Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Зошто сеа глеав прилог на Шител за тоа дека Давитковски, Фрчковски, Узунов... немале трудови и не биле во кабинетите, убаво ќе било да сврателе у спат и кај Каракамишева и кај Додовска (ваљда така се презиваше) па да видиме они колку трудови имаат напишано. Не ги бранам Давитковски, Фрчковски, Узунов и таквите како него, ама ако ете да речеме они не чинат дај да ги видиме и другите. Да бидеме за сите мајка, а не демек овие не чинат ама другите не ги спомнуваме.

И уште една работа, курир ја спомнува Силјановска дека не била добра. Ајде да речеме и дека е така како што зборат (а не е), тогаш зошто ја викаат на јавната дебата за уставните амандмани ?
Ако промена на устав е најголема работа во општеството зошто се бараат мислења од такви „неквалитетни“ професори ?
Нека ги викнат квалитетните тогаш...
И друга работа, викаат Давитковски бил лош. Ајде и тоа да речеме дека им е точно (ама не е), зошто тогаш го ставија претседател на комисијата за 24 декември ?
Сите знаеме дека нели тоа беше голем проблем, а уште поголема работа беше разрешувањето на проблемите кои настанаа тој ден. Зошто тогаш се остава на некој „неквалитетен“ професор да разрешува волку битно прашање ?
Смешно, стварно смешно...
Стигнаа и првите најави за тужба.
sitel.com.mk/najglasnite-profesori-bez-nitu-eden-nauchen-trud-so-impakt-faktor-0
Во коментар синот на Малчески.

http://a1on.mk/wordpress/archives/430252
 
Кога се очекува да биде изгласан законов? Мислам, јасно е дека ќе гледаат да го изгласаат најбрзо што може, но колку е тоа најбрзо?

Интересен, краток, и конкретен текст... вреди да се прочита..

http://r.ping.mk/tb/5qpg

Нема некои невистини во текстот. Проблем може да биде тоа што, тие, такви какви што се (во некоја поширока смисла, исток-запад, западни вредности и сл.) се напишани од личности,кои иако универзитески професори, и не се баш најповикани да ги напишат.[DOUBLEPOST=1419884281][/DOUBLEPOST]
Стигнаа и првите најави за тужба.
sitel.com.mk/najglasnite-profesori-bez-nitu-eden-nauchen-trud-so-impakt-faktor-0
Во коментар синот на Малчески.

http://a1on.mk/wordpress/archives/430252

Па добро, што е таа фама со импактот? Јасно е дека во некои сфери од науката, претежно за природните науки, постои извесен простор за пројавување (ако има средства), но еден значаен дел поврзан со културата, историјата, етнологијата (веројатно тука се вбројуваат и др. области, како правото, можеби и економијата?) и сл. ниту е атрактивен за редакциите на ваквиот тип списанија, ниту би го објавиле, независно од не/квалитетот. Не ги интересира толку, како што нас не би не интересирало за митските компоненти во поезијата на некој просечен андалузиски поет од почетокот на минатиот век).
 
Последно уредено:
Остај то во моментов ми текна дека Латас е професор на факултет, незнам дали да прашам кои научни трудови ги има објавено или да земам да си ги избршам постовите од темава.
 
Остај то во моментов ми текна дека Латас е професор на факултет, незнам дали да прашам кои научни трудови ги има објавено или да земам да си ги избршам постовите од темава.

Ама затоа Бојо Андрески растура.
 
Латас има научни трудови од меѓународен карактер.
Првиот труд носи наслов ''Lepljive prste u socijalistickoj ekonomii'' објавен во далечната 1978 во Скопје, каталошки број 287 при универзитетска библиотека Идризово.
Корица:
e529a8dc22bd84a37f6f8ae6b8ce40d3_XL.jpg

Увод:
dpl1.jpg

dpl2.jpg

Магистратурата и докторатот му се за примена на Гебелсовите методи во современиот грујовизам. Не знам кај му се објавени :toe:
 
Да им ебам се курирско-сармовска багра, до вчера не знаеа дипломска како изгледа, сега откако ја научија фразата „импакт фактор“ од пастирот, од уста не ја вадат, а ниту он ниту тие гарант појма немаат ни шо значи ни какви се тие списанија каде се објавуваат трудови.

Не ни очекувам од нив да го прокоментираат изнесениот факт колку се одделува во други земји за наука и образование а колку тука.
 
Само да го демантирам Курир со директен скриншот од Web of Science. А за другите што ме имате цитирано ќе пробам да најдам времe да ви одговорам. :)

Јас нема да го заокружувам со црвено кругче. :D
qQ5dfMN.png
 
Па добро, што е таа фама со импактот? Јасно е дека во некои сфери од науката, претежно за природните науки, постои извесен простор за пројавување (ако има средства), но еден значаен дел поврзан со културата, историјата, етнологијата (веројатно тука се вбројуваат и др. области, како правото, можеби и економијата?) и сл. ниту е атрактивен за редакциите на ваквиот тип списанија, ниту би го објавиле, независно од не/квалитетот. Не ги интересира толку, како што нас не би не интересирало за митските компоненти во поезијата на некој просечен андалузиски поет од почетокот на минатиот век).

Научиле две три фрази минатата недела како „импакт фактор“ и „Web of Science“, па сега се прават мангупи. Преку ноќ важна стана само Web of Science, база кон која МОН никогаш не обезбедил пристап. Мене живо ме интересира како Курир проверува кој е индексиран во WoS кога во Македонија едноставно не постои институција која е претплатена на ова :)
 
Мене не ми е јасно како овие од Курир не се гнасат од себеси после сите лаења и гнасни инсинуации. Грам чест и достоинство да се немало...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom