Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Еве ви ги основните човекови права, да не се карате кој не ги знае:

Непризнавањето на раса или етничка група
Ако жените не бидат третирани како еднакви со мажите
Ако религиозни групи не бидат третирани како еднакви со други
Осудувањето на смрт
Ако човекот е продаден или третиран како слуга
Гаснењето на водата при неплаќање на одредена сметка
Непостоење на бесплатно школување
Казнувањето на личност без правилно судење
Немањето право на глас или политичко претставување

Carry on.
 
Ех сега мижи Митре тулуби врнат.

Нема што да ви е интерес да паѓа таа или онаа влада, треба да ви е укинување на екстерно, поголеми студентски права, нови студентски домови, истребување на корупцијата и непотизмот од образованието, стипендии, литература и лаборатории итн.

Од другото како од ѓавол да се бега.
Во идеални услови да.
Ама станува збор за гарнитура што откако на нив единствените барања им беа укинување на екстерно ги нарекуваше комуњари и соросоиди, ги заокружуваше и лично им се закануваше, за на крај да притвори дел од нив (не зборам за делот кој ги напаѓала).
Станува збор за гарнитура која едно од најголемите студентски тела одбиваше да признае дека постои и тврдеше дека СПУКМ е порелевантна организација.
На диктатура не се врти образ.
 
Е сега уште поубаво направивте со мајк чекот вчера...[DOUBLEPOST=1431976009][/DOUBLEPOST]
Станува збор за гарнитура која едно од најголемите студентски тела одбиваше да признае дека постои и тврдеше дека СПУКМ е порелевантна организација.
На диктатура не се врти образ.

Точно, сега ќе бидете нелегитимни оти едни СПУКИМ (да и го спукам) помудро играт.
 
Е сега уште поубаво направивте со мајк чекот вчера...
Јас пак ќе кажам. Самата опозиција не зема поени нит се пука у гради дека ние сме нивно членство.
Тоа го прават само провладини портали и телевизии.
А што ќе каже Латас, нит на маалсково куче не му е повеќе важно.
Они не делат на СДСМ и на ВМРО, а вие им дозволувате. Разликата од вчера до денес (во однос на протестите) е што вчера не се вееа туѓи знамиња, а денес тоа е се што гледаме.

Што се однесува до СПУКМ, нивниот мандат истече. Они се невалидна студентска организација, и беа уште од почетокот на студентските протести. Диктатурата, како и да е, наговести дека нивниот мандат, магично, без никаква правна основа, се продолжува во тек на протестите .А тоа е како кога играш лист - камен - ножички некој ќе ти каже „вода“ или „Господ“ и те тепал што и да си напраил.
Епа таквите, ќотек јадеа.
 
Се добива впечаток дека пленумецов шо чита, е некој студент на драмски театар и дома во соба ја има оваа фотографија
маструбира на неа и се надева дека ќе се афирмира ко овие на сликата, ќе ќари со неговата "харизма" некое доброплатено работно место како што лапнаа дечкиве на сликата додека другиве тепани и притворани студенти го јадеа стапот во тоа време.
Студент на драмски е тој што го држеше говорот. :D
 
Јас пак ќе кажам. Самата опозиција не зема поени нит се пука у гради дека ние сме нивно членство.
Тоа го прават само провладини портали и телевизии.
А што ќе каже Латас, нит на маалсково куче не му е повеќе важно.
Они не делат на СДСМ и на ВМРО, а вие им дозволувате. Разликата од вчера до денес (во однос на протестите) е што вчера не се вееа туѓи знамиња, а денес тоа е се што гледаме.

Опозицијзата не зимала поени?
Добро можеби во некоја идеална ситуација (како што велиш) или во вакум простор.

Ако читаш меѓу редови ќе знаеш дека ова е обид за придобивка на неопределените од страна на опозицијата (како мене и тебе, предпоставувам и на многу останати кои им е преку адебајорот од сите) и мерење на адебајорите (види и денес некаков си протест, поддршка ли wtf а апла е митинг). Иако е бурно - сепак е затишје пред бура - де факто започната (неофицијална, затоа затишје) предизборна кампања (очекувај во скоро време предвремени избори).

Секој си има своја улога, и да интереси ама лични.

Лично јас делам на овци т.е. 99.7% од нашата популација и луѓе кои се будни во буквална смисла и знаат дека партиите се акционерско друштво а ми нисмо акционери. Мислам дека со овој потег и ја олеснивте работата на тие што делат во интерес на нивното АД.[DOUBLEPOST=1431977021][/DOUBLEPOST]
Што се однесува до СПУКМ, нивниот мандат истече. Они се невалидна студентска организација, и беа уште од почетокот на студентските протести. Диктатурата, како и да е, наговести дека нивниот мандат, магично, без никаква правна основа, се продолжува во тек на протестите .А тоа е како кога играш лист - камен - ножички некој ќе ти каже „вода“ или „Господ“ и те тепал што и да си напраил.
Епа таквите, ќотек јадеа.

Стар метод кои требаше да сте свесни за него, што да ви кажам друго.
 
Ако им се поклопуваа интересите со опизицијата ок, нека се поддржуваат меѓу себе, можам да го разберам тоа.
Ама зошто бе излеговте од работната група за новиот закон?
Зошто барате оставка од владата?
Неможе да го спремате новиот закон и да протестирате во исто време?
 
Ако им се поклопуваа интересите со опизицијата ок, нека се поддржуваат меѓу себе, можам да го разберам тоа.

Сеуште никој не ми одговорил како интересите на опозицијата (оригинал акционерско друштво по структурата) може да има исти интереси со СП (реални и сериозни проблеми во образованието) ?
 
Неможе да го спремате новиот закон и да протестирате во исто време?
Да, бидејќи спроти нив стојат идиоти, па ќе им дозволат до 14 да се договараат за новиот закон, а после да излезат и да протестираат против нив. :D
 
Она што е најважно е - дали конечно е дека нема да има екстерно тестирање у втора и четврта?
Како што е тргнат пленумот, мислам дека нема да добиеме одговор по ова прашање...
Но битно Дексо, Мериглем коњоштипон и остала банда Ленкаши, комунисти и "секташи", најавија формирање политичка партија, а со тоа и место на политичкава сцена.
Не знам како размислува поголемиот дел од пленумот и се надевам дека има искрени и фини дечки кои стварно веруваат во него, ама на овој болдираниов да му дадеш микрофон и можност да те претставува како пленум (зборуваше и на емисии во Телма), е малку гадно.
За споредба, еве цитат од неговите мислења на форум кога беше активен во темите за меѓуетнички судири.
Мјау мјау мјау... Мјау мјау... мјау... Па тоа е, вие немате мадиња некој има. Вие ќе јајте лајна по форуми некој ќе брца ножеви. Ќе ви кисни, и ќе ќутите и ќе јајте тука шитој и гомна.
 
Последно уредено:
Како што е тргнат пленумот, мислам дека нема да добиеме одговор по ова прашање...

Не знам како размислува поголемиот дел од пленумот и се надевам дека има искрени и фини дечки кои стварно веруваат во него, ама на овој болдираниов да му дадеш микрофон и можност да те претставува како пленум (зборуваше и на емисии во Телма), е малку гадно.
За споредба, еве цитат од неговите мислења на форум кога беше активен во темите за меѓуетнички судири.
Магелан не е студент. Артан Садику исто. И уште неколку од главните организатори на протестите исто така не се студенти (да не ги редам по имиња сите, нема смисла). Сите до еден од главните организатори се членови на невладини организации (или политички здруженија) слични на Ленка. Според мене, уште од самиот старт имаа поширока политичка агенда овие од координативната група (сите од координатвината група се блиски и нема никој случаен таму). Државниот испит беше само повод. Затоа ако забележа, како добиваа поддршка така и ја заоструваа реториката на протестите (пример, протестот со Џака, наместо револт кон државниот испит други пароли се извикуваа...).

Се е во ред тоа што се политички ангажирани. И за мене власта е диктаторска, ама требаа да кажат кои се и да ги кажат намерите нивни. Вака се испадна подмукло и гадно. Затоа се надевам, дека овие апсените ќе јадат саглам ќотек од џандарите, ако ништо друго.
 
Како што е тргнат пленумот, мислам дека нема да добиеме одговор по ова прашање....
Па тоа е најбитно. У ствари само тоа е битно. Дали ќе има екстерно или не?
 
Па тоа е најбитно. У ствари само тоа е битно. Дали ќе има екстерно или не?
Она што е официјално и донесено во Собрание е дека примената се одложи за една година. Наместо таа 15/16, на крај од 16/17.

Само нешто: нема ништо лошо во тоа доколку цели на интересна група (С.Пленум) се совпаднат со цели на политичка партија. Барем така би требало, тоа е демократијата.
 
Апсолутно !!!

Живееме во слободен свет во кој е дозволен сплет на интереси помеѓу 2 или повеќе страни кои се согласуваат за едни работи, но истовремено не се согласуваат за други работи.

Но земајќи го во предвид стандардниот третман на актуелната влада на Република Македонија кон сите кои не се согласуваат со нејзините политики и одлуки - етикетирајќи ги како опозиционери, соросоиди и не знам уште како кои - Студентскиот Пленум треба да се држи настрана од политичките организации, а истовремено членовите на Студентскиот Пленум можат како индивидуални граѓани - а не како членови на Студентскиот Пленум - да излезат со отворена и јавна поддршка за било која политичка организација.

Како студенти нека се држат настрана од политичките организации, а како индивидуални граѓани слободно нека поддржуваат кого сакаат и нека плукаат по кого сакаат, тоа е нивно право.
 
Целите на СП не само што се совпаѓаат со целите на извесна политичка партија, туку и целата организација веќе функционира како партиски огранок.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom