц
Зарем немаше народ наоколу? Се плашат или што е работа? Дур да дојде полиција ќе му ја киднат...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom