Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
На пленумот е, објавија и на фб:


Иронично, ако не и смешно, е како на почетокот сите кои не се согласуваа со нив по дефолт ги обележуваа како УМС и полтрони, а сега они се бетер од тоа што го пљукаа, класичен history repeats itself пример, right there. Бар мило ми е што уште додека траеше и бојкотот и све тоа решив да немам допирна точка со здружениево, од тогаш се гледаше дека тотално скренаа. А пази, уште се вреѓаат ако им речеш дека се опозиција, каква дволичност ебате, срамота.
Не е ни чуднo брaт...кoгa ќе видиш декa мoментaлнo aктуелниве фaци штo се нa челo и гo вoдaт се директнo или индиректнo и вo мнoгу други НВO и други видoви здруженијa сo јaснa пoлитичкa нaклoнетoст сигурнo и неизбежнo е влијaниетo нa тие НВO вo СП (не декa не беше претхoднo). Јaснo ми е зoштo пaметните кaкo Кoнстaнтин и другите oкoлу негo штo беa пoекдпoнирaни гo нaпуштијa СП пoрaнo.
 
Сам себе се убијал.
Дали уопште знае некој што се случи со тие работни групи и до каде се стигна со законот? 3 месеци поминаа, јас ништо немам прочитано. Друго, ова е озбилна одлука и требаше да има соопштение кога ќе се одржува пленумот на кој ќе се одлучи ова.
Па и за Куманово почна да збори, па добро пиз*а ли му материна кај што имаме ретардирани медиуми пробуваат да добијат политички поени од тоа што се случи, и тоа уште дента додека се водеше права војна на терен без грам почит, сега и овие се најдоа да зборат бљувотини. Излагаат да им дадат почит на жртвите, едните даваат бљувотина од изјава од краен политички караткер, другите организирани од ГДОМ, speaks for itself.

Ајт.
 
Сам себе се убијал.
Дали уопште знае некој што се случи со тие работни групи и до каде се стигна со законот? 3 месеци поминаа, јас ништо немам прочитано. Друго, ова е озбилна одлука и требаше да има соопштение кога ќе се одржува пленумот на кој ќе се одлучи ова.
Па и за Куманово почна да збори, па добро пиз*а ли му материна кај што имаме ретардирани медиуми пробуваат да добијат политички поени од тоа што се случи, и тоа уште дента додека се водеше права војна на терен без грам почит, сега и овие се најдоа да зборат бљувотини. Излагаат да им дадат почит на жртвите, едните даваат бљувотина од изјава од краен политички караткер, другите организирани од ГДОМ, speaks for itself.

Ајт.
Пленумот одамна си е тесно затворен помеѓу избрани членови, очигледно е тоа веќе. Можеби има некои формални собири, ама далеку од тоа дека сите подеднакво дискутираат. Веројатно важи принципот „сите се еднакви, али ние (одредена група) сме први меѓу еднаквите“.
 
Дај бе, аман. Абе сумливи ми беа овие уште ко видов дека пола од нив се од овие шо ги викам јас, несфатени или секташи :D

Се почна работата, барем до крај да се одеше, ова сега е баш она - сам себе го убијал. И за кој курац сега, без никаков проблем ќе си го изгласаат и ето, најебали смо.
Влезе и тука политиката, шо беше то јасно и ете, и владава јако не изигра.
КАТАСТРОФА !

А шо е уствари то ГДОМ, какви групации бе?
 
Значи едно од главните барања беше да се донесе скроз нов закон во кој и тие ќе учествуваат и сега “пу, пу“ не важи. И што сега? Законот ќе си се донесе секако, тој секако ќе биде напишан, а тие имаа можност директно да влијаат врз пишување на истиот. Сите тука им дадовме целосна поддршка за протестите и сите бевме за да се направат нови, темелни и здрави реформи. И што сега? Каков глуп потег. Мижи Асан да ти баам работава... од движење на студентите се претворија во сваштарија.
Гледам уште не ви е јасно. Кој закон, жити сè? Падна владата (делумно) и нема што повеќе да се замараат за глупи закони и факинг реформи во образование. :D

Се изборија за "целта", стигнаа до крајот и пред да се донесе законот онаков каков што го бараа - не е легитимна владата, напуштаме преговори. Хехе, seems legit.

Секој кој проба да искаже свој став и на некој начин да се спротистави на некоја нивна одлука, веднаш беше стигматизиран и етикетиран како УМС. @Bojan Van Buuren може да сподели искуство. Од хардкор пленумец, преку ноќ стана хардкор УМС. :icon_lol:

Но битно Дексо, Мериглем коњоштипон и остала банда Ленкаши, комунисти и "секташи", најавија формирање политичка партија, а со тоа и место на политичкава сцена. Останатите искрени поддржувачи на пленумот поштено си попушија еден убав, дебел, црн... сладолед.
 
Дефинитивно не им требаше ова, крајно разочаран сум од нив... Јас од се срце ги поддржував кога излегоа на протести, се разбира меѓу нив имаше и партиски членови, ама повеќето од нив (едно 85% во најмала рака слободно речено) беа млади лица кои сакаа искрено да го подобрат образованието во државава, што и до некаде успеаа во тоа. Успеаа еден Грујо кој е тежок инат да попушти во нивните барања, и да им угоди. И што сега...? Ги пратев долго време, и очигледно беше дека почнуваа да завземаат страна, но кога го прочитав соопштението што го објавива деновиве, одма направив унлајк на нивната страна. Џабе отидени се во неповрат, а беа пример за тоа како треба да изгледа една младина која не зависи од нитуедна партија во една држава. На многумина граѓани им беа задоволство да ги гледаат како се борат за своите права, ама тоа е...

Ќе повторам, јас најискрено и од се срце го поддржував пленумов, првите два протести беа еден вид на револуција во државава, на улица излегоа над 20.000 студенти од сите градови. Иако донекаде знаев кои млади лица стојат позади племунот (знаев дека се блиски до плавиве), сепак им давав поддршка, дека не беа само тие во прашање, туку една цела младина во државава која излезе на улица да протестира... и навистина ми е жал што тие свесни и независни студенти кои не беа ни од една партија ги оцрнија со последниве јавни изјави што ги дадоа во јавноста.

Нема да ме чуди и средношколскиов пленум истово да го стори.... нажалост (n)
 
По толку вложување во се и по толкава блискост до целта, се откажаа. Ова ти доаѓа како да се предадоа самите себеси.

:confused:
 
Ќе ги видите „пленумциве“ за некој месец/година на функции во СДСМ. Одамна видени работи се овие. А најмногу ми боде очи кога даваат изјави од името на сите студенти. Па кој ти дал право за тоа? Тоа се ставови на одредена група која има свои интереси и тоа е.
 
Не знам што сте изненадени кога во програмата од Сорос на нашки-сељачки т.е ФООМ стои- за да го зајакне граѓанскиот одговор на назадувачките демократски практики, концептот на ФООМ за зајакнување и мобилизација на граѓаните: ќе ги зголеми капацитетите на 300 поединци, неформални групи и граѓански организации преку спроведување обуки за стекнување вештини (слободен пристап до информации од јавен карактер; интернет и УЛИЧЕН АКТИВИЗАМ; стратегии за односи со јавност и детектирање пропаганда)

Па така никнаа преку ноќ еден Мариглен Демири, Пичкири, Габоровци, Јорданчо, па и некои типци од Ленка така и то. Од старт јасно беше дека ќе се оди на тоа.

Силата на студентите беше најголема на протестите кога немаа водичи и поединци што се туфкаат истакнуваат и тепаат да држат говор, па кога истите од кур фактор преминаа во некур, па по социјална мрежи се ставија во улога на креатори од име на студентите, си легнаа работите на брашното.
 
Но битно Дексо, Мериглем коњоштипон и остала банда Ленкаши, комунисти и "секташи", најавија формирање политичка партија, а со тоа и место на политичкава сцена.
Има линк за ова?
 
Има линк за ова?
Не би нашол на интернет али колку што знам планот е Ленка од политичко движење да премине во политичка партија (процедурата е 1000 потписи и упис во централен регистар).
 
Има линк за ова?
Oфицијално, со соопштение на нивните сајтови, сеуште нема, но многу пати е најавено од страна нивните членови формирање на автентична радикално левичарска партија.

Мислам дека пред некое време излезе еден документ, барање за упис во централен регистар, или така нешто, но не сум баш сигурен. Како и да е, за следните избори речиси сигурно е дека ќе преминат во политичка партија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom