Каролина Гочева

  • Креатор на темата Креатор на темата Word$haker
  • Време на започнување Време на започнување
:pos::pos::pos:

Не ми пречеа мене децата, сепак со родители си биле. Ми беше најмногу драго што немаше тинејџери кои пиштат и вриштат на концерти, всушност и јасно зошто немаше, немаше место да ги држи на ваков концерт.

За стајлинзите, мене па на првиот ми е најубава, а најслаба на петиот, ако веќе може да се каже слаба. Прашање на вкус е



karolina.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ~2A
Кои македонски ѕвезди јавно ја поддржаа Каролина?

Не само фановите, туку и колегите јасно и гласно ја прогласија за СОВРШЕНА. Каролина Гочева со својот последен проект – концертната промоција на „Македонско девојче 2“ уште толку го зацврсти своето место во срцата на сите што ја сметаа за дива.

За еден од најквалитетните вокали на македонската сцена кој може да се пофали и со стас и глас не можеме да најдеме поубав опис од оној кој веќе го даде Весна Петрушевска за петтиот концерт на Каролина:

Петтиот концерт на Каролина , бескрајна емотивна приказна , исклучителен бенд на сцена … јас поемотивен концерт последниве години не сум доживеала, таква чистина и светлина одамна не сум видела на сцена … Ангел полн со љубов ,спокој и добрина …

Покрај неа поддршка на македонската дива на социјалните мрежи и дадоа и Калиопи, водителот Петар Ѓошев, Марија Петровска од Бекстејџ, Мелита Раќичевиќ, Боки 13, Сретен Костиќ, а сигурно и многу други.

1911725_10203300163443623_141178133_n.jpg
1932302_10152268457949402_711582929_n.jpg
Screenshot_198.png
Screenshot_253-650x453.png
Screenshot_324.png
Screenshot_420.png
Screenshot_516.png
 
Боки 13 е најјак, сите пејачи и пејачки ги мрази, само Каролина ја сака :pos:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ~2A
Не бев на концертот, одев порано и Каролина често имаше треба, посебно на почетокот. Од коментариве гледам дека изгледа се ослободила од тремата?
Јас бев на првиот концерт и мислам дека на самиот почеток забележав сосема минимална (позитивна) трема. Али после првата песнa се опушти.
 
По неколку дена слушање, една по една ги засакувам сите песни. Сеуште не ми се при срце Вези вези и особено Ке пијам љубов до крај. Оваа втората ме потсетува на некои нејзини песни од албумите Капка под небото или Знаеш колку вредам, и ми е најслаба карика засега.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ~2A
Крај за музичкиот маратон, албумот останува да живее!

Во вторникот беше одржан шесттиот концерт на македонскиот супер бренд Каролина Гочева, кој беше последен во низата на концертната промоција на новиот албум „Македонско девојче 2“. За завршната вечер, Каролина на многу емотивен начин се прости со своите фанови - со бис кој го направи специјално во фоајето на МОБ каде заедно со својата публика ги испеаа „Чалгиска“ и „Две лири“, а потоа уште час и половина, потпишуваше автограми и се фотографираше со своите фанови. Завршија волшебните мигови кои ни ги приреди Каролина, но она што останува да живее се неверојатно квалитетните песни кои обележуваат нов белег во македонската музичка историја. Албумот е веќе во слободна продажба во музичките продавници, а за неговата вредност и неоспорен квалитет, допрва ќе се зборува.

1-izgled.jpg


На дел од концертите беа и голем дел од македонските јавни личности, кои јавно изразија големо задоволство и чест што биле дел од магичните концерти. Меѓу нив беа Боки 13, Калиопи, Весна Петрушевска, Мелита, Александар Тарабунов, екипите на „Бекстејџ“, „Таблоид“ и „Стисни плеј“, Сретен Костиќ, Сергеј Варошлија, Петар Ѓошев и многу други. Да се биде на еден од овие шест концерти беше задоволство и неизмерно уживање и за секој посетител. Професионалноста се забележуваше уште од фоајето на МОБ каде во најголема елеганција и учтивост, беа пречекувани посетителите и упатувани на своите места. А таму бевме сведоци на емотивна бајка која ни ја приредија Каролина и првокласните музичари кои ја пратеја на сцена. Увертирата се случуваше со „Кој да ми запее“, песна која многумина сметаат дека ќе стане антологиска и култна како една „Зајди зајди“. По неа, следуваа сите песни од новиот албум, па неколку од првото Македонско девојче и неколку стари македонски песни.

2-izgled.jpg


Беспрекорен глас, емоција која ја бранува душата, убав и силен звук, чистота и топлина на песните, тоа е Македонско девојче 2. Како што вели самата Каролина - новото македонско девојче не е во носија. Новото македонско девојче е силна и самоуверена жена како неа, со песни кои ги поврзуваат традиционалните наши ноти со модерниот звук на ова време. Каролина и нејзиниот тим покажаа и докажаа зошто се единствени и професионални за на крајот на оваа волшебна приказна да го заслужат најгламурозниот аплауз што може да се даде.​
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ~2A
Ова песна посебно ми се допаѓа зошто ја потенцира мелодичноста на македонскиот јазик.

 
Нели немало да ги ставаат песните? Денес сите ги испоставиле на јутјуб
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ~2A
Нели немало да ги ставаат песните? Денес сите ги испоставиле на јутјуб
Ги има само на нејзиниот официјален канал на youtube,на останативе не,зашто youtube им наплатува авториски права на авторите и изведувачите,колку прегледи имаш толку пари ќе добиеш,но ова прегледиве се смета од еден компјутер еден преглед(може некој и 1000пати да ја врти песнава но само еднаш се смета).
За сите што не биле на еден од концертите ќе го има на мрт наскоро.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom