Каролина Гочева

  • Креатор на темата Креатор на темата Word$haker
  • Време на започнување Време на започнување
Каролина со проектот “Македонско девојче”, на големи концерти во античките театри во Битола и Охрид - ова лето!
Почитувани,
Со огромно задоволство сакаме да Ве информираме, дека после распродадените 6 концерти во Македонската Опера и Балет во Скопје, Каролина со проектот “Македонско девојче” ова лето ќе одржи концерти во античките театри во Битола и Охрид.
...
Во античкиот театар Хераклеа во Битола, Каролина ќе одржи два концерти - на 24ти и 26ти Јули, а настапот во античкиот театар во Охрид ќе биде на 25ти Јули.
Влезниците за трите концерти, во продажба ќе бидат пуштени од понеделник 7ми април, преку продажната мрежа на „Купи Карти За Се“ како и online на www.kupikartizase.com по следните цени и категории:
Битола – ТРИБИНА 300,оо денари;
Охрид – ТРИБИНА-sedenje 400,оо денари/ ПАРТЕР 300,оо денари;
Наскоро очекуваjте објава за уште неколку концерти кои ќе се одржат ова лето како промоција на проектот „Македонско девојче“.
Авалон Продукција

:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:

Oхрид и Битола, кај вас сум летово!
 
Дека е ептен лето, пик на сезона иначе се сомневам дека ќе го наполни антички во Охрид:unsure:
 
Може и во античкиот театар Стоби да организираат некој концерт, само што тој е малку далеку и ќе треба да се организира плус превоз.
Струмица, Велес, Тетово, Куманово, Гевгелија.. ајде и таму нека нека направат.
 
Дека е ептен лето, пик на сезона иначе се сомневам дека ќе го наполни антички во Охрид:unsure:
А кој прави концерти во Охрид вон сезона? Она направи шест концерти еден по друг во Скопје, а не па во Охрид во лето. Растура со новиот албум, просто кажано
 
А кој прави концерти во Охрид вон сезона? Она направи шест концерти еден по друг во Скопје, а не па во Охрид во лето. Растура со новиот албум, просто кажано

Со самото тоа што нема храброст да направи концерт вон сезона, мислам дека кажува колку она се осеќа сигурна, дека ќе го наполни Антички.

Просто кажано, уште попросто, јас никаде не реков дека не растура со новиот албум.
Со ова ти што го кажа, ја стави на исто ниво со Слаткар, ЏејЏеј, Димитар Андонов и слични на ним.

П.С. Колку луѓе присуствуваа на сите 6 концерти заедно?
 
Во Охрид освен Антички нема место за ваков концерт, има во театарот кој собира веројатно 100-200 луѓе, друго место нема, ете ти одговор.
 
На сите 6 концерти заедно сигурно присуствуваа околу 5000 луѓе.
 
Последно уредено:
Лани во Битола собра 3500 во Хераклеа но со карта од 200 денари, два концерти во Битола по 300 денари е тешко остварливо, единствено ако има многу странци тогаш во Битола. А за 6те концерти во Скопје огромен успех, од милионски град да собериш 5000 луѓе.
 
Да, огромна метропола. Милионски град со недоволен затворен простор за правење концерти од ваков тип. Жими мајка сега што го изградија новиот театар, па таму евентуално да се адаптира за концерт. А и таму дали собира 700-800 луѓе. Во февруари месец никој не пее по стадиони, или во Борис Трајковски, кадешто и впрочем акустиката не е идеална за тие песни.
 
Искрено очекував многу повеќе од неа во Скопје бидејќи лани бев на концертот во Битола и беше прекрасно но собра исто публика во Скопје колку и во Битола, иако се работи за 10 пати поголем град. За да одржи два концерти во Битола според мене е тешко остварливо, едноставно нема толку народ во Битола, изгледа на крајот ќе има многу гратиси од Пелистерка.
 
Според мене целта на концертите од албумите Македонско Девојче 1 и 2 е да се доживее музиката во една интимна атмосфера во незатрупан простор за седење. Е сега реално гледано акустична сала со капацитет од над 5-6 илјади седишта кај нас не постои. Во Лондон да, во Скопје не. Плус тоа овој тип на музика е малку посериозен, и публиката е повозрасна.
За наш простор шест последователни концерти (за не поп музика) не се за потценување. Ако оддржеше 10 концерти во Скопје за толку краток период ќе здосадеше. Во иднина сигурно се прават уште планови за овој проект, ама на мал простор практично си ограничен.
 
Никој не оспорува дека музиката од овие албуми подобро се доловува со помала публика. Смешно е што се форсира тоа „направи 6 концерти“, „продаде 6 концерти“ а најобичен бенд (не авторски, него тезгарски) викендашки собира пола од тие луѓе во скопска дискотека.

Муабетот ми е дека според мене сама се руга, со тоа што се готиви дека направила 6 такви концерти.

Да не ме сфатите погрешно, мислам дека песните од двете цедиња и се перфекција.
 
Ако 20 години не ја сфативте нејзината скромност, нема потреба од реплицирање повеќе. Точно дека се за пофалба тие концерти што ги направи, но не сфаќате дека Каролина само пее, оној што донесува одлуки дали и колку концерти ќе има се Авалон продукција.
Конкретно за мене, Авалон работат перфектно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom