Киднапирања или мистериозни исчезнувања?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ајсшутер
  • Време на започнување Време на започнување
...(макар што ова ми е тешко вероватно зошто таму скоро и не живеат луѓе, на стотици километри по 1 семејство,...

На стотици километри по едно семејство? Стотици?

Знаеш од Скопје до Гевгелија колку има?
 
Секој си има право на свое мислење.Некои мислат дека родителите се вмешани во тоа,некои не го подржуваат тоа.
Мене ме чуди тоа како можела Ангела на толку мистериозен начин да исчезне во толкаво мало селце како што го опишуваат каде што секој се познава со секој.
Сите теории се можни,а вистината права никој не ја знае.Мојата теорија е дека некој од селото вмешал прсти со оваа случка.Некој што добро го познавало тоа семејство.Ја ќиднапирал а што и правел/е не се знае.
Овде може да нагаѓаме но вистината дали ке се дознае е за тоа сум малку песимист.
Министерката зборувала не се работи за киднапирање,некои мислат дека родителите се вмешани во тоа.Некои спомнуваат дека волци ја раскинале.Трети некој од селото.Како ли ке се открие ова?останува да видеме.
 
На стотици километри по едно семејство? Стотици?

Знаеш од Скопје до Гевгелија колку има?

Математика му е слаба страна ама за се друго му нема мана :smir:

Туку да се вратиме на темава и јас сметам дека во ова и родителите имаат замешано прсти и многу ми е чудно што полицијата не успеа да го пронајде девојчето иако имаа доста голема потрага :toe:
 
Според мене:
-Некој го има киднапирано детето за вадење на органи...(Родителите нејзини рекоа дека тој ден дошле некои Албанци од Косово(ако не се лажам)и барале да купат млеко или сирење(можда тука лежи "зајакот"),па сеа вие размислете)
-Родителите имаат умешано прсти во ова.Не велам дека 100% е точно ова,никој не му посакува лошо нешто на своето дете,но има секакви болесници,нели?
-Детето се има изгубено и има изодено 6 км(0,00001%)и кој знае после дали го раскинале волци,молци....ма да ова и помалку смешно ми е...but who knows...

У секој случај навистина греота за девојчето,не му посакувам на никој ова да му се случи...
 
Сите размислувања и теории околу судбината на девојчето сега се речиси бесмислени. Останува само врз основа на некакви докази, ако можат да се најдат такви по толку време, да се одреди нечија вина.
Како што беше спомнато во некои претходни постови на темава, мистериозните изчезнувања во Македонија се мошне зачестени. Главно се работи за постари сенилни лица кои се изгубиле кога излегле некаде (каде? зошто не излегуваа излапени старци и пред едно 15 години, туку ги чуваа дома?) и кои речиси секогаш се откриваат во поодмината фаза на распаѓање, никако живи.
А за детенцето некој мора да преземе одговорност, ако не за убиство, барем за негрижа. Оти како што знам малите деца треба да се однесат од едно место до друго, а не да се оставаат на половина пат во некои вукојебини.
 
А за детенцето некој мора да преземе одговорност, ако не за убиство, барем за негрижа. Оти како што знам малите деца треба да се однесат од едно место до друго, а не да се оставаат на половина пат во некои вукојебини.

Јас колку што имам слушнато дека таа била со братучетката и и дека ја испратила до дворот а од тогаш и се губи секаква трага.
 
Јас колку што имам слушнато дека таа била со братучетката и и дека ја испратила до дворот а од тогаш и се губи секаква трага.

И јас го имам слушнато тоа, но селскиот двор, во зависност од типот на селото (збиен, разбиен) може да биде доста поголем од нашата вообичаена претстава за двор. Да не го тупам - поентата ми беше дека братучетката била должна да го однесе детето до неговиот дом т.е. кај неговите родители. Во случајов, таа (најверојатно) го видела последна и поради тоа е една од најсомнителните учесници во трагедијата.
 
Не сакам ни да помислам на какви се трауми било изложено кутрото девојченце и на начинот на кој починало.
Не ми се верува родителите да имаат некаква врска со ова. Па добро бе луѓе викате ментални биле па какви би биле вие да ви се случи тоа што им се случи нив? (не дај Боже)
Не донесувајте заклучоци пред време.
Инаку по мое чисто се сомневам дека ќе го пронајдат виновникот. :toe:
 
^Женска секакви родители има денеска.Да не ти зборувам што имам читано за некои родители како го злоупотребувале своето дете.Ајде можеби не се тие криви но кој би можел да биде?ете може некој од селото или некој од друг град/село...

^^Што би можела братучетката да и стори и да биде сомнителна?Сепак уште останува мистеријата...како исчезнала,кој има удел во тоа,и поради што?
 
^Женска секакви родители има денеска.Да не ти зборувам што имам читано за некои родители како го злоупотребувале своето дете.Ајде можеби не се тие криви но кој би можел да биде?ете може некој од селото или некој од друг град/село...

^^Што би можела братучетката да и стори и да биде сомнителна?Сепак уште останува мистеријата...како исчезнала,кој има удел во тоа,и поради што?
Не ја исклучив можноста дека можеби и тие се виновни никој не знае и не е фер да ги носиме на душа зарем не? Зарем ќе осудуваш некого без никакви факти и докази? Не ги осудувајте луѓето и не си ставајте грев на душата затоа што никој не знае што би можело да му се случи на кутрото девојче. Не велам дека нема секакви родители, има факт е тоа, но неможеш без докази да напаѓаш некој, уште помалку родител на кого незнаеш што се му се нема свртено низ главата.
 
^Никој не ги спомна како главни виновници но сепак се е чудно:toe:
 
Исчезна дете од скопското село Средно Коњаре

9B3193C551CAB64FA71FB556220DD882.jpg


Момче на возраст од 7,5 години од скопското село Средно Коњаре исчезнало вчера попладне откако се вратило дома од училиште, информира Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од МВР, момчето Митат Ибраими последен пат било видено кога се вратило дома од училиште околу 16,30 ја оставило чантата, а потоа му се губи секаква трага.

“Во тоа време неговите родители не биле дома, туку работеле на нивите во близина на реката Пчиња. Откако се вратиле и ја забележале само чантата, заедно со други жители на селото организирале потрага, но не успеале да го најдат детето“, велат од МВР.

Полицијата веќе разговарала со поголем дел од селаните, но се уште нема никаква информација за момчето. Организирана е потрага со чамци и нуркачи во водите на реката Пчиња.

Според описот на родителите, момчето е просечно развиено за неговата возраст, слабо по конституција, со кафеави очи и смеѓа коса. Последен пат носело сини фармерки и зелена горна тренерка.

Министерството за внатрешни работи апелира сите граѓани кои сметаат дека имаат каква било информација поврзана со исчезнувањето на детето или пак го забележале некаде, да се јават на телефонскиот број 192 или да пријават во најблиската полициска станица.

извор
 
за жал неам видено никој од луѓево и страв ме фаќа да искочам на улица. Пред некое време почнаа и возрасни луѓге да исчезнуваат и тоа по 40-50 години у сред бел ден. А тоа сигурно се случува пошо за К** не ни ја бива полицијава и киднапериве си знаат со кој си имаат работа. Едноставно им се може. Боже поможи!
 
Во куманово има многу киндапувања, барем 10 до сега.
Навистина е страшно, кој знае каде се сега.

Се вртат муабети дека киднаперите се најчесто странци, кои ги чекаат децата од училиште. Потоа го пратат детето накај дома, и го вовлечуваат во комбето.
Машките деца ги водат надвор од државата каде што им ги вадат внатрешните органи и ги продаваат ,додека женските деца ги водат во проституцијата.

Во кумановските општини Коњаре и уште една, не ми текнува името, луѓето забележале едно црно комбе со странски таблички, мислам дека беа белгиски, како чекаат нешто. Народот еднаш ги и пречекал и ги претепаа луѓето што се во комбето.
Навистина станува страшно што се случува на улиците, да те страв да го пуштиш детето надвор.

Кој знае како им е сега на родителите. Едни родители немаа 8 години дете, но со помош на вештачко оплодување некако успеале да добијат. Сега тоа дете е киндапирано. Кој знае каква му е сега судбината.
Што мислите како им е сега на родителите?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom