- Член од
- 13 април 2008
- Мислења
- 3.998
- Поени од реакции
- 1.086
Вечерва првиот од петте концерти на Каролина во МОБ
Серијата од пет концерти на Каролина Гочева почнува вечерва во 21 часот во Македонската опера и балет. Познатата пејачка на публиката ќе и ги претстави песните од албумот „Македонско девојче 2“
Каролина ќе настапи со музичарите со кои ги сними песните, што за неа ги напиша Никола Мицевски. Тимот, е подготвен за вечерашниот концерт, а како што велат и на пробите било весело и распеано. Публиката веќе ги знае „Чалгиска“ и „Две лири“ од новиот албум, но ќе ги слушне и: „Кој да ми запее“, „Вези, вези“, „Сакам да не те сакам“, „Смеј ми се смеј“, „Ќе пијам љубов до крај“, „Сон“, „Те видов и се заљубив“, обработката на „Ако згрешам нека изгорам“, но и некои нумери од албумот „Македонско девојче 1“.
Организаторите, „Авалон“ продукција велат дека три до петте закажани концерти се распродадени.
Со секој купен билет посетителите ќе го добијат и новиот албум, „Македонско девојче 2“, кој ќе се може да се купи низ цела Македонија на 25 февруари.