Толку дупки има у статијава...
Ајде од почеток.
Не, Груевски не ве покани на средба зошто окупиравте факултети. Груевски ве покани на средба уште пред да стане збор воопшто за окупација. Ве покани на средба зошто преку маршовите ние студентите ве промовиравме вас. Така да не си влагајте во филм дека со окупацијата сте направиле нешто револуционерно и дека окупацијата е тоа што ве донесе во Влада, зошто не е тоа причината туку причината сме ние студентите.
Втора работа, се борите против власт со тоа што ја блокирате формалната настава ?
Демек од таа формална настава произлезе предлогот за државен испит па затоа сеа нејзе ќе ја блокираме ?
Стварно не ја глеам логичката поврзаност меѓу борбата против државен испит/власт и блокирање на формална настава...
Идеме на делот кај што се претставуваат како спасители пратени од небото да не избават нас обичните смртници од гревовите и маките.
Пази ќе ги надоместеле професорите предавањата. Убаво тоа, ама не сфаќаат дека не се проблем предавањата туку што правиме со колоквиуми и со испити ?
Еве веќе 2 недели има окупација, а не сме удостоени со одговор околу тоа
што со колоквиуми и испити.
Башка што ќе се поремети се, ќе треба да се поместуваат сесии и ќе биде тешко враќањето во нормала. И се ќе биде ова со поместувањето ирелевантно ако они спремиле план што предлагаат да се направи со колоквиумите и испитите, ама како што кажав за овие 2 недели не сме удостоени со одговор.
Нуделе бесплатна храна.


За work & travel нека биде објаснувањето шо го дадов погоре, си бираш или ќе бидеш УМС или предавник...
Идеме даље.
Медиумите треба да известуваат, затоа не знам што е револуционерно во известувањето на Ал Џезира. Тоа што нашиве „медиуми“ не известуваат, не значи дека известувањето на Ал Џезира е нешто што вие револуционерно сте го постигнале.
Ајде да ги прашаме Ману Чао, Дубиоза, Милчо за што всушност се окупира и колку они се информирани, па ќе праиме после муабет.
Поддршка како поддршка не е лошо, ама не ми го вадете тоа како некој аргумент кој треба да ви го спаси гзот.
И на крај статијата завршува со убав заканувачки тон :
веќе ве предупредивме дека со нас нема играчки
Или у превод ако не играте по наши правила ќе ви ебеме матер.
Едина работа за која се согласувам со пленумот е тоа што го пишале за студентските домови, зошто е вистина, ама се друго у статијава им е тешко срање.