Каролина Гочева

  • Креатор на темата Креатор на темата Word$haker
  • Време на започнување Време на започнување
Официјално песните од Youtube каналот:

1. Кој да ми запее
http://www.youtube.com/watch?v=3TAmSytb_ns
2. Чалгиска
http://www.youtube.com/watch?v=5GKF6ebxesM
3. Вези вези
http://www.youtube.com/watch?v=42WWR4rmfFI
4. Сакам да не те сакам
http://www.youtube.com/watch?v=ocTClU2z9nM
5. Смеј ми се смеј
http://www.youtube.com/watch?v=W3qnlulH1Tk
6. Две лири
http://www.youtube.com/watch?v=aZrgLaf_7E4
7. Ќе пијам љубов до крај
http://www.youtube.com/watch?v=diNYJ-pEQNE
8. Сон
http://www.youtube.com/watch?v=J96RRT8-iu8
9. Те видов и се заљубив
http://www.youtube.com/watch?v=QTQWsVvudIA
10. Ако згрешам нека изгорам
http://www.youtube.com/watch?v=bl9tO60clMM
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ~2A
Пред еден саат ја слушнав на радио Сон ,снимка од концертов,звучи исто како студиска снимка .Колку само добро звучи,а текстот и генерално сите текстови се нешто најубаво напишани зборови во последниве 10 години кај нас,текстописецов е како кардиохирург,толку прецизен,толку точен,а толку едноставен.
 
Текстовите се одлични, навистина, особено текстот на Сон е сон.
Дали има некаква информација што се планира по две години, поп албум или Македонско девојче 3?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ~2A
Чалгиска и Две лири деновиве неможам да прекинам да ги слушам. Одлични песни!
 
Само за информација повторно се отстранети песните од youtube,само официјалните синглов ги има.Инаку мислам дека сите коишто сме сакале веќе сме го купиле албумов,а вака со тоа бришање на песниве некако глупо изгледа ко ќе отвори на нечии фејсбук профил песнава и упс приватно видео те дочекува.Глупо малку ама ајде што е тука е.И незнам дали е од Авалон или пак некој се зеза па хакира.
 
Чалгиска и Две лири деновиве неможам да прекинам да ги слушам. Одлични песни!

Мислам дека ниедна друга од албумот нема да го достигне успехот на Чалгиска и Две лири, иако за мене Кој да ми запее е најдобрата песна.
 
Само за информација повторно се отстранети песните од youtube,само официјалните синглов ги има.Инаку мислам дека сите коишто сме сакале веќе сме го купиле албумов,а вака со тоа бришање на песниве некако глупо изгледа ко ќе отвори на нечии фејсбук профил песнава и упс приватно видео те дочекува.Глупо малку ама ајде што е тука е.И незнам дали е од Авалон или пак некој се зеза па хакира.
YouTube профилот го работи фанот на Каролина битолчанецот Александар кој го направи и тоа филмското видео за Две лири, и може се немаат убаво разбрано со Авалон. Треба малку посериозен пристап за поставување на видеава. Кога Каролина има било каков настап на ТВ дали кај нас, Србија или Хрватска, они секогаш чекаат некој друг да го постави видеото и они после го симнуваат од тој профил, и го ставаат од официјалниот профил, што е малку аматеризам за мене. Нека си прашаат во телевизијата да им го дадат настапот, а не да се чека од друг.
 
Цената на албумот дали ја знае некој ? :vozbud:
 
Мислам дека ниедна друга од албумот нема да го достигне успехот на Чалгиска и Две лири, иако за мене Кој да ми запее е најдобрата песна.
Колку што гледам меѓу луѓево и по радијава, Вези Вези и Кој да ми запее веќе почнуваат се повеќе да добиваат популарност. :)
 
Според мене вакви проекти треба да се наградуваат. Проекти со исклучителна музичка и културна важност, наместо да се фрлат 20 илјади евра за победник на Скопски фестивал избран врз основа на 200 СМС пораки, со песна која денес никој не ја ни памти. За разлика од тоа овој Албум на Каролина исто како и Македонско Девојче 1 е бесмртен и ќе биде слушан и препејуван исто како што денес се препева Васка Илиева, Никола Бадев и другите легенди на нашата музика.
Да заклучам, согласен сум да се помагаат нашите пејачи, затоа што сме мал пазар. Но тоа треба да биде врз база на некој вредности и критериуми.
 
Па според новиот закон за субвенционирање на пејачите, мислам дека Каролина и Калиопи се први на списокот со најмногу издадени албуми и најголем придонес за македонската музика со што ќе добијат најмногу пари за музиката. Само не знам дали тоа остана само на зборови или веќе си функционира.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ~2A
Па според новиот закон за субвенционирање на пејачите, мислам дека Каролина и Калиопи се први на списокот со најмногу издадени албуми и најголем придонес за македонската музика со што ќе добијат најмногу пари за музиката. Само не знам дали тоа остана само на зборови или веќе си функционира.
Каролина си има спонзори кои ја подржуваат нејзината музика,така да не е проблем во парите и не верувам дека ќе бара пари од некои глупи субвенции,зашто албумов веќе и излезе,а во наредниве 2 години не планира нов албум,а и премногу политичка конотација имаат тие субвенции за да се глупираат со нив.Исто е и со Калиопи,а и што ќе и помагаат на Калиопи кога нејзиниот последен албум беше на хрватски јазик.Државата(ако воопшто ние може да речеме дека имаме држава) треба да им ги реши авторските и изведувачките права,како и фактот на медиумска дискриминација на македонската музика. А ова со субвенција е толку мизерно да не е трагично би било многу смешно.
 
Зошто да е мизерно? Пејачите се распределени во категории според тоа кој колку постигнал досега и врз основа на тоа ќе добие пари. Но мислам дека ова не е стапено на сила и веројатно ќе остане само на празни муабети. Со вакви субвенции, нема да чекаме две ипол до три години за нов албум, веројатно би било и побрзо. И мислам дека ова е многу подобро отколку да се наградуваат победници на Макфест и Скопски чии песни се срам за македонската музика.

А за медиумската дискриминација, владата го реши проблемот со закон со кој задолжително треба да се пушта македонска музика, но телевизиите уште толку ги зафркнаа и сега пуштаат музика во 7 наутро кога никој не гледа телевизија.
 
Па добар албум не може секогаш да се случи,тој не паѓа од небо,дај пари и еве ти албум. За да се сними добар албум,најпрвин треба да се направат илити да се родат добри и квалитетни песни,они не паѓаат како крушки секоја есен.Бидејќки Каролина не пишува самата песни,мора да трага по песни(а тоа денес е всушност најтешкото),тешко денес да најдеш добра песна. Па откако ќе се најдат тие песни,истиве треба добро да и легнат на пејачот,само на тој начин може добро да се изнесат.Знаете велат па добар пеач брзо ќе ја сними песнатакао не е проблем,баш тоа е најголем проблем што се сака се набрзина да се направи.Еден пејач вистински ќе испее песна кога ќе му легне и на гласот и во емоција,што е случај со последниов албум на Каролина,кој не е снимен преку ноќ,туку две години се работело на истиов,така да песниве и се итекако легнати на Каролина затоа звучат така како што звучат.После овој албум Каролина не може да снима било што колку да се има нешто или треба да биде врвно или воопшто да не ни снима.
 
image1.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ~2A

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom