Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Во фудбал кога не ти оди и кога не можеш да ги смениш играчите ја менуваш формацијата.Човече ние вчера игравме со 3 црвени.Ужас се разочарав.А овие куртониве што ќењаат у темава дека требало испит нека сфатат дека се поголеми дебили од тие што го носат законов.Ало бре човече немаш услови за работа во ниту едно средно училиште . Еј пази сум завршиш во факинг Корчагин што го прават најелитно средно училиште и имам направено 2 проекти во текот на целото моето средно образование.Од Македонијава не имаа изнесено 2 пати во Банско за 4300 за дводневна екскурзија и таа у 3та кај што сите средни плаќаа 12300 ние 18600.Обожавав биологија немам поима бубрег како изглеа што се вика.Да не праиме муабет за хемија и физика кај што експериментот си го учиш од книга.Истото ми е и сега на факултет.И тие ќе праеле државен испит за знаењето,па уште тука некој ќе ги поддржувал.Абе нема услови за школување во државава прво.Второ проблемот во образованието во Македонија лежи уште во основното.Овие идиотиве да можат ќе ги пратат децата со 4 години , а јас кога имав 6 и 3 месеца таа се мислеше дали можам у школо да тргнам.А еве сеа за 13 години од тогаш дури и со 5 им е касно.Невидена работа уште по Оксфорд ќе учеле.Се додека децата ги тераат да учат шаблонски и да учат текст нема да има квалитетен кадар со државава.Креативноста и логиката треба да се развива кај секое мало дете за тоа после да израсне во човек а не во разочарана особа која само го бара патот да си оди од тука.Жалосно е колку фамилии се крстат во високото образование на своите деца ,а уште пожалосно е што тоа нема благе везе.Да знаев и да го имав паметот од сега парите ќе си ги фрлев на курс и сега веќе ќе бев вработен.
 
Шуклев немал труд :lolzz:

леле овие ај што не бираат аргументи веќе туку не ни ги проверуваат, како кога играш кол оф дјути и во сред пуч зимаш кое оружје најдеш :lolzz:
 
ШупеЉки, ќе си останат ШупеЉки.... :pos::pos:
 
Грујо го знае менталитетот на народот,едноставно тој е многу свесен дека народот најмногу што може да направи е само да вика по улиците и толку,например не се толку храбри како во Грција и Турција, па и ради тоа во МКД секакви закони се донесува, а Владата и понатаму ќе биде победник од секаков аспект, така да и овој закон за високо образование ќе помине и тоа со без никакви проблеми.
 
Навистина не ми е јасно зошто се брзат да го донесат овој закон ?

Државниот испит ќе биде изгласан на ден по Божиќ

sednica14Komisija-685x320.jpg

На собранискиот сајт е објавено дека пратениците ќе гласаат за измените во Законот за високо образование на 8 јануари догодина, после Божиќ.

Иако беше најавено дека за овие законски измени ќе се причекаат сите предлози кои ќе произлезат од јавните и стручните расправи, сепак е нејасно зошто толку на власта и се брза да се донесе овој закон.
http://www.plusinfo.mk/vest/9797/drzavniot-ispit-kje-bide-izglasan-na-den-po-bozikj
 
Затоа што огромна е веројатноста дека речиси сите граѓани ќе бидат или во кревет или мамурни од претходниот ден.

А кој ќе протестира тогаш ?

Овие пвеводбенициве навистина си го бараат стапот со сила, ама навистина сериозно си го бараат.

Шверцување на споменици преку ноќ и усвојување, или подобро кажано - шверцување на закони и законски измени веднаш после голем национален празник, ако не е одличен пример за нетранспарентност, тогаш не знам што е.

Останува на студентите и на професорите да се организираат и заедно со своите семејства да го дочекаат Божиќ пред Парламент и пред влада, за да не ги остават политичарите да дишат.

Со бадниковите огнови и бадниковите гранчиња пред Парламент и пред влада, можат да испратат и доста појасна порака за тоа што следува доколку оваа влада и овој парламентарен состав не се освестат пред барањата на граѓаните.
 
Последно уредено:
Навистина не ми е јасно зошто се брзат да го донесат овој закон ?

Државниот испит ќе биде изгласан на ден по Божиќ

sednica14Komisija-685x320.jpg

На собранискиот сајт е објавено дека пратениците ќе гласаат за измените во Законот за високо образование на 8 јануари догодина, после Божиќ.

Иако беше најавено дека за овие законски измени ќе се причекаат сите предлози кои ќе произлезат од јавните и стручните расправи, сепак е нејасно зошто толку на власта и се брза да се донесе овој закон.
http://www.plusinfo.mk/vest/9797/drzavniot-ispit-kje-bide-izglasan-na-den-po-bozikj
Кому не му е јасно? Брзаат зошто им гори под нозе. Брзаат да го донесат законот додека е сеуште ладно, траат празниците, додека не се створат услови за масовни протести. Да не се спуштаме на нивото на премиерот, ние не мора да глумиме збунетост!
 
Им гори, точно. Готови се, се уплашија од тие 200 луѓе вчера, плус и од хуморот кој го завршил нивното владеење. :pos:
 
Им гори, точно. Готови се, се уплашија од тие 200 луѓе вчера, плус и од хуморот кој го завршил нивното владеење. :pos:
Сега и не сум баш убедена дека им е сеедно. Грујче има видлива нервоза кога се обраќа на тв, како скината и баталена тинејџерка ми заликува.

А и верглањево околу професорите не му носи баш поени, особено дел од јавно обележаниве се луѓе кои учествувале во пишување на Устав и даночен систем на земјата. На национална тв да ги деградираш, пред очите на стотици бивши и сегашни студенти тоа треба да си многу храбар и себе си да се сметаш недопирлив. Е токму тогаш режимот губи.

Јасно е дека ги чека тешка година. Маро котелот!
 
Им гори, точно. Готови се, се уплашија од тие 200 луѓе вчера, плус и од хуморот кој го завршил нивното владеење. :pos:
Тоа не се 200 обични луѓе, тоа беа професорите на факултетите кои се обединија и се заканија со бојкот.
 
Aха, нервоза како не, тој си има 420-430 000 гласачи пресметани однапред кои гледаат само сител и читаат курир и репер за мислење им е ,,колумната'' на лидерот на умс. Треба некоја тешка глупост, неверојатна глупост да напраи за да падне на некои наредни избори во наредните 7-8 години. Реално.

Многу забегуваат професорите со ваквите изјави, ко демек сите се со докторат или магистратура, па ја гледаат реално ситуацијата. И наместо да искористат ситуација, ко професори да поттикнуваат критичка мисла кај студентите, голем дел иако не се поврзани со партија, не се замараат нешто многу, туку и буквално денгубат, предај лекција, исчитај од слајдови да помине денот.
Секоја чест на исклучоци, ама реалноста е друга.
 
Сега и не сум баш убедена дека им е сеедно. Грујче има видлива нервоза кога се обраќа на тв, како скината и баталена тинејџерка ми заликува.

А и верглањево околу професорите не му носи баш поени, особено дел од јавно обележаниве се луѓе кои учествувале во пишување на Устав и даночен систем на земјата. На национална тв да ги деградираш, пред очите на стотици бивши и сегашни студенти тоа треба да си многу храбар и себе си да се сметаш недопирлив. Е токму тогаш режимот губи.

Јасно е дека ги чека тешка година. Маро котелот!
Студентските протести беа со студентски барања до вториот протест. И тогаш имаа позитивна динамика. На третиот веќе сменија насока и од тогаш се мртви. Вчера само се докажа тоа.

Груевски си прави некои комбинаторики поврзани со случувањата во Грција сега, па и нови избори напролет му се во комбинација. Доколку сака протестиве да станат небитни, треба само да не ги коментира. Ама ги коментира, за да ја има таа група од 200-300 луѓе постојано на улица, и да ја искористи како причина за распишување на избори, доколку му притреба.

Имињата на професорите кои ги споменаа не се случајно избрани. Си има интерни анкети за таа работа, и тие луѓе што ги споменаа воопшто не се популарни. Баш напротив. Ова ќе бидат едни од најлесните противници со кои Груевски се соочил. За жал. Очекував повеќе од универзитетски професори.
Тоа не се 200 обични луѓе, тоа беа професорите на факултетите кои се обединија и се заканија со бојкот.
Бојкот се сече со избори. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom